Мицкоски инсистира извештајот за водата во Гостивар да биде објавен - како влада постапивме експресно во случајот
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун
1Мицкоски инсистира извештајот за водата во Гостивар да биде објавен - како влада постапивме експресно во случајот
2Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун
МакедонијаСДСМ:По Гостивар и над 50 места низ цела Македонија, четири реки, сега и лоша вода во КривогаштаниМакедонија без безбедна вода.По пет недели од труењето на над 5.000 луѓе во Гостивар, по новиот случај, од пред два дена, во Демир Капија и по предупредувањата дека во повеќе од 50 места низ државата нема редовни анализи - еве нов случај. Во јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани утврдено е присуство на бактеријата Escherichia coli, интестинални ентерококи, Pseudomonas aeruginosa и зголемен број на колиформни бактерии. Водата и од оваа јавна чешма не е безбедна за пиење. Ова веќе е системски колапс. Гостивар. Демир Капија. Кривогаштани. И уште десетици места за кои јавноста нема никакви информации. Додека премиерот Мицкоски оди на увид на фекална канализација во Идризово и држи здравици преку посредници, граѓаните низ цела Македонија продолжуваат да пијат вода со фекални бактерии. За Гостивар сè уште нема официјален документ со кој се потврдува чистотата на водата и комплетна анализа. Сè уште нема одговорна личност која стои зад таа одлука - освен „чувството“ на Мицкоски. Сè уште Обвинителството не дало одговор кој дозволил Гостивар со недели да пие отруена вода. Одговорноста не може вечно да се избегнува. Скопје, 16.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски инсистира извештајот за водата во Гостивар да биде објавен - како влада постапивме експресно во случајотВодата во Гостивар втор ден е безбедна за пиење, но власта и опозицијата продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат кој е одговорен за нејзиното загадување. За премиерот Мицкоски критиките од СДСМ до власта за состојбата со водата во Гостивар, се неосновани и политичка стратегија на опозицијата. Истрагата на МВР и Обвинителството за водата во Гостивар вели се уште трае, и не се исклучува можноста таа да биде проширена, а Владата според него направила со робусна акција го прочистила системот и повторно го вратила во надлежност на Општина Гостивар. Коментирајќи ги прозивките од СДСМ, зошто властите се уште немаат официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата во Гостивар е здрава за пиење, Мицкоски е категоричен. -И јас инсистирам да се објави извештајот. Зачуден сум зошто првоповиканиот во случајот, а тоа е градоначалникот на Општина Гостивар, никако не можете да го сретнете во соопштенијата на СДСМ. Мислам дека истрагата може да придонесе да имаме и други кои исто така би биле вплеткани во овој случај, односно за коишто Обвинителството и МВР во текот на истрагата ќе констатираат дека имаат некаков удел, учество во сето ова. Но исто така сум зачуден зошто истите тие социјалдемократи по допрен глас во минатото има и други извештаи за неквалитетна вода во Гостивар, но и во други општини низ Македонија, како Прилеп, Крушево итн. Кога некои други биле министри, кога некои други биле директори, не поднесат против нив. Зошто против нив не поднесат?, изјави Мицкоски. Од СДСМ, пак, и денеска прашуваат зошто надлежните одбиваат јавно да покажат анализа или извештај- кој гарантира дека водата во Гостивар е безбедна. Која институција направила анализа на водата и какви се резултатите, додаваат меѓудругото од опозициската партија. -Мицкоски се врати од екскурзијата ама повторно не отиде во Гостивар, не отиде кај граѓаните кои повеќе од еден месец пиеја загадена вода. Од Скопје прати експертско уверување дека водата во Гостивар е безбедна и дека водоводниот систем го исчистиле „како никогаш досега“. После Тошковски и Ангелов, сега и Мицкоски е експерт за чистење на водоводни системи. Но владата одбива да покаже анализа или официјален резултат за водата во Гостивар. Зошто се уште нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е чиста и здрава за пиење?, изјави Штерјова од СДСМ. За загадената вода со фекалии Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководни позиции во Јавното претпријатие „Комуналец“, добија 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека со одредени дејствија поврзани со водоснабдителниот систем во Гостивар овозможиле мешање на загадена вода со водата од системот за пиење. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
МакедонијаПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во СолунОсновниот кривичен суд во Скопје определи 30-дневен притвор за македонски државјанин, осомничен дека бил дел од мрежа за набавка и транспорт на 325 килограми марихуана, запленети пред два дена во Солун.Обвинителството го товари осомничениот за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, како и за организирање на транспорт на дрогата, скриена во бали со рециклирана хартија во камионска приколка. Според истрагата, целата шема започнала уште кон крајот на февруари годинава, кога осомничениот набавил товарно возило, а потоа и приколка, кога го договорил и наводниот превоз –транспорт на рециклирана, пресувана хартија од Македонија кон Турција, преку Бугарија. Откако осомничениот ги завршил царинските формалности, со товарното возило и приколката ја напуштил Македонија, но наместо да продолжи кон Турција, тој свртел кон Грција и стигнал до Солун, каде приколката била оставена на изнајмен, затворен плац. Таму се сретнал со двајца осомничени против кои во Грција се води постапка а еден од нив, се уште не недостапен за органите на прогонот. Дрогата ја сместиле во претходно направени отвори во балите со рециклирана хартија токму на плац во Солун каде марихуаната и била откриена и заплената. „Јавниот обвинител оцени дека доколку осомничениот биде оставен да се брани од слобода, може да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз соучесници и сведоци или да го повтори кривичното дело. Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беше доставен предлог за определување мерка притвор", се вели во соопштението на Обвинителството. Случајот е дел од меѓународната полициска акција „Вардарис", во рамки на која пред два дена во Солун беа уапсени македонски и косовски државјанин. Целата акција е резултат на четиримесечна предистрага на полициските служби за борба против недозволена трговија со дрога на Македонија, Косово и Грција. Тагови: дрога марихуана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
МакедонијаМОН: И на власт и во опозиција - СДСМ поддржува и пропагира противзаконско работењеОбид за манипулација со јавноста е тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори.Реакција на прес конференција на политичката партија СДСМ Обид за манипулација со јавноста е тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори. Структурата на Државниот просветен инспекторат е идентична како во времето кога тие управуваа со институцијата, но тогаш не ги спомнуваа имињата на истите инспектори кои денес се обидуваат да ги оцрнат. Основна законска надлежност на Државниот просветен инспекторат е да спроведува редовни контроли врз работењето на образовните установи и да постапува по претставки и иницијативи на граѓани, кои пак, се распределуваат во зависност од моменталниот расположлив кадровски капацитет на институцијата. Се разбира, секаде кадешто ќе се констатираат неправилности, се преземаат соодветни мерки, а НЕВЕРОЈАТНО е како оваа политичка партија секогаш застанува во одбрана на противзаконското работење и поддржува непочитување на правниот систем. Нерегуларности се констатирани и во работењето на средното училиште „Панче Арсовски“ кое денес беше посочено на прес конференцијата на СДСМ и секако дека и таму се постапува како што наложуваат законските прописи. Таквото постапување оваа партија го смета за политичка пресметка. Тоа го кажуваат јавно и на прес конференции и всушност пропагираат искривени вредности. Очигледно е дека нивната болка е што конечно образованието го добива потребното внимание од една Влада. Стопиран е слободниот падот и расчистен е хаосот кој го создадоа четири министри за образование во седумгодишното владеење на СДСМ. За две години вложени се над 70 милиони евра во образовната инфраструктура, набавени се нови наставни програми, учебници има по сите предмети и се достапни на 1 септември, унапредена е инклузивноста, системот на стипендирање ученици и студенти, донесена е нова законска регулатива усогласена со европското право. Се залагаме за воведување на концептот на едносменска ефективна настава во сите училишта кадешто е тоа возможно. Зголемени се платите на наставниците за над 20%. По однос на училиштата во руралните средини кои сами времено се затвораат поради тоа што немаат запишани ученици, ќе ги потсетиме тоа е резултат токму на нивните погубни политики поради кои во седум години го намалија бројот на ученици за 17 илјади! Актуелната Влада и раководството на МОН остануваат посветени кон градење квалитетен образовен систем и ниту едно лажно обвинување и обид за опструкција, нема да нé поколеба да продолжиме да го јакнеме образованието - основниот столб на севкупниот развој и работиме во интерес на најмладите и на државата во целина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook