ЗабаваОграбувањето на Донарума организирано од затвор: Се појавија шокантни детали, еден од крадците извршил самоубиство!Грабежот на италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума од јули 2023 година доби нов, драматичен епилог. Разбојниците од станот на Донарума украле луксузни часовници, чанти и накит во вредност од околу 500.000 евра.Според француските медиуми, целата акција била организирана од затвор, а како главен организатор бил идентификуван 21-годишниот Илијас Хербу, познат по прекарот Ганито. Париското обвинителство побарало покренување постапка против Хербу, кој во меѓувреме избегал од затворот во Вилпент, каде што ја издржувал казната. Инаку, грабежот се случил на ноќта помеѓу 20 и 21 јули 2023 година, кога група маскирани напаѓачи провалиле во станот на Донарум во елитен дел од Париз. Крадците влегле во зградата преку покривот, откако ја скршиле вратата од соседната зграда. Тогашниот голман на ПСЖ бил нападнат додека спиел - бил брутално претепан, врзан и заплашуван со нож, при што се здобил со повреди на главата. Неговата свршеница била исто така подложена на насилство: напаѓачите ја претепале, ја влечеле за коса и ѝ се заканувале со ладно оружје, по што ја врзале со кабел. Крадците од станот украле луксузни часовници, чанти и накит во вредност од околу 500.000 евра. Интересно е што дијамантите не биле украдени, што дополнително ги поттикнало сомневањата на истражителите во методот на организација и упатствата што ги добиле напаѓачите. Истрагата покажала дека Хербуа го координирал грабежот од затворска ќелија, следејќи ги настаните преку видео повици. Полицијата дошла до вознемирувачки видеа на кои се гледа екстремно насилство, вклучително и конфликти во самата криминална група. Особено шокантно било откритието дека две лица биле принудени да учествуваат во грабежот, а потоа брутално казнети. Тие биле киднапирани и држени во подрум во Иври-сур-Сен, каде што биле мачени со часови, додека господарот сè гледал од далечина. Еден од учесниците, кој подоцна изврши самоубиство во затвор, претходно сведочеше дека бил избоден повеќе пати од членови на групата. Неговото сведочење отвори нова насока на истрагата и доведе до идентификување на друг осомничен, опишан како еден од најбруталните напаѓачи.Тагови: Донарума Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Битола: Спортска Битола го наполни стадионот на натпреварот Македонија против Црна ГораСиноќа спортот и верната публика на фудбалот, покажа и докажаа дека Битола е спортски град.Под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ се играше меѓународниот натпревар меѓу младите селекции на Македонија и Црна Гора. Натпреварот заврши со резултат 1:1. Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на Општината Борче Димитровски, како и бројни спортски работници беа на трибините на стадионот. „Задоволство беше да бидам дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на натпреварот меѓу младата селекција на Македонија која со реми ги заврши настапите на домашен терен во квалификациите за младинското Европско првенство, откако во Битола одигра 1-1 против младата селекцијата на Црна Гора. Ова беше голем ден за спортска Битола, многубројната публика покажа и докажа дека Битола го сака, живее за спортот и за вакви големи настани под рефлектори на стадионот кој ги има сите услови и за меѓународни натпревари. Верувам дека и во иднина трибините на стадионот ќе бидат полни како вечерва, особено и со млади гледачи, кои вистински знаат да се радуваат на вакви големи натпревари“ вели градоначалникот на Битола. Во два дена, два големи спортски настани беа одиграни во Битола, пред два дена ракометен, а синоќа фудбалски спектакл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Салата со пестоВо петок (25.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Александра Илиевска.Состојки за денешниот рецепт: 2 - 3 домати свежа рукола една кеса 1 кромид тегличка песто 100 гр. сирење малку сусам Омлет 4 јајца 100 гр. сирење маслиново масло малку сусам сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
ФудбалРоналдо ја напушта репрезентацијата, дебатата се проширува: Се вклучи и селекторот на БелгијаЗаминувањето на легендарниот капитен Кристијано Роналдо од португалската репрезентација стана тема и на прес-конференцијата што ја одржа селекторот на Белгија, Марк ван Бомел. Холандскиот стратег ги коментираше постапките на Жорже Жезус, конкретно прашањето околу ветувањето дадено на играч дека ќе добие шанса за настап. Ван Бомел смета дека тренерот не треба однапред да гарантира минутажа, бидејќи начинот на кој се одвива натпреварот може да наметне потреба од поинакви одлуки. „Ако дадете такво ветување, мора да го исполните. Никогаш не сум му ветил на играч дека ќе игра, бидејќи никогаш не се знае што може да се случи. Мора да ги оставите опциите отворени, дури и ако му кажете на играчот дека постои голема веројатност да влезе во игра. Тоа е она што можете да го направите“, истакна селекторот на Белгија. Неговата порака се однесува на разликата меѓу најавување на евентуален настап и давање цврсто ветување за кое играчот очекува дека тренерот ќе го исполни. Ван Бомел остави простор за можноста португалскиот тренер да имал свои причини за таквиот потег, но повтори дека таков пристап не е дел од неговиот начин на работа. – Жорж Жесус веројатно имал свои причини, но на пријателски натпревар е полесно да се вети дека некој ќе одигра 40 или 60 минути. Да се ветуваат такви работи, да се размислува... Мислам дека никогаш не сум го направил тоа – додаде тој. Роналдо го напушти собирот по изјавите на Жесус и разговорите со претседателот на португалската федерација. Претходно, тој се загреваше на натпреварот против Норвешка, но не доби шанса да заигра. Капитенот најави дека во соодветно време детално ќе ја изнесе својата верзија за причините за заминувањето.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00