Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
2Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
СветИран егзекутира човек обвинет за шпионажа за МосадИран рано утрово егзекутира човек обвинет за шпионажа за израелската разузнавачка агенција Мосад.„Смртната казна на израелски шпион, кој им обезбедувал на службениците на Мосад слики и информации за чувствителни области во земјата, беше извршена утрово откако помина низ законската постапка и доби одобрение од Врховниот суд“, јави иранската новинска агенција Тасним. Човекот наводно бил регрутиран преку интернет од израелската разузнавачка служба додека бил во Шведска, откако ги објавил своите податоци на линк за рекламирање групни патувања. Првиот контакт наводно го направил офицер на Мосад кој зборувал персиски, се додава во извештајот. Тој бил уапсен од страна на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) во јуни минатата година во Иран, за време на 12-дневната војна со Израел. Според извештаите, тој поседувал софистицирана шпионска, разузнавачка и сателитска комуникациска опрема, а кај него биле пронајдени и 30.000 евра во готово. Тагови: Израел Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнгелов: Пред малку во Штип помеѓу населбите Баби и Дузла изби пожарПред малку изби тежок пожар на територијата на општина Штип помеѓу населбите Баби и Дузлак над филтер станицата, информира првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов.Со оган е зафатена борова шума. ТППЕ Штип со полн капацитет дејствува врз пожарот, помош ќе пристигне и од неколку Доброволни противпожарни друштва.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМаксим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та Првиот човек на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски на социјалните мрежи се огласи за анкетата на МКД.мк.Бидејќи анкетите многу често служат за креирање а не за сондирање на мислење а со цел работите да бидат појасни ќе објавам само еден резултат. - Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та по нарачка на НДИ спроведена од агенцијата Маркет вижн Скопје на 1053 теренски испитаници, национален примерок (етничка припадност, пол, возраст). Повелете заклучокот изведете го сами?! - Јас лично сметам дека најдобрата анкета се добива на избори според резултатот, напиша Димитревски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00
ЗабаваВидео-Фото: Англиски репрезенативец ги воодушеви жените!!Англискиот фудбалер ги запали мрежите со свои жешки фотографии.Високите температури влијаат и врз фудбалерите на Светското првенство, а да не беше тоа, немаше да има лавина од коментари на социјалните мрежи за изгледот на англискиот ас Џуд Белингем. Англискиот репрезентативец Џуд Белингем привлече огромно внимание на Светското првенство – до тој степен што социјалните мрежи се преплавени со негови фотографии, а овојпат тоа нема никаква врска со фудбалот. Фотографите го овековечиле Белингем за време на еден тренинг додека бара „спас“ од горештината, па така се најде само во долна облека, а жените на социјалните мрежи им се заблагодаруваат на сите за овие снимки. Jude Bellingham during recovery session today🔋 pic.twitter.com/GjcJnNCcvH — Ria (@itsjudithworld) July 2, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00