Беким Сали оствари средба со државниот секретар за ЕУ на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос
2Беким Сали оствари средба со државниот секретар за ЕУ на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос
3Прескокнале ограда од највисоката градба во Сиетл и скокнале од 184 метри височина- ги бара полицијата (ВИДЕО)
Веб ТВ„Само Вистина“ со Мирјана Најчевска и Сашо Тасевски - 27.05.2026 - 2 делFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБорозан: Признанието на Клековски е најсилна потврда – бараме кривична одговорност!Над 4.070 граѓани во Гостивар досега побарале медицинска помош поради затруена вода со фекалии.Само вчера се регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано. Овие бројки се најсилниот доказ за целосниот колапс на институциите задолжени да го штитат најважното - здравјето на граѓаните. Министерот за здравство Сашо Клековски самиот призна дека „црвените светла“ во Гостивар се запалиле со задоцнување. Тоа признание не ја намалува вината. Напротив, ја потврдува. Клековски призна дека институциите задоцниле во реакцијата, но тоа не го кажа затоа што сакаше да ја соопшти вистината, туку затоа што веќе не можеше да ја сокрие неспособноста. Првите симптоми кај граѓаните се појавиле уште на 14 јули, кога во болницата секојдневно се јавувале околу 200 пациенти со исти симптоми. Наместо итна реакција, епидемија беше прогласена дури на 19 јули. Пет дена институциите молчеле. Пет дена не ја предупредиле јавноста. Пет дена не презеле мерки, додека стотици граѓани се разболувале. А Центарот за јавно здравје Тетово водата ја прогласил за безбедна. Гостиварчани 22 дена пиеле загадена вода со фекалии. Над 4.070 граѓани се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна. Целосен институционален неуспех и системски колапс на Владата на Мицкоски. Признанието на Клековски е најсилна потврда - не е само за политичка туку и за кривична одговорност. Цел еден град е отуен, мора кривично да одговараат. Бараме Кривична одговорност од министерот Сашо Клековски, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Марија Андоновска и директоритите на локални Центри за јавно здравје. Јавното обвинителство да не чека наредби од Мицкоски туку да делува согласно закон. Одговорност за труењето во Гостивар мора да има!, рече Маја Борозан од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00
ФудбалЧистка на Мурињо- од Реал заминуваат петмина, вредни 175 милиони евра Сѐ уште се договара составот на Реал Мадрид за новата сезона, а се очекуваат доаѓања и заминувања. Во тек се преговори со РБ Лајпциг околу трансферот на крилниот напаѓач Јан Диоманде, кој минатата сезона ја мина во Леганес и е блиску до потпис за Мадрид. Тој би бил петтото ново засилување за тимот на Жозе Мурињо, но веројатно не и последното што ќе пристигне на крајот од преодниот рок. Исто така, ќе мора да си заминат и неколку поранешни ѕвезди. Освен Диоманде, последните денови се споменуваше и евентуалното доаѓање на Родри, иако мадриѓаните се уште демантираат дека презеле конкретни чекори кон играчот од средниот ред на Манчестер Сити. Според информациите на Ас, се уште нема официјална понуда, но се знае дека играчот сака да се врати во шпанската лига и дека Реал Мадрид е неговата прва опција. Пристигнувањата се условени со заминувања За да направи простор за пристигнувања, особено во средниот ред, Реал Мадрид ќе мора да продаде некого. Доаѓањето на Бернардо Силва создаде гужва на средината на теренот, а ниту еден од играчите од средниот ред се уште не си заминал. Единствената промена засега е заминувањето на Дани Себаљос, кој играше малку минатата сезона и продолжувањето на договорот на Орелиен Тчуамени. Мурињо јасно истакна дека бара брза и директна игра од тимот. Тој е задоволен од постоечкиот кадар, но е отворен за дополнителни нови сили. Со доаѓањето на Диоманде многу сигурно, вниманието се свртува кон Винисиус Јуниор. Бразилецот за неколку дена се враќа во Мадрид, а раководството на клубот сака што поскоро да го дефинира неговиот статус. На клубот не му се допаѓа неизвесноста бидејќи неговиот договор е пред истекување. Можни заминувања: Раул Асенсио (20 милиони евра според Transfermarkt) Гонзало Гарсија (30) Франко Мастантуоно (45) Брахим Дијаз (35) Едуардо Камавинга (50) Дијаз и Камавинга јасно ставија до знаење дека сакаат да останат. Асенсио се надева дека ќе се бори за останување, но нема да биде лесно и неговиот агент Жорге Мендеш веќе бара нов клуб. Од друга страна, познато е дека заминуваат Гонзало Гарсија и Франко Мастантуоно. Гарсија ќе биде продаден, а Мастантуоно ќе оди на позајмица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБеким Сали оствари средба со државниот секретар за ЕУ на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро МаркосПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали оствари средба со државниот секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос.Во рамки на работната посета на Мадрид, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со државниот секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос. На средбата беше разговарано за напредокот на европската интеграција на Македонија, спроведувањето на Реформската агенда, како и за актуелните случувања во рамките на политиката на проширување на Европската Унија. Министерот Сали се заблагодари за континуираната поддршка што Шпанија ја дава на европската перспектива на нашата држава и ја потврди посветеноста на Владата за продолжување на реформите и исполнување на обврските на патот кон членство во Европската Унија. Двајцата соговорници ја потврдија важноста од блиската билатерална соработка и континуираната координација во европските процеси, изразувајќи подготвеност за понатамошно продлабочување на односите меѓу двете земји. Кабинет на министерот за европски прашањаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter