Македонската навигација стави во употреба нов систем за посигурно небо,од есенва во функција и новиот радар
2Македонската навигација стави во употреба нов систем за посигурно небо,од есенва во функција и новиот радар
3Во 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
Македонија Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почналМВР засега нема поднесено пријава во случајот со објавите на социјалните мрежи дека водата во Скопје е загадена.Досега 13 лица биле повикани на информативен разговор за ширење на паниката со наводноот загадуваењ на водата за пиење..Од МВР велат дека Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи да ги следи објавите на социјалните мрежи за евентуално ширење дезинформации и предизвикување паника. Предмет засега нема отворено ниту Обвинителството. Оттаму за Канал 5 велат дека се чека полицијата да утврди дали во конкретните случаи постојат елементи за понатамошно постапување. Доколку МВР поднесе пријава, Обвинителството ќе постапи во зависност од тоа дали и какво кривично дело евентуално ќе биде утврдено. И покрај информациите што пред два дена се појавија во јавноста за квалитетот на водата од градскиот водовод и предизвикаа вознемиреност кај дел од јавноста, денеска меѓу скопјани нема паника. Граѓаните со кои разговаравме велат дека не стравуваат и продолжуваат да ја пијат водата од градскиот водовод. Објавите за наводно присуство на бактеријата „ешерихија коли“ во скопската вода завчера брзо се проширија на социјалните мрежи. Информациите потоа беа демантирани од ЈП „Водовод и канализација“, Министерството за здравство и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кои беа децидни дека водата во скопје е безбедна и дека редовно се следи состојбата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАлварез им признал на соиграчите дека направил грешка, се подалеку од БарселонаНапаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулиан Алварез им признал на соиграчите дека направил грешка, трансферот во Барселона изгледа сè помалку веројатен. По повеќенеделната сага, Аргентинецот го промени ставот и сега сè повеќе ја прифаќа можноста да остане во Мадрид. Хулијан Алварез почна да ја прифаќа можноста дека ова лето нема да заврши во Барселона и направи важен чекор кон смирување на ситуацијата во соблекувалната на Атлетико Мадрид. Аргентинскиот напаѓач разговарал со своите соиграчите и им признал дека направил грешка во начинот на кој постапил во врска со интересот на каталонскиот клуб. Според извештаите на шпанските медиуми, Алварез претходно не разговарал со соиграчите за својата ситуација на овој начин. Со признавањето на грешката Алварез го увери тимот дека неговата посветеност кон Атлетико нема да биде доведена во прашање, без оглед на тоа колку долго уште ќе остане во Мадрид. Без разлика дали станува збор за неколку дена или за една или повеќе сезони, Аргентинецот нагласи дека интересите на клубот ќе ги става пред сè друго сè додека го носи неговиот дрес. Овој став практично ја исклучува можноста за какви било бунтовнички потези доколку Атлетико продолжи да го блокира трансферот во Барселона. Алварез конкретно призна дека неговото однесување и начинот на кој се изразувал за време на сагата околу трансферот не секогаш биле идеални.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
КултураЧиј бил предлогот Струшките вечери на поезијата да се спои со Центарот за култура во Струга? Чија била идејата Националната установа Струшки вечери на поезијата да се припои кон Центарот за култура „Браќа Миладиновци„ во Струга? Поранешниот министер за култура – Зоран Љутков, во чиј мандат бил поднесен предлогот, а кој вчера од струга беше критикуван и од претседателката, појаснува дека оваа иницијатива била дел од Владината програма за оптимизација на културните установи кои немале доволен капацитет за самостојно функционирање.. Тој тврди дека во случајот претседатлката сиљановска давкова била погрешно брифирана. -Начинот на кој што ова беше пренесено во јавноста е дезинформација. Се работи за оптимизација на установи кои што имаат по неколку вработени и работат по неколку дена во неделата а се во одделен објект, и ова е со цел да работат поефикасно и во поглед на ресурсите, но и да се зајакне стручниот кадар а не само административниот. Предлогот да се фузираат две институции во една дојде од двата директори на НУ Струшки вечери на поезијата. Кога побарав писмено да ја поднесат иницијативата пред предлогот да дојде на Владина седница, тие тоа не го сторија и точката се повлече,- - Зоран Љутков, поранешен министер за култура. Од друга страна директорот на Струшките вечери на поезијата – Никола Кукунеш тврди дека од установата никогаш не поднеле такво барање, бидејќи како што вели, тоа би значело губење на независноста на установата. -Ние не поднесовме такво барање, бидејќи не сакаме установата да ја изгуби својата независност. И во минатото и сега мислам дека покажавме дека оваа установа е важен културен фактор во државата. Иако би сакале во иднина да растеме како установа, засега немаме проблем со ресурсите во функционирањето,- -Никола Кукунеш, директор на НП Струшки вечери на поезијата. Покровителката на Струшките вечери на поезијата – претседателката Гордана Сиљановска Давкова, при вчерашната посета на Струга изрази силно незадоволство од ваквиот предлог, што го оцени како некултурен однос од страна на Министерството за култура. -Страшно е да дојде тоа од некоја институција што не разбира што е култура, ама да дојде од министерство за култура, навистина е за мене целосно неразбирливо. Тогаш веројатно оние во културата не разбираат што е култура,- -Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија. Со оглед на тоа што предлогот не поминал на владината комисија, засега статусот на националната установа Струшки вечери на поезијата не се менува.. инаку, Како културен фестивал Струшките вечери на поезијата се одржуваат веќе 65 години прераснувајќи во меѓународна манифестација на која присуствувале илјадници поети од целиот свет. За животна поетска дејност, од фестивалот се оддава и признание– наградата „Златен венец„ која ја добиле и светски реномирани поети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонската навигација стави во употреба нов систем за посигурно небо,од есенва во функција и новиот радарСо растот на водзушниот сообракај и се поголемиот број летови над македонското небо, М-НАВ го надградува системот клучен за управувањето со воздушниот сообраќај. Од денеска во фунција е новиот АТМ систем, кој според директорот на М-НАВ Владимир Ристески треба да донесе поголема автоматизација, подобра презентација на податоците и нови современи алатки за контролорите. Очекувањата се надградениот систем да го намали оперативното оптоварување и да се овозможи поголем број на воздушни операции без компромис во безбедноста. -Една од најважните придобивки од новиот систем е што неговите современи функционалности овозможуваат намалување на оперативното оптоварување на контролорите на летање, т.е. таканаречениот workload на контролорите на летање. Тоа директно влијае врз зголемување на капацитетите на македонскиот воздушен простор, односно врз бројот на воздухоплови кои нашата контрола на летање може безбедно да ги прифати и опслужи во одреден временски период,- Владимир Ристески – директор на М-НАВ. Модернизацијата на М-НАВ, како што посочи Ристески, ќе продолжи и во наредниот период. Планирани се нови системи и за полетно-слетните операции, нови ВОР-навигациски уреди, како и нов систем за побрза размена на воздухопловни пораки со соседните контроли на летање. До октомври се очекува да биде ставен во фукција и новиот радар на скопската контролна кула, кој моментално е во фаза на тестирање. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се осврна на историјата на набавка на АТМ системот и на радарот, посочувајки дека процесот бил заглавен со години од страна на претходното раководство. -Набавката е започната уште во 2014-та година, а договорот е склучен во 2018-та година со италијанската компанија Леонардо. Од 2018-та до 2024-та година нема никакви активности, со тоа се позанимаваа истражните органи во изминатиот период. Слична е и судбината со радарот. Имено, радарот првпат договорот е потпишан во 2022-рата година, но до 2024-тата година нема никакви активности. Во 2025-тата година новото раководство на М-НАВ започна со активности, градежни активности и сите потребни останати активности за целосна инсталација на новиот радар,- Александар Николоски – вицепремиер и министер за транспорт. Во првите шест месеци годинава, како што посочи Николоски, низ македонскиот воздушен простор поминале 173 илјади воздухоплови, од кои 42 илјади биле само во месец јули. Во споредба со истиот период лани, бројот е зголемен за 12,2%. Во однос на позајмицата од 7 милиони евра која М-НАВ ја дало на Јавното претпријатие за државни патишта, Николоски посочи дека станува збор за редовна финансиска операција меѓу јавни претпријатија и дека средствата биле вратени вчера, иако рокот за позајмицата бил до октомври. Тагови: МНАВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook