Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
1Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
Автомобилизам„Тесла“ со нов електромобил „Модел 3“ за кинескиот пазарКомпанијата „Тесла“ денеска во Пекинг ја претстави новата верзија на својот електричен автомобил „Модел 3“ за кинескиот пазар.Како што се наведува во соопштението, надградениот „Модел 3“ има подобар акустичен систем, поудобна внатрешност и дополнителни воздушни перничиња, а сликите од надворешноста на електромобилот покажуваат дека тој има поелегантен преден дел и нови фарови. Стандардната верзија на возилото има самоуправувачко возење до 606 километри, што е за околу девет отсто повеќе од досегот на основниот „Модел 3“. „Тесла“ не објави подробности за батериите за новиот модел, но познавачи пренесуваат дека тоа е истата батерија „ЛФП“ што се користи во основната верзија. Поголемиот досег на новата верзија е постигната со намалувањето на тежината на возилото и подобрувањето на неговите својства за помал отпор на ветер при возење. Почетната цена на возилото ќе биде за 12 отсто повисока од онаа на основниот „Модел 3“. Кина е најголемиот светски пазар за електромобили и втор по големина за „Тесла“ после САД. Ова е првпат американската компанија да претстави нов модел на свое возило во Кина пред тоа да го стори во САД. Во Кина, „Тесла“ се соочува со силна пазарна конкуренција предводена од домашната „БИД“. „Тесла“ соопшти дека ќе го претстави возилото и во Германија на Саемот за автомобили во Минхен, но сѐ уште не е познато кога новиот „Модел 3“ ќе се појави на американскиот пазар. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОхридскиот студентски дом под клуч, 18 институти се затворени поради незаконско работењеКлуч на врата на студентскиот дом „Никола Карев“ до негова целосна реконстукција. Ваква најава денеска од Охрид даде министерката за образование Весна Јаневска, откако студентите изминатиот период алармираа дека со денови останувале без струја, неретко учеле и живееле на светлина од свеќи, без топла вода и во сериозно лоши услови..Според Јаневска, лошата состојба во студентскиот дом се должела на лошото менаџирање и натрупаните долгови, за што најави и постапка за избор на нов директор. Јаневска посочи дека МОН во реконтукцијата вложува 5,5 миниони евра и се очекува активностите да започнат до крајот на годинава. - Оваа година ќе почне и реновирањето на студентскиот дом во Охрид, тој е во лоша состојба. Да, ние направиме ревизија, свесни сме дека досегашното раководство крајно недомаќински работело и во моментов е процес на промена на директорот, но сметајте дека тој студентски дом од денес е затворен, без оглед што ќе има промена на директорот и некаде очекувам пред крајот на годината да почне негова реконстукција. - Весна Јаневска – министерка за образование и наука Дополнително, Јаневска откри и дека поради утврдени неправилности затворени се 18 институти за високо образование и една приватна стручна школа, а се чешла работењето на уште 5 универзитети. - Има временски рокови за тоа и ние ги почитуваме, законот го почитуваме. Како ќе поминат роковите за жалба или евентуално ако може нешто да се поправи, така тие што не пправуваат ќе бидат завторани. До сега се затворени 18 институти и една приватна високо стручна школа. Во процес сме на затворање на уште, не ме фаќајте за збор 5,6 институти сигурно и правиме мониторинг во најмалку уште 5 универзитети.- Весна Јаневска – министерка за образование и наука Инаку, студентските домови Стив наумов и Кузман Јосифовски – Питу во Скопје според најавите на Јаневска вратите за студентите ги отвораат со почетокот на новата академска година, додека од септември се очекува да започне реконстукција и на студентските домови во Битола, Прилеп и Штип. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСе шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбицијаКако влегувале нелегалните ботокси, кој ги дистрибуирал и како стигнувале до пациентите? Со проширувањето на истрагата за случајот „Ботокси“ за уште четири лица, меѓу кои и двајца лекари, Обвинителството се обидува да го склопи мозаикот и да утврди кој сè бил нил дел од нелегалниот синџир на увоз и дистрибуција. Имињата на инволвираните не се откриваат. Од ОЈО велат дека новите тројца осомничени се товарат за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, додека едно лице е осомничено за кривичното дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. По предлог на надлежниот јавен обвинител, на сите четворица осомничени судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерки на претпазливост. Од пред три месеци кога и започна аферата наречена „ботокс“ пациентите се повнимателни и доаѓаат на едукација за неинвазивните процедури, вели за Канал 5 Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска. Лекарите апелираат дека секој што сака да стави ботокс или филер може да побара да го види и да го провери производот пред да му биде нанесен. Ризикот, предупредуваат лекарите, не е само во самиот препарат, туку и во начинот на неговото аплицирање. Последиците може да бидат естетски деформитети, инфекции и алергиски реакции, оштетување на нервите и мускулите, а во потешки случаи и нарушувања на дишењето и голтањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаСДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во КочаниСкандалот во Полициската станица во Кочани отвора сериозни сомнежи за тешки пропусти, злоупотреби и спрега на ВМРО со криминалци.Лице приведено за трговија со дрога избегало од полициска станица во Кочани. Панче Тошковски не смее да молчи. Јавноста има право да знае: Кој е одговорен за овој скандал? Дали има грижа на совест што го пушти да избега наркодилерот А. Л викан Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“ во Кочани? Дали началникот на ОВР Кочани, Тоше Стојанов, е во бизнис со наркодилерот викан Цуната? Каква е поврзаноста со пратеникот на ВМРО Миле Лефков, кој има слики со него? Кој дозволи да побегне преку прозор од полициска станица Кочани, или пак некој го пушти? Зошто наркодилерот не бил чуван во просториите за задржување? Доколку обвинителството навистина подготвувало предлог за определување мерка притвор, тогаш овој случај е уште посериозен и бара итна и темелна истрага. СДСМ бара веднаш да се утврди одговорноста на сите инволвирани службени лица, вклучително и на раководството на ОВР Кочани. По две години мандат на Тошковски, МВР се соочува со низа скандали, а безбедноста и довербата се сериозно нарушени. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter