Димитровски: Апсурд е да се зборува дека Македонија има авторитарна влада - Канал 5

Димитровски: Апсурд е да се зборува дека Македонија има авторитарна влада

„Унгарија има интерес и мислам дека Маѓар ќе ја продолжи соработката со нас, можеби не на такво „братско“ ниво, но интересите се тие што ја водат политиката“

Димитровски: Апсурд е да се зборува дека Македонија има авторитарна влада

Стратешките односи на Унгарија во регионот остануваат. Петер Маѓар доаѓа од десничарска структура, сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во ЕПП, која што должни сме како Влада да соработуваме со тие што се на власт во Унгарија и продолжуваме понатаму на ист начин. Тие се големи поддржувачи ма Евроинтеграциите на цел Западен Балкан, тоа и ќе остане. Заинтересирани се за справувањето со нелегалните мигранти, а Македонија има клучна улога, како порта поради можен наплив на бегалска криза. Во дел на бизнисот и телекомуникациите Унгарија има интерес и мислам дека Маѓар ќе ја продолжи соработката со нас, можеби не на такво „братско“ ниво, но интересите се тие што ја водат политиката. Деновиве слушаме од опозицијата дека кругот на авторитарните водачи паѓа, после Орбан на ред е Вучиќ, па Мицкоски, тоа е многу несериозно. Македонија дали може да се вброи во авторитарни влади? Тоа може да се зборува за времето на Груевски, но денеска да се зборува дека Македонија има авторитарна влада тоа е апсурд, вели Заменик министерот а надворешни работи и трговија Зоран Димитровски во Само Вистина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на Мосад со неочекувано признание: Делувавме во срцето на Техеран за време на војната против Иран (ВИДЕО)

Дејвид Барнеа, директорот на израелската разузнавачка агенција Мосад, на церемонијата по повод Денот на сеќавањето на жртвите од Холокаустот, изјави дека агенцијата работела „во срцето на Техеран“ .

Шефот на Мосад со неочекувано признание: Делувавме во срцето на Техеран за време на војната против Иран (ВИДЕО)

Дејвид Барнеа, директорот на израелската разузнавачка агенција Мосад, на церемонијата по повод Денот на сеќавањето на жртвите од Холокаустот, изјави дека агенцијата работела „во срцето на Техеран“ за време на неодамнешната американско-израелска кампања против Иран.

„Дадовме прецизни разузнавачки податоци до воздухопловните сили и соборивме ракети што му се закануваа на Израел. Но, нашата мисија сè уште не е завршена“, додаде шефот на израелската разузнавачка служба, според „Тајмс оф Израел“.

Барнеа рече дека не мислат дека оваа мисија ќе заврши веднаш по завршувањето на борбите.

„Интензивно планиравме нашата операција да продолжи и да даде резултати во периодот по нападот во Техеран“, додаде тој.

Барнеа рече дека улогата на Мосад во ова прашање ќе заврши само кога ќе се замени радикалниот режим.

„Промената на режимот во Иран е нашата мисија. Нема да стоиме настрана и да гледаме, соочени со уште една егзистенцијална закана“, нагласи тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алек Болдвин планира да се повлече од актерството: Не сакам веќе да работам

Алек Болдвин го објави своето пензионирање од глумата за да се посвети на сопругата и децата, по многу тешка година по трагедијата на снимањето на „Раст“. 

Алек Болдвин планира да се повлече од актерството: Не сакам веќе да работам

Во изминатите четири години, откако снимателката Халина Хачинс беше смртно застрелана од пиштолот што го држеше за време на снимањето, актерот поминува низ тежок период и поминува сè повеќе време со своето семејство.

„Сакам да се пензионирам и да останам дома“

Зборувајќи во подкастот „Awards Chatter“ на The Hollywood Reporter, 68-годишниот актер рече дека сака засекогаш да се пензионира од глумата.

„Поради ситуацијата во Ново Мексико, сè беше многу болно за мене. На крајот, поминав многу време дома, бев со децата три и пол години. Речиси воопшто не работев“, рече тој.

„Тоа сега се менува, ќе работам на уште многу проекти, но навикнат сум да бидам дома и не сакам повеќе да си одам. Не сакам. Не сакам повеќе да работам. Навистина не сакам. Сакам да се пензионирам и да останам дома со моите деца“, е решен Болдвин.

Алек и неговата сопруга Хиларија имаат седум деца: Кармен (11), Рафаел (9), Леонардо (8), Ромео (6), Едуардо (4), Марија (3) и Иларија (2). Актерот има и 30-годишна ќерка, Ирска, од бракот со поранешната сопруга Ким Бесинџер.

Години правна и лична борба

Ѕвездата од „30 Rock“ од 2024 година беше ослободена од обвиненијата за убиство од небрежност. За време на повеќегодишната правна постапка, истакна тој, неговиот главен фокус беше благосостојбата на неговото семејство. Во подкастот „Dopey“, тој сподели како децата забележале промена во неговото расположение поради компликации што произлегоа од трагедијата на снимањето.

„Децата ме видоа како седам во аголот, не можев ниту да се помрднам“, рече тој. Додаде дека имало период во кој само спиел, и тоа цела година без да престане. „Тоа беше веднаш откако беше објавено дека повторно ќе поднесат обвиненија“, рече тој.

Критика кон обвинителите

Во истиот подкаст, Болдвин остро ги критикуваше обвинителите во Ново Мексико, велејќи дека тие истрајале во на крајот неуспешниот случај против него затоа што „сакале нивните имиња да се појават во весниците“. „Тоа е она што го сакаа“, рече тој, алудирајќи на славата и вниманието на медиумите.

Болдвин се соочи со затворска казна до 18 месеци. „Фала му на Бога за судијата кој ги повика и рече дека она што го прават е срамно“, додаде тој. „Не сакам премногу да се задржувам на тоа, само сакам да кажам дека сето ова беше многу болно за мојата сопруга и семејство, моите браќа и сестри и колеги“, заклучи тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се соблече најубавата спортистка- неодамна освои два олимписки медали (ФОТО)

Зимските олимписки игри во Милано и Кортина ги одбележа Јута Лирдам, холандска брзолизгачка, која го освои вториот и третиот медал во својата кариера на најголемиот спортски настан во светот.

Се соблече најубавата спортистка- неодамна освои два олимписки медали (ФОТО)

Златото на 1.000 метри и среброто на 500 метри придонесоа за нејзиниот успех.

Јута Лирдам пленеше со својата убавина на секој чекор, сите го насочија вниманието кон неа, а сега животот продолжува и нејзините обврски на спортскиот „терен“ се завршени. Зимската сезона заврши, па Јута се посвети на други работи.

Најубавата спортистка сега ужива во својот одмор и споделуваше атрактивни фотографии во разни изданија, вклучително и во костим за капење.

Девојката на Џејк Пол, познат јутјубер и боксер, има 6,5 милиони следбеници на социјалните мрежи. Надвор од нејзината примарна работа, таа често објавува содржини на социјалните мрежи и ужива во задоволствата на животот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер