Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
1Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
3МОН го замени сексуалното образование со „заштита на здравјето“, без зборовите „род“ и „контрацепција“
Магазин Седум животни вештини што им недостасуваат на денешните деца, според наставницитеДецата и младите денес растат во свет во кој многу секојдневни активности се извршуваат со помош на технологијата, но родителите и наставниците предупредуваат дека на младите и покрај образованието и снаодливоста понекогаш им недостасува практично знаење од секојдневниот живот. Нови вештини за новото доба Лори Коп Вајнгартен е советник за образование која им помага на средношколците при упис на факултет, смета дека проблемот често не е во тоа што родителите и училиштата не ги учат младите, туку дека приоритетите се различни. Со цел да се најде простор во наставната програма за кодирање, роботика и видеомонтажа - вештини клучни за дигиталната ера - честопати не останува време за учење ракопис или пишување. Нина Јевдаш, наставничка од Чикаго, се согласува дека училишните програми се менуваат со текот на времето. Таа се присетува како на колеџ еден професор посветил цел семестар за подучување методи за следење на напредокот на учениците во читање, при што грешките се запишувале на хартија, но вели дека до ден-денес таквиот метод не морала да го примени во нејзината професионална кариера, бидејќи сега постои технологија за тоа. Меѓучовечки вештини и комуникација Комуникацијата е клучна вештина, но експертите забележуваат дека сè поголем број ученици се мачат со неа. „Веројатно најголемиот проблем што го гледам кај младите е недостатокот на комуникациски вештини или недостатокот на самодоверба во разговор со други лица, соученици или професори“, вели Коп Вајнгартен. Таа забележала промена во социјалните вештини во периодот на пандемијата, но смета дека и екраните одиграле голема улога. Според неа, новите генерации повеќе време минуваат пишувајќи пораки, отколку разговарајќи на телефон. Читање аналогни часовници и мапи За многу деца, денес, читањето аналоген часовник или географска карта е непознато, вели Коп Вајнгартен. На децата кои пораснале знаејќи дека секој има телефон со дигитален часовник и GPS во џебот, овие вештини им изгледаат бесмислени. Пишување букви Слично како читањето часовник, пишувањето со рака стана непотребно за многу млади луѓе бидејќи многу повеќе време минуваме пишувајќи на тастатура или телефон, наместо да пишуваме со рака. Денес, сè повеќе училишта бараат задачите да се предадат дигитално, па времето поминато во пишување на компјутер или телефон го надминува времето потрошено на пишување. Пишување писма Во денешниот свет на електронска пошта, SMS и разни апликации за допишување, пишувањето писма е еден од најбавните начини за комуникација. Коп Вајнгартен споделува анегдота за студент кој морал да му се јави на својот татко за да праша како да испрати писмо. "Таткото му кажа дека мора да стави маркичка. Синот потоа му испрати слика од налепници со повратната адреса: „Ова е маркичка?", се присетува Коп Вајнгартен. „На крај, ги најде маркичките, но не знаеше на која страна од пликот да ги стави. Смешно е затоа што студентот е исклучително бистар и способен, но едноставно никогаш претходно немал потреба да испрати писмо“. Иако не е популарно како некогаш, пишувањето писма има свои предности: ги принудува децата да забават, да размислат што сакаат да кажат и да бидат промислени. Правопис и писмено изразување Коп Вајнгартен повеќе ја загрижува и општото ниво на писменост кај младите. „Децата не пишуваат добро“, вели таа. Иако децата ги учат основите на правописот и граматиката на училиште, поголем дел од нивната комуникација се одвива преку пораки и социјални мрежи, каде што се навикнуваат на неформален стил. Во тоа не помагаат ни алатките за автоматска проверка на правописот, кои на тинејџерите им нудат точен одговор без да мора да ги учат правилата. Управување со пари Пишувањето чекови стана реткост благодарение на онлајн банкарството и апликациите за плаќање, што прави децата да растат без да ги доживуваат парите како видлив поим во апликацијата. Пишувањето чек и плаќањето во готово ги прави парите конкретни и опипливи. Од друга страна, пак, загрижува и тоа што децата можеби нема да ги научат основите на финансирање и банкарство, што е клучна вештина во зрелоста. Способност да се концентрираат Денес, многу воспитувачи пријавуваат проблеми со нарушено внимание кај помалите деца. На децата од претшколска возраст сè повеќе им е тешко да останат смирени и фокусирани, а тоа влијае на усвојувањето вештини. Бидејќи за да научите нешто, мора да се посветите на истото. Дел од проблемот многу невропсихијатри го гледаат во времето поминато пред екран, каде што брзите промени на сликите го условуваат мозокот да очекува постојани дразби. Но, исто така сметаат дека децата тешко се снаоѓаат бидејќи нивните родители се преангажирани за да можат да поминат повеќе време со децата дома. На децата, според психолозите, им е потребна насочена игра што самите ќе ја водат, за да можат самостојно да учат и да се развиваат. Понекогаш, поголемиот фокус на играта, на решавањето проблеми и самостојно снаоѓање во светот, наместо на градењето вештини, е најдобрата лекција што децата можат да ја добијат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДржавата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во МакедонијаНаместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија. Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување. Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот. Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаИздаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќаУште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција. - На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема. – И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЧетворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна Бебе под една година завршило на клиниката за инфективни болести, заради добивање на ситни сипаници или морбили. Бебето е во стабилна состојба и е пуштено на домашно лекување. Освен овој пациент уште кај тројца е потврдено дека имаат морбили, странски државнијан, уште едно дете помало од година и 40 годишен маж, сите се невакцинирани, потврди министерот за здравство Клековски. „Инстиутот за јавно здравје ги прави анктите, дали има поврзаност помеѓу случаите со морбили. Засега нема епидемија од морбили, но мора да се внимава и да се применуваат сите препораки и да се вакцинираат децата“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Во моментот опфатот до МРП вакцината е под 70%, она што е важно да се вакцинираат сите деца, оние возрасни кои се вакцинирани со една доза. Вирусот е брзо пренослив и оние кои имаат симптоми на црвенило на кожа, зголемена температура да се јават на доктор и да не се мешаат на места каде има луѓе. „Вакцинирајте се, мора да има заштита. На пример децата под една година не се според календарот за вакцинација, а се заразени. И може да имаат компликации“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Од 2018 година во Македонија имаше прогласено епидемија на морбили. 1900 луѓе се заразија со сипаниците, а почина четворица заради компликации. Од ИЈЗ апелираат на редовна вакцинација бидејќи станува збор за сипаници кои даваат сериозни последици по здравјето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook