„People's Vaccine Alliance“: 70 земји ќе останат без можност за неоходната вакцинација - Канал 5

„People's Vaccine Alliance“: 70 земји ќе останат без можност за неоходната вакцинација

Во извештајот на организацијата “Граѓанска алијанса за вакцини” стои дека 9 од 10 граѓани на сиромашните земји нема да ја добијат потребната вакцина за коронавирус во текот на наредната година доколку не се преземе итна акција и превентивни мерки

„People

Во светската трка за побрза имунизација и побрзо враќање кон нормалниот живот, богатите земји складирале 3 пати повеќе вакцини повеќе од потребното, со што сиромашните земји би се соочиле со сериозни проблеми кога станува збор за вакцинирањето на своите граѓани.

Во извештајот на организацијата “ Граѓанска алијанса за вакцини” стои дека 9 од 10 граѓани на сиромашните земји нема да ја добијат потребната вакцина за коронавирус во текот на наредната година доколку не се преземе итна акција и превентивни мерки. Иако британскиот произведувач Оксфорд- Астра Зеника се обврза 64% од нивните дози да ги дистрибуира во ниско развојните земји сепак првичните анализи велат дека тие нема да бидат доволни.

-Богатите земји складираат и обезбедуваат дози кои воопшто не се во склад со нивната популација. Ние сме загрижени дека ќе гледаме трка за вакцините, со што оние држави кои немаат доволно финансии ќе заостанат позади богатите, велиСтефан Ексо Краишер – директор на организацијата One.

Германската канцеларка Ангела Меркел во своето обраќање утринава во германскиот Бундестаг изјави дека властите нема да можат да обезбедат доволно вакцини на почетокот на 2021 за да постигнат доволен ефект кај граѓаните.

-Надежта е дека вакцинирањето на ризичните групи ќе започне на почетокот на наредната година, но мора да бидеме реални за нашите купувања и дека во првата четвртина на 2021, ние нема да можеме да обезбедиме доволно вакцини за да има значаен ефект кај граѓаните, истакна германската канцеларка Ангела Меркел.

Велика Британија стана првата држава во светот која одобри вакцина за масовна употреба и вчера започна со процесот на вакцинација на своето население. Првиот човек кој ја прими вакцината беше 90 годишната британка Маргарет Кинан а до денес се вакцинирани илјадници останати граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарите се шират на југот на Франција, стотици пожарникари на терен

Пожарите и натаму се шират во неколку француски департмани, особено на југот од земјата, каде што стотици пожарникари продолжуваат да се борат со огнената стихија.

Пожарите се шират на југот на Франција, стотици пожарникари на терен

Во департманот Буш Ди Рон околу 150 пожарникари и денес интервенираат на повеќе локации, а противпожарната служба предупреди дека ризикот од нови пожари останува исклучително висок.

Поради сериозната опасност, властите целосно го забранија пристапот, движењето и работата во 11 шумски подрачја. Префектот на регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег соопшти дека мерката е воведена поради „многу висок ризик“ од избувнување и ширење на пожари.

Ситуацијата дополнително ја отежнува силниот ветер, кој во областите Алпи, Камарг и Кро достигнува брзина до 65 километри на час

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нунјез, изрази сериозна загриженост, истакнувајќи дека сезоната на пожари започнала околу еден месец порано од вообичаено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео- Тајна свадба на годината: Тејлор Свифт и Тревис Келси го кажаа судбоносното „да“ во „Медисон Сквер Гарден“

Пејачката Тејлор Свифт официјално му кажа „да“ на Тревис Келси, а целиот настан беше организиран во најголема тајност.

Видео- Тајна свадба на годината: Тејлор Свифт и Тревис Келси го кажаа судбоносното „да“ во „Медисон Сквер Гарден“

Селена Гомез, Џиџи Хадид и Бредли Купер беа меѓу последните гости што ја напуштија церемонијата на двојката во Медисон Сквер Гарден околу 1 часот по полноќ, објавува Page Six.

Најблиските пријатели на пејачката - вклучувајќи ја нејзината најдобра пријателка од детството Абигејл Андерсон, Селена Гомез, Џиџи Хадид и Ед Ширан - исто така беа дел од овој гламурозен настан.

Познатите личности го напуштаа „Медисон Сквер Гарден“ во различни периоди во текот на вечерта. Том Брејди беше еден од првите славни гости што си заминаа порано, а по него замина и Џорџ Стефанопулос.

Една од најголемите мистерии поврзани со свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси беше разрешена веднаш откако тие го кажаа судбоносното „да“, а таа се однесуваше на изборот на венчаницата и костумите за младенците.

Списанието „Пипл“ дознава дека и невестата и младоженецот носеле уникатни креации од модната куќа „Кристијан Диор Хаутр“ за нивниот голем ден.

Нивните свадбени фустани биле дизајнирани од Џонатан Андерсон, кој тесно соработувал со двојката на нивниот изглед.

Венчаницата на Тејлор е особено значајна бидејќи претставува прва високомодна венчаница што Андерсон ја создал за светски позната ѕвезда.

Своите свадбени комбинации ги заокружија со чевли изработени по мерка од модната куќа „Кристијан Лубутен“, додека Тејлор го комплетираше изгледот со накит од куќата „Картије“. Иако обожавателите со месеци шпекулираа каква венчаница ќе носи Тејлор, одговорот конечно пристигна од една од најпрестижните модни куќи во светот, преку уникатна креација на „Диор“, изработена специјално за најочекуваниот моден момент во нејзиниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Побезбедни и поуредени населби – се обновуваат детските и спортските игралишта во Општина Аеродром

Општина Аеродром продолжува со засилено темпо да ги обновува детските и спортските игралишта низ сите населби, со што се добиваат безбедни, уредени и современи простори за игра, рекреација и дружење.

Побезбедни и поуредени населби – се обновуваат детските и спортските игралишта во Општина Аеродром

Паралелно со санацијата на игралиштата, се реализира и обнова на урбаната опрема, со што јавните површини стануваат пофункционални, поуредени и попријатни за користење од страна на сите генерации.

Со секој реализиран проект, Општина Аеродром создава подобри услови за секојдневниот живот на граѓаните, инвестирајќи во јавна инфраструктура што придонесува за поквалитетно и побезбедно урбано живеење.

Целта е Аеродром да биде општина во која децата безгрижно играат, младите активно спортуваат, а семејствата уживаат во чиста, уредена и современа животна средина.

Општина Аеродром останува посветена на континуирано унапредување на јавниот простор и ќе продолжи со реализација на вакви проекти во секоја населба, затоа што грижата за јавниот простор претставува инвестиција во квалитетот на животот на сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер