Судење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случај
2Судење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случај
3Акција во 66 локали и казина: Алкохол се точел на малолетници, игри на среќа се приредувале нелегално
Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
3Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
Магазин Родителите најчесто се поголем „проблем“ од децатаДетето најчесто се однесува по образецот што настанал во семејството, а не поради неговата „своеглавост“, „мрзеливост“ или „непослушност“ – пишува Миро Пандур, мултимедијален дизајнер, едукатор и авторДетето најчесто се однесува по образецот што настанал во семејството, а не поради неговата „своеглавост“, „мрзеливост“ или „непослушност“ – пишува Миро Пандур, мултимедијален дизајнер, едукатор и автор на курсевите со содржини од психологија, дизајн и технологија. Кога детето е непослушно, има проблем во школо, дома или на тренинг, првиот рефлекс на возрасните е „Што не е во ред со него“, па се испраќа кај педагогот, психологот, наставникот, инструкторот... Од него се очекува да биде мирно, послушно, концентрирано, културно, одговорно. По одредено време, станува јасно дека изворот на проблемот не е детето. Како кога ќе светне светло на контролната табла од автомобилот, светлото не е проблем, туку предупредување дека нешто во системот не функционира. Овој српски едукативен советник, наведува дека сè повеќе сериозно треба да се работи со родителите, не во смисла да се прогласат за неспособни, неподобни или да се понижат, туку затоа што најголем дел од моделот на однесување детето го учи токму од нив. Детето не расте изолирано Секое дете дома учи што е нормално. Ако се вика во домот, тоа учи расправијата да ја реши со викање. Ако сè се добива веднаш, тоа учи дека не мора да чека. Ако родителот постојано попушта, детето учи дека границата е почеток на преговори. Ако родителот го штеди детето од обврски, ги решава сите негови непријатности, тогаш детето не развива отпорност. Ако постојано се фали без мерка, тоа не развива реална слика за себе. Ако постојано е критикувано, развива несигурност. Ако наместо разговор во кое би било сослушано, му се нуди екран, како замена за игра, внимание, досада, тогаш детето потешко развива трпение и внатрешна контрола. Со други зборови, детето станува „такво“ во одредена средина. Секое дете има карактер, темперамент, чувства и свои особености, но семејството е првиот простор во кој се формираат овие квалитети. Зошто е потешко да се променат родителите? Со децата често може да се работи побрзо. Кога децата се чувствуваат сигурно, јасно и доследно, тие можат изненадувачки брзо да го променат своето однесување. Тие сè уште учат, се прилагодуваат и бараат ориентација. Кај родителите е потешко бидејќи потребно е да препознаат што прават погрешно, а тоа не е лесно, го засега егото. Родителот најчесто не го слуша советот како помош, туку како обвинување. Тие не слушаат: „Можеме подобро“, туку: „Ти си лош родител“. Затоа реагираат одбранбено: Школото е виновно, наставникот, општеството, телефонот е виновен, другите деца се виновни. Времето во кое живееме е виновно. Сето ова може да има влијание, но сериозното воспитување започнува само кога родителот ќе се запраша:„Што учи моето дете секојдневно гледајќи ме?“ Родители кои премногу го штитат своето дете Еден од големите современи проблеми е родител кој сака да го заштити детето од секоја тешкотија. Таквиот родител решава домашна задача, се јавува кај наставниците за секоја оценка, ја оправдува секоја грешка на детето, го прекинува секој конфликт пред детето да научи нешто од тоа. Намерата често не е лоша. Родителот го сака детето и не сака да страда. Но, детето чиј пат постојано се чисти не учи да оди по нерамна земја. Кога ќе дојде вистинскиот живот, таквото дете лесно се распаѓа при првото сериозно одбивање, неуспех или критика. Заштитата е неопходна, но прекумерната заштита може да стане пречка за развојот. Детето мора да има право да направи грешка, да сноси последица, да се обиде, да му здодее, да чека и да го поправи она што го скршило. Родители кои го користат детето како свој продолжеток Постојат и родители кои го користат детето за да ги лечат сопствените амбиции. Детето мора да биде најдобро, најпаметно, најталентирано, најуспешно. Неговиот успех станува доказ за неговата вредност кај родителите, а неговиот неуспех родителски пораз. Таквото дете не се чувствува сакано поради тоа што е, туку поради она што го постигнува. Тоа почнува да живее под притисок на сликата што родителот сака да ја покаже пред светот. Наместо воспитување, се создава проект. Наместо дете, создава излог. Таквото дете губи контакт со себе, се прашува што сакаат другите од него, а сè помалку кој сум, што чувствувам, што можам да направам, како треба да се развивам... Училиштето не може да го замени семејството Од училиштето често се очекува да го поправи она што со години дома било запоставувано. Наставникот треба да го научи детето на ред, почит, концентрација, одговорност, емпатија, работни навики и култура на однесување. Секако, училиштето има образовна улога. Но, училиштето не може да го замени родителскиот дом. Ако детето дома нема граници, училиштето ќе му изгледа како непријател. Ако дома не исполнува обврски, домашната задача ќе му изгледа како насилство. Ако дома никој не разговара со него, зборовите на наставникот тешко ќе стигнат до него. Ако дома, родителот го поткопува авторитетот на наставникот пред детето, детето нема да го почитува учењето. Родителот не мора да биде совршен, но мора да биде присутен. Да сослуша без прекинување и осуда, да препознае емоции кај детето без да ги минимизира, смирено да постави граници, да покаже интерес за неговото секојдневие, да се извини кога ќе погреши, да одвои време за да се поврзе со него преку некаква активности интересна за детето, да му даде чувство дека е безусловно сакано. Детето често е симптом, а не причина Кога детето постојано пркоси, може да станува збор за потреба од граници. Кога постојано бара внимание, можеби не добива доволно внимание таму каде што најпотребно. Кога лаже, можеби премногу се плаши од реакцијата на возрасните. Кога е агресивно, можеби не знае како да ја изрази својата беспомошност на друг начин. Кога е „мрзливо“, можеби е обесхрабрено, преоптоварено или никогаш не ги научило навиките за работа чекор по чекор. Одговорноста не е исто што и етикетирањето. Да му се каже на детето „непристојно си“ не е исто што и да се каже: „Ова однесување не е во ред и сега ќе научиме како да го правиме поинаку“. Работата со родителите не е напад врз родителите Важно е да се биде искрен: воспитувањето денес не е лесно. Родителите се уморни, под стрес од кредити, работа, несигурност, дигитален хаос, социјална споредба и постојано чувство дека не се доволно добри. Многу родители немале здрав модел на родителство, па затоа денес импровизираат. Затоа работата со родителите не треба да биде лов на виновници. Треба да биде поддршка, огледало и повик за зрелост. Понекогаш треба јасно да му кажете на родителот: „Тука треба да бидете подоследни.“ Понекогаш: „Премногу контролирате.“ Понекогаш: „На вашето дете не му требате како адвокат во секоја ситуација, туку како родител.“ Понекогаш: „Треба да научите да слушате без да мавтате со раката, да се потсмевате или да експлодирате.“ Родителот кој се менува не го губи авторитетот. Напротив, го добива. На детето не му треба совршен родител, туку возрасен кој знае да признае грешка, да постави граница, да го одржи зборот и да сака без уцена. Што може родителот веднаш да промени? Помалку оправдување, повеќе одговорност. Не го бранете детето од секоја последица. Помалку екран како замена за воспитување. На децата им е потребен разговор, игра, обврски и досада. Појасни граници. Границата што се поместува секој пат престанува да биде граница. Повеќе слушање. Детето кое чувствува дека е слушнато полесно прифаќа насока. Помалку споредби. Споредбите со другите честопати не мотивираат, туку повредуваат. Повеќе личен пример. Децата го читаат однесувањето на своите родители подобро од нивниот разговор. Најголемата промена започнува кога родителот ќе престане да прашува што му е на детето, туку почнува да ја гледа целосната слика: домот, ритамот, разговорот, границите, навиките, сопствениот стрес, сопствените реакции. Кога родителот ќе почне да се менува, детето ја чувствува разликата. Кога родителот станува посмирен, појасен, подоследен и поприсутен, детето добива побезбедна рамка. А во безбедна рамка, детето се развива полесно. Затоа можеби едно од најважните прашања на модерното воспитување е следново: не како да се поправат децата, туку како да им се помогне на возрасните повторно да ја преземат својата родителска улога.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ ги продолжува контролите на зелените пазари, досега запленети 5 тони небезбедна храна Пет тони небезебедна храна, овошје и зеленчук биле запленети на пазарите во Ѓорче Петров и Зелен пазар, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Првиот човек на АХВ Оливер Миланов, објаснува дека станува збор за спречување на нелегална продажба на храна надвор од организираните пазарни простори. За продавачите внатре во пазарите е во ред и треба да има контрола, објаснуваат дека тие плаќаат годишно за една теза шест илјади денари, а мораат да земаат и до три четри тезги, а плаќаат и други давачки. И купувачите велат дека надвор од пазарите цените се по 20 денари поевтини. Од АХВ најавуваат продолжување на контролите на локациите околу пазарите. И покрај забраните денеска повторно на тротоарите се продаваа производи. Продавачите објаснуваат дека тие продаваат неколку дена и немаат исплатливост за земање на тезга. Инспекторите потенцираат дека самото продавање надвор од пазарите не значи дека секој производ е небезбеден, но непознатото потекло и несоодветните услови за чување се причини за претпазливост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСудење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случајОбвинителството го оспорува ангажманот на вештакот Петре Русески кој по барање на одбраната го работеше градежното вештачење за случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. На денешното рочиште за пожарот во судницата во Идризово, обвинителката Наташа Сарамандова рече дека вештакот Русевски бил обвинет за лажен исказ во друг случај, па го повика Русевски самиот во судницата да одговори дали треба да биде изземен во ова вештачење. -Јавното обвинителство пред да ангажира вешто лице во постапката прави проверки – Дали против него се води постапка или било осудувано тоа лице. Па очекуваме тоа да го прават и другите странки во постапката. Бидејќи е обвинет за лажно вештачење, Русески самиот да каже дали треба да биде изземен од случајот. – Обвинителство. Русевски во судницата потврди дека против него и уште неколку вештаци се води друг случај за лажно вештачење, но рече оти смета дека тој не треба да биде изземен од овој случај. -Да, така е. Сите работиме по закон. Инаку 11 вештаци се обвинети за лажен исказ, врз основа на изјава на еден вештак. И тоа е обвинение што две години нема рочиште. Не сметам дека треба да бидам изземен.- Градежен вештак Петре Русевски. На овие обвинувања на обвинителството реагираше и одбраната – велат дека обвинителите го малтертираат и навредуваат вештакот, бидејќи всушност немаат релевантни прашања за него. Русевски денеска одговарајќи на прашања, меѓу другото, рече и дека материјалите во дискотеката не придонеле за побрзо ширење на пламените јазици, како и дека не може да се согласи дека била направена градежна реконструкција во дискотеката, во периодот кога таа се реновирала. Судењето за пожарот во дискотеката Пулс во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени со изведување на докази на одбраната, ќе продолжи на 21 октомври. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкција во 66 локали и казина: Алкохол се точел на малолетници, игри на среќа се приредувале нелегалноЈа научивме ли лекцијата од „Пулс“? Работење без потребни одобренија, нерегистрирана дејност, недостатоци во противпожарна заштита и неиздавање на фискални сметки, синоќешната акција на МВР, ДЗС и неколку инспекторати извади на површина бројни прекршувања на законот ширум земјава. Во акцијата се „чешлале“ угостителски објекти, казина и обложувалници. По полноќ биле затекнати малолетници на кои им се точел алкохол, се пушело во затворен простор, биле фатени обезбедувачи без лиценца и легитимација, како и странски државјани без регулиран престој и незаконско организирање на игри на среќа. Изречени се три глоби и приведени се четири лица. -При контролите, во еден објект е затекнато лице кое вршело дејност обезбедување без лицента и легитимација, а во друг е нарушен јавниот ред и мир. Во еден објект се затекнати четири малолетни лица по 24:00 часот, а во два објекти е констатирано точење алкохол на малолетници. МВР продолжува со засилени и координирани контроли во со угостителските објекти и казината, во соработка со надлежните институции, со цел откривање и санкционирање на незаконските дејствија, доследно почитување на законите и поголема безбедност на граѓаните,- -Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Ден претходно, на удар на полицијата се најдоа лица поврзани со нарко-криминалот. Извршени се претреси на 47 локации во земјава, во кои приведени биле 16 лица. При претресите била пронајдена поголема количинина на марихуана, кокаин, од кој дел бил подготвен во грамажа за препродажба. Биле пронајдени и пиштоли, пушки и разновидна муниција, како и парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека биле дел од претходни кривични дел. За ова поднесени се 11 кривични пријави за делата „ неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“. Од обвинителството велат дека акциит се во координација нив и дека по истите се постапува. Покрај тоа, полицијата имала работа и на патиштата - уапсила едно лице кое возело со 2,04 промили алкохол во крвта во прилепско. Двајца српски државјани пак биле лишени од слобода на ГП Табановце, откако Сејф Сити ги детектирал дека возеле речиси 100 кмч повеќе од дозволеното на патот Демир Капија – Гевгелија. Едниот возел 170, а другиот 175кмч, на делница каде ограничувањето е 80 кмч. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16