Клековски во Софија: Ќе се дознае ли вистината за здравствената состојба на Михаилова? - Канал 5

Клековски во Софија: Ќе се дознае ли вистината за здравствената состојба на Михаилова?

Ива Михаилова е фантом пациент според „Мој термин“, бидејќи докторот нема креирано упати и закажани прегледи, електронски не е заведена во системот откако била прегледувана.

Клековски во Софија: Ќе се дознае ли вистината за здравствената состојба на Михаилова?

Ова е констатирано во извештајот на инспекторите од ДСЗИ, потврдува за Канал 5 Директорот на Клиниката д-р Јован Божиновски кој додаде дека пристигнато е и решение за платен налог за д-р Иван Барбов со чиј што извештај Михаилова тврди дека немала услови за лекување во Македонија.

Од Инспекторатот засега не споделуваат детали за тоа што се е најдено во медицинското досие во хартиена форма и како воопшто било констатирано дека за Ива Михаилова немало услови за лекување во Македонија, но извесно е дека инспекторите ќе одат во сите болници во Македонија каде што таа била лекувана.

Д-р Барбов денеска не одговори на нашите повици, но во порака дека службата на „Мој термин“ треба да каже дали воопшто таа можела да биде евидентирана или не, откако во претходна изјава за Канал 5 кажа дека Михаилова немала здравствено осигурување во Македонија, туку бугарско, а методот на лекување што ѝ го препорачал најблиску го имало во соседна Бугарија каде што и била осигурена.

Михаилова е хоспитализирана во болницата „Пирогов“ во Софија, откако избега од Македонија токму кога требаше тим од лекари од таму да дојдат и стручно да ја дефинираат дијагнозата и начинот на третман. Од „Пирогов“ и по една недела откако таа е таму не сакаат да дадат информација дали се готови и што покажале високоспецијализирани испитувања.

Не можам да ви дадам никаква информација. Пријатен ден!

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска е во Софија, а иако пред медиумите најави дека со министерката за здравство на Бугарија, Катја Ивкова, ќе разговара и за случајот со Михаилова денеска не беше достапен за јавноста.

Од Министерството испратија соопштение Министерот таму потпишал План за соработка за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во областа на здравството и медицинските науки, врз основа на еднаквост, реципроцитет и заемен интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мурињо го собори рекордот на Ла Лига

Реал Мадрид убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ вчера вечерта во 12-то коло од Ла Лига, а со таа победа тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. 

Мурињо го собори рекордот на Ла Лига

Тоа беше 97-ма победа на Португалецот во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти.

Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето нема поголем процент на победи во таа категорија. Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти.

Флик има уште подобар процент

Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1% (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 водени натпревари. Флик забележа 69 победи во 87 натпревари.

1. Ханси Флик - 79,3 % (69 победи во 87 натпревари)

2. Жозе Мурињо - 77% (97 победи во 126 натпревари)

3. Пеп Гвардиола - 76,3 % (116 победи во 152 натпревари)

4. Карло Анчелоти - 71,1 % (162 победи во 228 натпревари)

Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28-та минута, а Арда Гулер го дуплираше водството во 36-та минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 75-та минута. За мадридскиот тим ова беше осма последователна победа во сите натпреварувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)

Бројот на жртви во големата железничка несреќа во Египет се искачи на седум, а 112 лица се повредени, соопштија египетските власти.

Се зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)

Несреќата се случила кога четири вагони од патнички воз излетале од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза и се судриле со друг воз, недалеку од Каиро, објави „Араб њуз“.

Локалните медиуми претходно објавија дека 120 лица се повредени, без да ја прецизираат сериозноста на нивните повреди. Некои египетски медиуми објавија дека бројот на повредени е повеќе од 150.

Несреќата се случила во областа Ал-Ајат, по што на местото на настанот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави „Галф њуз“.

Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените.

Како што претходно објави „Ал Арабија“, машиновозачот им подлегнал на повредите. Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да ги спроведе потребните проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека ја следи несреќата со „голема загриженост“ и им нареди на властите да спроведат итна истрага за да „ги повикаат на одговорност сите оние за кои е утврдено дека биле небрежни“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари

„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек.

Финансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари

„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек, само неколку дена откако хакерите украдоа криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари од платформата.

„Кајзер Нг одлучи да започне нов потфат по повеќе од пет години во „Бајненс“, со план за транзиција кој беше имплементиран во текот на изминатите шест месеци. Му посакуваме се најдобро во неговото следно поглавје“, рече копретседателката на компанијата, Ји Хе, според „Блумберг“.

Нг се приклучи на компанијата во јануари 2022 година, откако помина околу пет години на друга крипто берза, „Кракен“.

Неговиот наследник, Џастин Јек, претходно беше потпретседател за финансии во компанијата за услуги за плаќања „Ервалекс“.

„Воодушевен сум што ја преземам улогата на финансиски директор во „Бајненс“. Со нетрпение очекувам да го водам финансискиот сектор на компанијата додека продолжуваме одговорно да го шириме нашиот бизнис и да ја постигнеме нашата глобална мисија“, рече Џек во соопштението.

Компанијата претходно објави дека хакерите минатата недела украле 6,3 милијарди долари криптовалути, што беше опишано како најголема кражба во историјата на индустријата.

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) на 31 октомври објави дека Северна Кореја стои зад нападот.

„Бајненс“ по нападот соопшти дека вратила околу 90 проценти од украдените средства и продолжува да работи на целосно обештетување на корисниците.

Нападите врз крипто платформите претставуваат растечки безбедносен предизвик за индустријата која се прошири на глобалниот финансиски пазар во последните години, соопшти американската агенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер