„Само Вистина“ - интервју со Владимир Милчин - Канал 5

„Само Вистина“ - интервју со Владимир Милчин

Во вечерашната „Само Вистина“ гостуваше Владимир Милчин .

„Само Вистина“ - интервју со Владимир Милчин

Менувањето на новиот состав на европскиот совет во овој момент е лошо за земјава, наместо да се намали ризикот на половина пат од зацртаната цел сега стравуваме дека може повторно да западнеме во една бездна, објаснува Милчин.

И да ја примил и разбрал премиерот пораката дека треба да има голема „чистка“, не сум убеден дека ист фидбек добивме и од коалициониот партнер ДУИ, една реална самокритика не слушнав досега, вели Милчин.

Видливо е дека Собранието се уште го нема преземено својот авторитет, брзајќи во целите процеси не се помисли на прашањето колкава цена ќе се плати за Преспанскиот договор и кој се ќе биде инволвиран за да се направи таа жртва, смета Милчин.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итен состанок на директорот на ЦИА со шефот на разузнувачката служба на Полска: Заканата е сѐ поголема

Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, разговараше со полскиот министер за разузнавање, Томаш Симонијак, додека расте загриженоста за заканата што Русија ја претставува за НАТО.

Итен состанок на директорот на ЦИА со шефот на разузнувачката служба на Полска: Заканата е сѐ поголема

Симонијак рече дека имал „многу важен состанок“ со Ратклиф, по што ги споделил „најважните информации во врска со безбедноста на Полска“ со премиерот Доналд Туск, без да даде детали, објави „Индипендент“.

„Полско-американскиот сојуз е силен и непоколеблив“, додаде тој во објава на платформата X. „Тесната соработка на нашите разузнавачки служби е еден од неговите темели“.

Средбата доаѓа во време кога САД ги обновуваат дипломатските напори за завршување на војната во Украина, која ја вовлече Полска директно во конфликтот поради зголемената фреквенција на руски беспилотни летала и борбени авиони во воздушниот простор на источна Европа во последните две години.

Како дел од напорите за постигнување мировен договор, Доналд Трамп одржа едночасовен телефонски разговор со Владимир Путин, за време на кој ја повтори својата желба за „брз крај на војната во Украина“, соопшти Кремљ. Во меѓувреме, украинскиот министер за одбрана изјави дека Украина е на добар пат да набави околу 1.000 противвоздушни ракети „Патриот“ од американско производство со помош на сојузниците и заем од Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж фрла ѓубре во реката Радика (ВИДЕО)

Каде се институциите, прашуваат на социјалнит емрежи, откако беше објавено видеото на маж како фрла ѓубре во реката Радика. 

Маж фрла ѓубре во реката Радика (ВИДЕО)

На видеото се гледа маж, кој излегува од бело комбе и полека си фрла ѓубре во реката Радика, без никаков страв или грижа на совест.

Радика, инаку се смета за една од нашите најчисти реки и е заштитена со закон. Закон, што не важи за поеднинци, кои ја сметаат за обично буниште.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Антонели на оригинален начин ја прослави првата победа во Ф1 во Монца (ВИДЕО)

Кими Антонели однесе голема победа на Големата награда на Италија во Монца. 

Антонели на оригинален начин ја прослави првата победа во Ф1 во Монца (ВИДЕО)

20-годишниот Италијанец стигна до победата откако стартуваше на 19-то место, а подоцна го прослави својот успех пред домашната публика на многу италијански начин - јадејќи тестенини од победничкиот трофеј.

Од 19-то место до победа

Антонели ја започна трката на 19-то место по казната за промена на делови од погонската единица. Веќе во првите кругови почна да се пробива низ пласманот, а по раниот прекин на трката поради несреќата на Шарл Леклер, продолжи да напредува.

Клучен момент се случи на средината од трката за време на виртуелното безбедносно возило. Антонели отиде во боксот по нови средно тврди гуми, додека неговиот колега Џорџ Расел остана на патеката со постари гуми. Антонели го стигна и го престигна четири круга до крајот и ја однесе победата. Расел заврши втор, а Макс Верстапен трет.

@kimi.antonelli Not sure there’s a better place to enjoy some ragù 🍝 #f1 #formula1 #kimiantonelli #monzagp ♬ original sound - Andrea Kimi Antonelli

Така Антонели стана првиот Италијанец по Лудовико Скарфиоти во 1966 година кој ја освоил домашната трка во Монца.

„Како сон од кој не сакам да се разбудам“

Денот по трката, Антонели објави фотографии од прославата на Инстаграм и опиша колку му значеше победата пред домашната публика. „Тешко е да се опише вчера, се чувствувам како да сонувам со отворени очи. Она што го доживеав е нешто што никогаш нема да го заборавам. Подиумот во Монца е тешко да се опише со зборови, исто како топлината на сите фанови и тоа бескрајно море од луѓе“, напиша тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер