Сидни Свини објасни зошто не ѝ било проблем да ги снима разголените сцени во „Еуфорија“ - Канал 5

Сидни Свини објасни зошто не ѝ било проблем да ги снима разголените сцени во „Еуфорија“

Актерката Сидни Свини отворено проговори зошто снимањето разголени сцени како Кеси Хауард во хит ТВ серијата „Еуфорија“ не ѝ било проблем.

Сидни Свини објасни зошто не ѝ било проблем да ги снима разголените сцени во „Еуфорија“

Нејзиниот лик во првите две сезони често беше прикажан на начин што многумина го сметаа за објективизирачки, но Свини не се плаши од контроверзии, и на екранот и во реалниот живот.

28-годишната актерка се соочи со критики во последните години, прво за сапун наводно направен од водата во која се бањала, а потоа и за кампања за фармерки што некои ја сметаа за проблематична. И покрај ова, нејзината кариера е во пораст, со улоги во филмови како што се „Слугинката“ и „Онлај ти“.

Во третата сезона на „Еуфорија“, ликот Кеси наоѓа слава на платформа слична на OnlyFans, која вклучува уште поексплицитни сцени. Една од нив, во која позира во изгужвана детска облека и со цуцла, предизвика бројни негативни реакции. Сепак, актерката истакнува дека токму улогата на Кеси ѝ помогнала да се чувствува поудобно во сопствената кожа.

Самодоверба преку ликот на Кеси

Во интервју за списанието W, Свини го објасни својот пристап кон ваквите сцени. „Мислам дека стекнав толку многу самодоверба и самосвест преку Кеси. Мислам дека женското тело е многу моќна работа“, рече таа. „Што се однесува до мене, јас ја раскажувам приказната за мојот лик, па затоа им должам да ја раскажам правилно и да го направам она што треба да се направи.“

Додека некои веруваат дека серијата е само фиктивно дело кое може да се потсмева на глобалната опсесија со сексот, други тврдат дека привлечноста на актерката веројатно придонесува за популарноста на серијата.

„Преместена“ трета сезона

Пред објавувањето на новите епизоди, Свини откри за списанието Empire повеќе за нејзиниот лик и „преместената“ трета сезона, која веќе привлече критики надвор од нејзините сцени.

„Кеси има посебно место во моето срце, таа е многу блиска до мене. Таа е луда. Прави толку многу грешки. Има многу недостатоци, но сè го прави од љубов. Понекогаш е тажен вид љубов. Многу е забавно да се игра толку луд лик“, рече Свини.

Таа исто така додаде дека ужива во соработката со авторот на серијата, Сем Левинсон. „Брилијантно е да се работи со Сем затоа што кога ќе прочитам нешто, го повикувам и му велам: „Ајде да бидеме уште полуди“. А тој одговара: „Апсолутно сум за“. И оваа сезона навистина се движеше напред“, заклучи актерката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон Москва

Авион на „Ер Србија“ кој летал кон Москва бил вратен во Белград поради дополнителни безбедносни проверки.

Авион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон Москва

Од компанијата соопштија дека добиле информации од аеродромските служби за проверка поврзана со еден патник.

Одлуката била донесена согласно безбедносните прописи и упатствата на надлежните органи.

Од „Ер Србија“ нагласуваат дека екипажот постапил според утврдените стандарди.

Српските медиуми објавија дека во авионот наводно биле и тројца познати функционери.Меѓу нив се Александар Вулин и претседателот на Српската народна партија Ненад Поповиќ. Во авионот, според медиумите, бил и директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот

Демократската партија оствари убедлива победа на изборите за Конгресот на САД, кои се одржаа во средината на претседателскиот мандат на Доналд Трамп.

Фијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот

Според проекциите, демократите ќе преземат цврста контрола врз Претставничкиот дом, одземајќи им ја на републиканците, додека во Сенатот извојуваа победи во голем број сојузни држави што претходно се сметаа за републикански упоришта.

Демократите на изборите за Сенатот освоија дури 224 места наспроти 134 на републиканците.

На изборите во САД демократите освоија мнозинство и во Сенатот и во Претставничкиот дом.Со тоа ја презедоа контролата врз Конгресот до крајот на мандатот на Доналд Трамп.

Резултатот претставува голем изборен пораз за републиканската партија. Демократите остварија изненадувачки победи во традиционалните републикански упоришта.меѓу нив се Тексас, Охајо и Канзас, каде последен пат победиле пред речиси 100 години.

Трамп за „Фокс њуз“ изјави дека демократите „одработиле добра работа“.Тој признал дека е малку изненаден од изборниот резултат.Со мнозинство во двата дома, демократите ќе можат да ги блокираат плановите на претседателот.

Тие ќе имаат и поголеми можности за контрола и надзор врз неговата администрација.Дополнително, би можеле да покренат и постапка за импичмент.Тоа би бил трет обид за отповикување на доналд Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Според УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер