„Темниот кислород“ во Тихиот Океан - нов извор на енергија - Канал 5

„Темниот кислород“ во Тихиот Океан - нов извор на енергија

 Сместена меѓу Хаваите и западниот брег на Мексико, во Тихиот Океан се наоѓа Зоната Кларион-Клипертон - подводна површина од 4,5 милиони квадратни километри, како рамнина под морето. 

„Темниот кислород“ во Тихиот Океан - нов извор на енергија

Иако овој дел од морето е жив екосистем исполнет со морски свет, Зоната е најпозната по својата огромна низа камења познати како „полиметални нодули (јазли)“ - еден со просечна големина на компир. Написот е објавен во списанието „Нејчр џиосајенс“ (Nature Geoscience).

Овие мали камења, што можеби ги има трилиони, се всушност, богати наоѓалишта на никел, манган, бакар, цинк, кобалт. Конкретно овие метали се од витално значење за еколошките батерии за напојување, т.е. за зелената енергетска иднина. Сепак, истражувањата веќе посочуваат дека овие јазли, освен што се извор, на пр. за материјали за идните електромобили - тие исто така, произведуваат кислород - и тоа на 4.000 метри под површината, каде што Сончевата светлина не достигнува.

Овој неочекуван извор на „темен кислород“ ја предефинира улогата на овие камења-јазли во Кларион-Клипертон. Тој камен, исто така, може да фрли нова светлина, не само на објаснувањето за тоа како настанал животот на оваа планета, туку и за потенцијалот да го пренесе на другите потенцијални „светови“ во нашиот Сончев Систем, како што се сателитот на Сатурн, Енцелад и Европа - кај Јупитер.

Ендрју Свитмен, екологист за морските длабочини од Шкотската асоцијација за поморска наука со седиште во градот Обан, и главен автор на истражувањето, потсети дека „за да почне животот со воздух на планетата, морало да има кислород“, а досегашните сознанија говорат дека снабдувањето со кислород на Земјата се одвива со фотосинтеза, т.е. со помош на „површните“ растенија и Сончевата светлина...

- Но, сега знаеме дека има кислород и во длабокото - каде што, всушност, животот и започнал, вели Свитмен.

Патувањето кон ова откритие почна пред повеќе од десетлетие, кога Свитмен си зел задача да анализира како нивото на кислород се намалува во длабочините на океанот. Така, во 2013 година сензорите вратија зголемени нивоа на кислород во Кларион-Клипертон. Во тоа време, Свитмен ги отфрли податоците како резултат на неисправни сензори, но и наредните испитувања покажаа дека оваа подводна рамнина, некако, произведува кислород.

Земајќи ја предвид ознаката „батерија во камен“, научникот се прашал: Дали минералите пронајдени во овие јазли делуваат како еден вид „геобатерија“ којашто ги одвојува на водородот и кислородот преку електролиза на морска вода?

Испитувањата од 2023 година покажаа дека некои бактерии и археобактерии можат да создадат „темен кислород“, па Свитмен и неговиот тим ги пресоздадоа условите од подводната Зона во лабораторија. Во екпериментот, научниците ги убивале сите микроорганизми со живин хлорид, но - изненадувачки, нивото на кислород продолжило да расте, според „Сајентифик Американ“ (Scientific American). Свитмен тврди дека површината на еден ваков јазол има напон од приближно 0,95 волти и оти овој природен полнеж е доволен да ја подели морската вода.

Ова откритие уште повеќе ја разгорува дебатата за тоа што да се прави со овие нодули. Рударските тимови на „Металс компани“ (Metals Company) со седиште во Ванкувер, Канада, чиј извршен директор ја осмисли фразата „батерија во камен“, ги гледа овие камња-јазли како одговор на нашите енергетски проблеми. Сепак, 25 земји сакаат управното тело - Меѓународниот совет за морското дно - ИСА да воведе мораториум, или во најмала рака - со претпазлива пауза да може да се спроведат повеќе истражувања за да се види како ископувањето на овие јазли може да влијае на океанот. Ова е особено од витално значење, имајќи предвид дека светските мориња веќе се соочуваат со климатски предизвици - киселост, деоксигенација и загадување.

Како одговор на ова откритие, Лиза Левин од Институтот за океанографија „Скрипс“ во САД, која не е вклучена во истражувањата, истакна дека ваков мораториум е важен за заштита на овие камења-јазли.

- Ова е одличен пример за тоа што значи да се има длабокиот океан како граница кон релативно неистражениот дел од нашата планета. Сè уште има нови процеси за откривање на тој предизвик за она што го знаеме за животот во нашиот океан. Производството на кислород на морското дно со полиметални јазли е нова функција на екосистемот што треба да се земе предвид при проценка на влијанието на ископувањата во длабокото море. Овие наоди ја нагласуваат важноста од унапредување на независното научно истражување на длабокото море низ светскиот океан со цел да се обликува сознанието и политиката за длабоките океани, појасни Левин.

ИСА сè уште преговара со клучните играчи за прописите за рударство во длабоко море. Така, додека иднината на светските океани се приближува до критичен миг на зачувување или експлоатација, науката уште еднаш посочува дека нарушувањето на овие екосистеми може да има последици што човекот сè уште не може ни да ги замисли. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер