Судски епилог на масовна тепачка меѓу две српски семејства во Австрија- и ќе платат и ќе одат во затвор - Канал 5

Судски епилог на масовна тепачка меѓу две српски семејства во Австрија- и ќе платат и ќе одат во затвор

Утрово во Регионалниот суд во Виенер Нојштат (Долна Австрија) се одвиваше насилна сцена.

Судски епилог на масовна тепачка меѓу две српски семејства во Австрија- и ќе платат и ќе одат во затвор

Цело проширено семејство од српско потекло се најде на обвинителната клупа поради нанесување тешки телесни повреди во масовна тепачка.

Едноставна расправија пред балкански ресторан се претворила во вистински семеен конфликт меѓу семејствата, објавува „Хојте“.

На почетокот на јануари, доцна во ноќта, пред познат ноќен клуб во виенскиот кварт Отакринг, летаа тупаници и стаклени шишиња, едно лице се здоби со посекотина на палецот, додека друго се здоби со скршен нос.

После тоа, 50-годишна жена и нејзиниот поранешен сопруг (52), заедно со нивниот син (23), како и уште еден роднина (48) и неговото дете (21), наводно решиле да се одмаздат затоа што, според обвинението, „семејната чест била повредена“.

Заедно, наводно, планирале напад во мафијашки стил за да „одржат лекција“, а на 24 јануари отишле во домот на тројцата ривали во Везендорф. Оттаму, тие го следеле автомобилот на жртвите до супермаркет, зеле дрвени летви, железна шипка и палка од багажникот и ги нападнале.

„Удри го по главата со палките, колку посилно толку подобро“, наводно ги поттикнал водачот на кланот двајцата напаѓачи.

Дури наводно рекол: „Извади го ножот, сè уште е жив“.

Бруталниот напад остави сериозни последици, вклучувајќи потрес на мозокот, модринки и хематоми врз жртвата, неговата девојка и уште еден пријател.

„Само благодарение на сведоците што ја повикаа полицијата беше спречена голема трагедија“, рече обвинителот.

Дури и во судницата имаше судири меѓу скараните семејства, а избувна и гласна расправија поради ограничениот број места за публиката. Сепак, виенските адвокати Вернер Томанек и Петер Филип, заедно со искусните експерти за кривично право Андреас Риченбах и Михаел Дор, успеаја да воспостават ред во судницата во соработка со судијата и обвинителството.

„Жал ни е“, рекоа обвинетите, делејќи ја казната од вкупно 8.000 евра во готово меѓу трите жртви.

На крајот, беше донесена пресуда што сите мораа да ја прифатат. Ослободителна пресуда за жената што го бранеше Томанек (таа тврдеше дека не била присутна), додека машките членови на семејството беа осудени на 30 месеци затвор, делумно условно (10 месеци задолжителни), а пресудата е конечна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Скандал во Реал: Мбапе и Вини одбиле да носат маици против „инвазијата“ на мигранти

Пред синоќешниот натпревар од 5. коло на Ла Лига меѓу Елче и Реал Мадрид кој заврши со минимален триумф на гостите од 2–3, се случи инцидент што стана главна тема во Шпанија. 

Видео: Скандал во Реал: Мбапе и Вини одбиле да носат маици против „инвазијата“ на мигранти

Додека играчите од двата тима излегувале на терен носејќи над дресовите , маици за поддршка на Сеута, тројца фудбалери на Реал – Винисиус, Килијан Мбапе и Ибрахима Конате – одлучиле да не учествуваат во овој гест, пренесува „Марка“.

Нивниот потег веднаш предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Винисиус му даде насоки на Мбапе што да прави со маицата.

На интернет се појавија снимки од тунелот, а корисниците на платформата „Икс“ (X) забележуваа дека во видеото се гледа како Винисиус му дава насоки на Мбапе што да прави со маицата.

На предната страна на маицата бил испишан слоганот „Сите сме скуши“ (прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија), додека на задната страна едноставно пишува „Сеута“.

Иако ги земале маиците во тунелот пред да излезат на теренот, тројцата фудбалери на Реал не ги облекле маиците во целос.

Всушност, Конате само ја држел маицата во раце, додека Мбапе и Винисиус ги облекле на таков начин што слоганот „Сите сме *skuše*“ (скуши/скумши) – прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија – бил едвај видлив.

Додека се ракуваа со играчите на Елче, тројцата фудбалери на Реал целосно ги соблекле белите маици и носела замо дресови на Реал наменети за гостувања – потег што не им избега на камерите и на гледачите.

Ова беше особено забележливо бидејќи сите останати фудбалери на Реал и на Елче продолжиле да ги носат маиците.

Раководството на кралевите ја почитувало одлуката на тројцата ффудбалери.

Според „Ел Мундо“, клубот изјавил дека ја почитува одлуката на своите играчи бидејќи во соблекувалната постојат „различни мислења, сензибилитети и гледишта за реалноста“.

Инаку иницијативата за носење на маици за поддршка на Сеута била покрената од Елче и прифатена од Реал, иако клубот не сакаше да врши притисок врз играчите. Иронично, Сеута е родното место на Хозе Мартинез „Пири“, почесниот претседател на Реал Мадрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите во близина на Мека

Воздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите јужно од Мека пред да влезе во забранетиот воздушен простор над светиот град, изјави  портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен.

Воздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите во близина на Мека

Дронот, кој беше пресретнат синоќа е втор обид на Хутите да ја таргетираат Мека по лансирањето балистичка ракета во јули 2017 година, а следува по една недела напади од Хутите кои се сојузници на Иран..Претставниците на Хутите негираа дека ја нападнале Мека.

Нападите врз Саудиска Арабија ги шокираа глобалните енергетски пазари, потресени од шестмесечната војна меѓу САД и Иран, која го забави бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Хутите во последните денови ја презедоа контролата врз делови од брегот на Црвеното море на Јемен, кои се наоѓаат на Баб Ел-Мандеб, еден од најважните бродски теснеци во светот, заканувајќи се на извозот на нафта од Саудиска Арабија пренасочен од Ормутскиот теснец.Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман, минатата недела му телефонираше на американскиот претседател Доналд Трамп барајќи воена поддршка, која досега беше ограничена на разузнавачка помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВК

Судот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВК, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Судот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВК

Американската амбасада во Приштина веќе издаде безбедносно предупредување поради очекуваните масовни протести во Косово.

Вчера во Скопје беше одржан собир за поддршка на обвинетите.

Настанот, се одржа на плоштадот „Скендербег“ и траеше околу половина час.на собирот покрај организаторите од албанскиот младински форум, се обрати и поранешниот командант на ОНА и поранешен пратеник во собранието Џезаир Шаќири – Хоџа.

Присутните на настанот носеа маици со ликовите на поранешните водачи на ОВК и од настанот упатија порака дека очекуваат ослободителна пресуда за обвинетите

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер