Се одбележаа 22 години од масакрот кај Вејце, Касами не дозволува изградба на споменик

22 години подоцна, ниту споменик, ниту било какво обележје, единствено сеќавањата говорат за бруталниот и крвавиот масакр, кога на овој ден, во 2001 година кај тетовско Вејце, од заседа и на грозоморен начин беа убиени осумте припадници на АРМ.

Во пресрет на годишнината, министерката за одбрана Славјанка Петровска инцираше изградба на спомен обелејжје, на кое достојно би се оддавала почит на хероите, наместо да им се остава цвеќе и им се палат свеќи покрај патот врз камења и земја, како што беше случај и денеска. Барањето го испратила до Општина Тетово, која е надлежна за издавање на дозвола согласно законот.

-Овие настани не треба и не смее да не разделуваат, напротив, тие треба да бидат паметник од минатото, грешките да не се повторат и страдањата да не оживеат. – Стои во статусот на Петровска.

Но, со ова не се согласува градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој ескпресно го отфрли барањето.

-Министерката за одбрана, односно Владата, кога ќе имаат ист пристап кон двете страни инволвирани во конфликтот, тогаш може да зборуваат за сеопфатно решение, инаку таквите барања се дневна политика. – изјави Касами за Канал 5.

Местото на масакрот денеска го посети и првиот човек на Достоинство – Стојанче Ангелов, со истото барање како Петровска – конечно да се изгради достоинствен споменик.

– 15 години по ред делегацијата на Достоинство тоа го прави овде на овој камен, каде што полагаме цвеќе и палиме свеќи. Како држава сме должно да го чуваме споменот на нашите херои, споменот на оние кои посчедни се бореа за државата, на оние кои што последни загинаа бранејќи ја татковината.

Во масакрот и терористичкиот напад во кој загинаа осумте македонски војници на возраст од 24 до 30 години се случил на планинскиот пат помеѓу тетовските села Селце и Вејце. Откако биле убиени, биле масакрирани, а на крајот и запалени.

До денешен ден остана непознато кои се сторителите, па ниту се оформи некаков случај, ниту пак имаше некаква судска разврска.

Пратениците во парламентот на Србија изгласаа измени на Законот за избирачкиот список

Пратениците на Собранието на Србија денеска гласаа за измена на Законот за единствен избирачки список со кој се предвидува граѓаните кои го промениле местото на живеење во изминатите 11 месеци да не можат да гласаат на својата нова адреса.

Пратениците со мнозинство гласови го поддржаа Предлогот за одлука за избор на членови и заменици на одборот на Народното собрание на Србија и Предлогот за одлука за изменување и дополнување на Одлуката за состав на собраниската Комисија за стабилизација и придружување, јави Бета.

Тие изгласаа и Предлог за одлука за изменување и дополнување на Одлуката за состав на постојани делегации на Народното собрание на Србија во меѓународните парламентарни институции. /MИА

Баер им нуди на навивачите бесплатни тетоважи

Специјална акција на крајот на специјалната сезона. 

Баер Леверкузен им понуди денеска на своите навивачи бесплатни клупски тетоважи со кои ќе ја одбележат сезоната во која тимот предводен од Чаби Алонсо е во рекордна серија без пораз, а ја освои шампионската титула во Бундеслигата и е во борба за уште два трофеи – во германскиот Куп и во Лига Европа.

„Специјална акција на крајот на специјалната сезона. Баер 04 им нуди на навивачите можност до крајот на сезоната да изберат една од многуте тетоважи на Баер 04 бесплатно. Резервирајте го вашиот термин веднаш и овековечете ја оваа единствена сезона на вашата кожа“, стои во соопштението на клубот.-

Тимот на Чаби Алонсо без пораз е оваа сезона на 49 натпревари во сите натпреварувања, надминувајќи го долгогодишниот европски рекорд на Бенфика поставен од 1963 до 1965 година.

Откако ја запечати својата прва титула во Бундеслигата, Баер Леверкузен вчера се пласираше во финалето на Лига Европа во кое за противник ќе ја има Аталанта, а ќе игра и во финалето на Купот на Германија во кое ќе се соочи со второлигашот Кајзерслаутерн. /МИА

Две лица загинаа на југот на Либан од израелски дрон

Две лица беа убиени денеска од израелско беспилотно летало во либанско село во пограничната област каде во последните денови се интензивираа воените активности.

-Државната Национална новинска агенција објави дека болничар и вработен во телекомуникациска компанија биле убиени од дрон во Теир Хараф, на три километри од границата, пренесе Бета.

Во четвртокот, четворица членови на борбеното движење Хезболах беа убиени во сличен напад врз возило во едно либанско село.

Група поврзана со сојузникот на Хезболах - организацијата Амал на претседателот на либанскиот парламент Набих Бери, денеска објави дека нејзин член, болничар, бил убиен за време на должноста во јужен Либан. /МИА

притисни ентер