Начевски – Николов добија две години суспензија од ЕХФ - Канал 5

Начевски – Николов добија две години суспензија од ЕХФ

Македонските ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од страна на Европската ракометна федерација добија суспензија од две години, а ќе мора да платат и 5.000 евра парична казна .

Начевски – Николов добија две години суспензија од ЕХФ

Македонските ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од страна на Европската ракометна федерација добија суспензија од две години, а ќе мора да платат и 5.000 евра парична казна поради манипулација со фитнес тестовите пред стартот на последното Европско првенство за мажи.

Во соопштението од ЕХФ пишува:

„Ракометниот суд на ЕХФ донесе одлука во случајот отворен против македонскиот судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Пред машкото ЕХФ ЕВРО 2026, ЕХФ ја повлече номинацијата на двајцата судии од Македонија поради наводна манипулација со прикачените видео снимки од таканаречениот „Multistage Fitness Test“.

Врз основа на анализата на партнерот за интегритет на Европската ракометна федерација „Спортрадар“, Ракометниот суд на ЕХФ дојде до заклучок дека спорните видеа биле манипулирани и затоа ги изрече следните санкции.

Двајцата судии се суспендирани од извршување на каква било функција во рамките на ЕХФ и учество во какви било активности на ЕХФ во период од две години од датумот на првостепената одлука поради сериозно неспортско однесување.

Секој судија мора да плати казна од 5000 евра за фундаментални прекршувања на Кодексот на однесување на ЕХФ.

Жалба може да се поднесе до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена“.

Начевски и Николов, изминативе десетина години важеа за најдобрата судиска двојка во Европа и во светот со отсудени многу меѓународни натпревари во Лигата на шампионите, европски првенства, светски првенства и олимписки игри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth social“ и го прогласи за територија на САД.

Трамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“

Објавената слика покажува мапа на која е заокружен делот што го вклучува ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „нова територија на САД“.

Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион што има врска со Ормутскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана

Украинската полиција отвори кривична постапка против директорот на супермаркет во трговскиот центар во Криви Рих, кој беше погоден во руски напад со дронови.

16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана

Во рускиот напад загинаа најмалку 16 лица, а повредени беа уште 130, меѓу кои и 23 деца. спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица.

Директорот се истражува поради сомнение за немар, бидејќи продавницата наводно останала отворена и за време на воздушната тревога. Според украинските власти, од моментот кога била вклучена воздушната тревога до првиот удар со дрон поминале околу 20 минути.

Истрагата треба да утврди дали вработените и посетителите биле навреме предупредени за опасноста, дали била издадена наредба за евакуација и дали биле почитувани безбедносните протоколи за објект во регион близу до фронтот. Ќе се проверуваат и наводите дека вратите на засолништето биле блокирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Србија е уапсен „платен убиец“ од Македонија, се истражува кој наводно требало да биде жртва

Српската полиција уапсила државјанин на Македонија кај градот Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави српски Телеграф повикувајќи се на полициски извори.

Во Србија е уапсен „платен убиец“ од Македонија, се истражува кој наводно требало да биде жртва

Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој работел за Кавачкиот клан, а се доведувал во врска и со претходен обид за убиство на Марко Љубиша Кан.

По добиените оперативни информации, српската полиција распоредила засилени сили и го блокирала теренот во Прибој, а истрагата сега е насочена кон утврдување на идентитетот на лицето кое требало да биде мета, како и кон откривање на локациите и лицата што евентуално му обезбедувале логистичка поддршка по влегувањето во Србија.

На осомничениот му е определено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава треба да биде изведен пред надлежното обвинителство.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер