„Војна“ на браќата поради нивната мајка Дајана - Канал 5

„Војна“ на браќата поради нивната мајка Дајана

Хари до почетокот на јули би требало да се врати во Британија за заедно со Вилијам да ја откријат новата статуа на нивната мајка на првиот ден од месецот.

„Војна“ на браќата поради нивната мајка Дајана

Принцовите Вилијам и Хари уште во 2017 година објавија дека 20-годишнината од смртта на нивната мајка Дијана, како и нејзиното животно дело, ќе бидат обележани на 1-ви јули 2021 година во градината Санкен на палатата Кенсингтон, токму на денот кога трагично починатата принцеза би го прославила својот 60-ти роденден. Дајана обожаваше да поминува време во градините на палатата Кенсингтон. Тоа беше нејзино место за бегство и прибежиште. Сепак, од тогаш се случија многу работи во кралското семејство, браќата се отуѓија поради напуштањето на службените должности од страна на Хари и неговото заминување во Калифорнија со семејството, а сега тие се во „војна“ околу оддавањето почит на Дајана, дознава „Радар".

Хари до почетокот на јули би требало да се врати во Британија за заедно со Вилијам да ја откријат новата статуа на нивната мајка на првиот ден од месецот. Овој датум незгодно се совпаѓа со терминот на породување на неговата сопруга Меган, со која веќе го има синот Арчи.

- Хари бара Меган да биде дел од официјалната церемонија. Таа нема да може лично да присуствува поради второто дете кое го очекуваат, но Хари се залага изјавите подготвени од Меган да бидат вклучени во настанот или видеопораката на неговата сопруга да биде објавена во медиумите истиот ден кога браќата ќе ја откријат статуата - рече извор на „Радар“.

Доколку не се исполнат барањата на Хари, кралското семејство стравува дека принцот ќе направи нешто „незамисливо“ и дека ќе одбие да се појави.

Извори од „Пејџ Сикс“, тврдат дека Хари „апсолутно“ планира да му се придружи на Вилијам во откривањето на статуата на принцезата Дајана, но инсајдерите во палатата се плашат како принцот „би се соочил со семејството“.

Друг извор истакнува дека односот помеѓу браќата е „ужасен“ од Мегзит, откако Хари и Меган дадоа интервју кај Опра Винфри, а во меѓувреме Хари даде ново интервју.

Тој се појави минатата недела во една епизода на подкастот „Армчер експерт“ на Дакс Шепард, каде зборуваше за неговиот татко, принцот Чарлс и за страдањата додека растеле со него. По ова, кралските помошници за „Индипендент“ изјавија дека семејството е „запрепастено од тоа како Хари можел да í го направи ова на кралицата по погребот на војводата од Единбург“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасувачите во Непал и во Тибет се во трескавична битка по преживеани

Спасувачите во Непал и во Тибет се во трескавична битка по преживеани, по катастрофални поплави и одрони што вчера буквално го збришаа пограничниот регион.

Спасувачите во Непал и во Тибет се во трескавична битка по преживеани

Хималајското цунами, како што го нарекоа светските медиуми, предизвикано од колапс на глечер на планините, за само неколку минути ја прекри со карпи, вода и кал целата долина долж реката Тришули, не оставајќи време голем број од луѓето да се извлечат.

Најмалку 300 загинати и 1.500 исчезнати е досегашниот биланс во ненадејната стихија од двете страни на границата меѓу Непал и Тибет.

-Oвде до вчера беше мојот дом. Сега го нема. Се е збришано. Стихијата дојде од таму, носеше се на сите страни. , вели преживеан во поплавите.

-Во моментов најголем предизвик е да се најдат заробени и преживени луѓе. Не можеме да претпоставиме за колкава бројка станува збор. , преживеан во поплавите.

-Бев на терасата кога водата надојде и буквално се искачи до мојот кат. Мојата сопруга не преживеа. Јас чекав да опадне нивото на водата, а потоа, по пет и пол часа бев спасен со хеликоптер. , преживеан во Непал.

Меѓу исчезнатите над 500 се странски туристи, најголем дел Индијци и туристи кои биле на аџилак. Дури 33 држави пријавија свои граѓани со кои не можат да стапат во контакт. Меѓу нив, и 65 Американци, 50 Украинци, 35 Британци, исто толку Австралијци.

Македонското МНР засега нема информација за евентуални наши исчезнати државјани таму. Спасувачките операции се одвиваат тешко, затоа што се урнати и многу мостови, вклучително и најголемиот што ги поврзува Напал и кинескиот автономен регион.

-Според првичните информации на надлежните во Кина, (во регионот на Тибет) вкупно за исчезнати се водат 260 странски државјани во погодената област. Што се однесува на непалската страна, речиси 100 кинески државјани се водат за исчезнати. , изјави Ванг Шубинг, портпарол на кинеското МНР.

-Имаме 288 индиски државјани со кои немаме контакт, вклучително и 73-ца кои работеа на енергетски проект. , изјави Рандхир Јаисвал, портпарол на индиското мнр.

Иако првично непалските власти соопштија дека катастрофата ја предизвикал земјотрес, подоцна беше утврдено дека сеизмичките промени биле резултат на таканаречен глацијален колапс, односно пукање на глечер на Хималаите што иницирал огромни колични вода и лавини од наноси да се струполат надоле. Дел од светските експерти сметаат дека клучната причина сепак е резултат на климатските промени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода возачи од Холандија и Србија, на автопатот А- 1 возеле со двојно поголема брзина од дозволената

На 26.08.2026 во 22:15 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „мерцедес бенз“ со српски национални ознаки, управувано од 51-годишната И.М од Србија. 

Лишени од слобода возачи од Холандија и Србија, на автопатот А- 1 возеле со двојно поголема брзина од дозволената

При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека И.М. била евидентирана како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, Демир Капија- Гевгелија, управувала со возилото со брзина од 168 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. И.М. е лишена од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 27.08.2026 во 05:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „ауди“ со холандски национални ознаки, управувано од А.А.(32) од Холандија. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека А.А. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 177 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. А.А. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува реализацијата на гасоводот Македонија – Србија, потпишан договор во владата

Потпишан договорот за градба на гасоводот со Србија вреден 29,4 милиони евра. 

Почнува реализацијата на гасоводот Македонија – Србија, потпишан договор во владата

Потпис на него денeска во владата ставија директор на АД „Номагас, Недим Рама, и директорот на „Рапид Билд“ Тони Каранфиловски.

Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Сања Божиновска

Македонскиот дел од интерконекторот ќе биде долг 22,4 километри.

Почетната точка ќе биде кај блок-станицата „Клечовце“, а крајната точка ќе биде на границата со Србија, во близина на селото Сопот. Во рамките на проектот ќе бидат изградени и пет придружни објекти: главна интерконекторна мерна станица, редукциска станица, блок-станица и две приемно-отпремни чистачки станици. Рокот за целосна реализација на проектот е четвртиот квартал од 2028 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер