Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран - Канал 5

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран

Студенти од Меѓународен балкански универзитет презентираа иновативен проект за надминување на прекинот на пешачката врска меѓу Стар Дојран и Нов Дојран, при посета на Општина Дојран.

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран

Станува збор за визионерско решение кое предвидува изградба на пловечка пешачка и велосипедска патека, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците без контакт со сообраќајот на регионалниот пат. Проектот беше презентиран пред градоначалникот, општинските претставници и потенцијални инвеститори.

- Станува збор за визионерска пловечка пешачка и велосипедска патека, дизајнирана како потенцијално ново обележје што може да го трансформира урбаното искуство во Дојран, се наведува во објавата на Меѓународниот балкански универзитет.

Еден од менторите на тимот студенти, професорот д-р Александар Андовски, за МИА објаснува дека проектот се однесува на решавање на клучниот урбан проблем во Дојран – прекинот на пешачката врска помеѓу Стар и Нов Дојран, односно делот каде патеката завршува „слепо“ кај последните станбени објекти кои излегуваат на самиот регионален пат.

- Во рамки на идејниот пристап беа разработени два концепта: пловечка структура на вода, која флексибилно се прилагодува на нивото на езерото и фиксна (статична) конструкција, поставена во плиткиот појас. Двете варијанти овозможуваат и поширока просторна врска, меѓу црквата „Св. Георгиј” во Нов Дојран и новиот комплекс на хотелски апартмани во изградба, со што се заокружува крајбрежниот потег како функционална и атрактивна целина. Овој сегмент моментално претставува недостасувачка алка во континуираното движење покрај езерото, а основната идеја за воспоставување на пешачка патека долж крајбрежјето произлегува од мои претходни истражувања и предлози за уредување на овој потег, кои беа презентирани и пред локалната самоуправа, вели Андоновски.

Предвидената интервенција на делот од патеката што недостасува, а треба во целост да го заокружи поврзувањето на стариот и новиот дел од Дојран е со должина од околу 250 метри, и како што објаснува професорот, би можела да се изведе од прифатливи материјали за околината.

- Материјализацијата е предвидена со еколошки и локално прифатливи материјали (дрво, лесни метални конструкции), со дизајн кој го почитува природниот контекст. Целта не е само да се зачува постојниот контакт со езерото, туку и да се создаде нов препознатлив просторен белег, кој ќе го надгради идентитетот на Дојран. Идејата беше позитивно примена на ниво на концепт, а на презентацијата присуствуваа и локални инвеститори, кои покажаа интерес за понатамошно разгледување на можностите за реализација. Покрај интересот од потенцијалните инвеститори, постои и изразен интерес од страна на општината за понатамошна разработка и можна реализација на проектот, вели Андоновски.

Пред два месеци и градоначалникот на Општина Дојран, Илија Тентов, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека се обновува соработката со Меѓународниот балкански универзитет со презентација на предлог - идеен проект за решение на пешачка патека на делот кој го поврзува Нов и Стар Дојран, каде што нема можност од тротоари.

- Со овој капитален проект ќе се реши долгогодишниот проблем особено во делот на безбедното движење на нашите сограѓани, но и на туристите и ќе се овозможи целосно безбедна пешачка и велосипедска патека. Идејниот проект ќе биде презентиран за сите заинтересирани граѓани за да придонесат со свои забелешки, а по разгледувањето, ќе се пристапи кон подготовка на основен проект и реализација на истиот, наведене е во објавата.

Откако пред десеттина години се изгради патека од новиот до стариот дел на Дојран, туристите и жителите може да се движат безбедно долж езерото на потегот од плажата „Калдрма” до граничниот премин со соседна Грција, а делот од влезот во Нов Дојран кон „Калдрма” се уште останува отсечен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач, откако полскиот истражувач Бартломеј Питала се спушти на длабочина од 338 метри, заедно со македонските нуркачи. 

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач

Пештерата Врело на Матка испиша светска историја.Полскиот нуркач Бартломиеј Питала достигна длабочина од 338 метри, поставувајќи нов светски рекорд. Успехот е резултат на заедничката експедиција на нуркачи од Македонија,Полска и Италија.

Девет часа под вода за историски подвиг. Полскиот нуркач рекордот го постигнал на 16 октомври, надминувајќи ја претходно истражената длабочина за 51 метар. По подвогот, тој кажа дека немал никакви проблеми со видот, ниту пак почувствувал вртоглавица. Вели дека се чувствувал удобно и на толку голема длабочина, а секоја секунда од деветчасовното нуркање му останала врежана во сеќавањето.

,,Експедицијата во Матка во 2026 година заврши со извонредно достигнување – истражување на пештерата до длабочина од 338 метри под вода, со што таа стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Искрено, сè уште не можам целосно да го сфатам тоа. Но, да, сега ова е најдлабоката истражена подводна пештера во светот, а ова беше и најдлабокото нуркање.

Сепак, рекордите и самата длабочина не беа нашата цел, нели? Нашата цел беше истражувањето. Сакавме да одиме подлабоко од границата до која стигнавме минатата година, кога експедицијата ја завршивме на 287 метри.“

Дополнително Матка продолжува да ги привлекува туристите од целиот свет. Странските посетители се воодушевени од природните убавини, а многумина изразуваат желба одблиску да ја запознаат и пештерата.

Експедицијата откри два нови подводни канала и над 150 метри нови ходници, а македонските нуркачи за првпат поставија и воздушна комора на длабочина од девет метри. Зад рекордот стоеја 12 безбедносни нуркачи, со поддршка од медицински тимови, МВР и полцииската единица „Тигар“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот

Со огромна излезност и без посериозни инциденти и неправилности поминува изборниот ден во Србија, која гласа на предвремени парламентарни избори.. 

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот

Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот...

Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, од рано утринава се гледа незапамтен интерес за гласање, кои се последните податоци за одѕивот?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери

Европа денеска ги сублимира штетите и бројот на приведени по синоќешниот нов бран демонтрации, кои на одредени места повторно излегоа од контрола.. 

Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери

Демолирани и ограбени објекти, оштетени јавни површи и запалени улични објекти, оставиле демонстрантите зад себе во синоќешните немири во Барселона. Каталонската полиција соопшти дека биле упасени над сто лица, а триесетина од нив биле малолетни. Со качучки на глава кршеле излози – при што биле ограбени и оштетени најмалку 14 продавници, а во дел од проджните објекти купувачи останале заробени внатре откако вработените ги спуштале заштитните ролетни за да спречат упад и грабежи. Протестите кои не биле најавени се случиле во околината на плоштадот „Плаца де Каталуња“, а повиците се ширеле преку социјалните мрежи. Градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони, остро го осуди насилството и порача дека уништувањето на јавниот и приватниот имот нема да остане неказнето, додека тамошната министерка за надворешни Нурија Парлон не ја исклучи можноста нередите да биле инспирирани од протестите во Париз.

„Нема да дозволиме она што се случи да помине без последици. Ќе има санкции и за полнолетните учесници и за лицата што се одговорни за малолетниците. Нема да дозволиме нашиот град да биде опустошен“

Во меѓувреме, немирите и протестите продолжуваат и во други европски земји. Во Франицја илјадници демонстранти синоќа повторно излегоа на улиците. Главниот протест се одржа во југоисточните делови на Париз, но најмногу немири имаше во Марсеј каде дошло и до судири, откако млади луѓе запалле канти за ѓубре за да ги блокираат патиштата, а кон безбедносните сили фрлале камења и шишиња. Полицијата употребила солзавец и водени топови против демонстрантите, кои освен што палеле... ограбувале и продавници и залтарници.

Тензично е и во Италија. И таму дошло до судири во неколку градови кои резултирале со речиси 400 приведени и над 5.000 легитимирани демонстранти. Тамошната полиција успеала да го идентификува и организаторот на движењето на „17 октомври“. Неофицијално станува збор Јусеф Сихер, 30-годишен Италијанец со мароканско потекло, кој е под истрага под за тешко поттикнување за извршување кривично дело со цел тероризам и употреба на компјутерски системи. Протести, но воглавно мирни имаше и низ Неапол, Падова и во Бари.

Хаосот од немирите продолжи и во Албанија каде демонтрантите ја запалија влезната врата на Министерството за земјоделство во Тирана. Во текот на немирите биле искршени излози на продавници, а демонстрантите ваделе и камени плочи од тротоарите и ги фрлале кон полициските службеници. Полицијата освен солзавец, употребила и водени топови и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите. Албаниот премиер Еди Рама најави парични казни за демонстрантите кои се движат од 100 до илјда евра за учество во ненароден собир и до 5.000 евра за лицата кои ќе останат во насилни толпи и по предупредувањата од полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер