Инфантино: Играчите на иранската репрезентација сакаат да играат на Мундијалот и треба - спортот треба да биде над политиката - Канал 5

Инфантино: Играчите на иранската репрезентација сакаат да играат на Мундијалот и треба - спортот треба да биде над политиката

Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино, е уверен дека играчите на иранската репрезентација сакаат да играат на Мундијалот 2026.

Инфантино: Играчите на иранската репрезентација сакаат да играат на Мундијалот и треба - спортот треба да биде над политиката

- Иранската репрезентација дефинитивно ќе дојде. Секако се надеваме дека ситуацијата ќе се смири дотогаш, што сигурно ќе помогне. Но, Иран, секако, треба да дојде. Тие ја претставуваат својата нација. Се квалификуваа. Играчите сакаат да играат. Ги посетив пред две недели, имаа тренинг камп во Анталија и навистина сакаат да играат. И треба да играат - спортот треба да биде над политиката.

Добро, секако, ние не живееме на Месечината, ние живееме на планетата Земја, но ако никој друг не верува во градење мостови и зачувување на нивниот интегритет и единство, тогаш тоа е она што ќе го направиме ние, изјави Инфантино за „ESPN“.

Претходно, претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, објави дека е во преговори со ФИФА за преместување на натпреварите од Светското првенство од САД во Мексико.

Федерацијата апелираше до ФИФА откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го смета присуството на Иранците на турнирот за несоодветно за нивната сопствена безбедност.

На 28 февруари оваа година, САД и Израел почнаа да воена операција во Иран.

Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. Иран беше извлечен во групата Г со Белгија, Египет и Нов Зеланд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Нов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. 

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Мицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер