Побезбедни и поуредени населби – се обновуваат детските и спортските игралишта во Општина Аеродром - Канал 5

Побезбедни и поуредени населби – се обновуваат детските и спортските игралишта во Општина Аеродром

Општина Аеродром продолжува со засилено темпо да ги обновува детските и спортските игралишта низ сите населби, со што се добиваат безбедни, уредени и современи простори за игра, рекреација и дружење.

Побезбедни и поуредени населби – се обновуваат детските и спортските игралишта во Општина Аеродром

Паралелно со санацијата на игралиштата, се реализира и обнова на урбаната опрема, со што јавните површини стануваат пофункционални, поуредени и попријатни за користење од страна на сите генерации.

Со секој реализиран проект, Општина Аеродром создава подобри услови за секојдневниот живот на граѓаните, инвестирајќи во јавна инфраструктура што придонесува за поквалитетно и побезбедно урбано живеење.

Целта е Аеродром да биде општина во која децата безгрижно играат, младите активно спортуваат, а семејствата уживаат во чиста, уредена и современа животна средина.

Општина Аеродром останува посветена на континуирано унапредување на јавниот простор и ќе продолжи со реализација на вакви проекти во секоја населба, затоа што грижата за јавниот простор претставува инвестиција во квалитетот на животот на сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мистериозни јаболка се појавија на плажа во САД

Десетици јаболка испливаа на брегот во Корола, Северна Каролина, а надлежните претпоставуваат дека овошјето паднало од товарен брод на отворено море. 

Мистериозни јаболка се појавија на плажа во САД

„Corolla Wild Horse Fund“ – организација што се грижи за познатите диви коњи во тој крај – соопшти дека вработените и волонтерите собрале неколку вреќи со јаболка, додека подоцна биле пронајдени и дополнителни количини, вклучително и портокали.

Од организацијата истакнаа дека сличен инцидент се случил пред неколку години, кога морето исфрлило големи количества грицки „Доритос“ на истата плажа.

Јаболката не смееле да бидат оставени таму поради дивите коњи. Иако многумина би помислиле дека јаболката се идеална храна за дивите коњи, организацијата предупредува дека нивното оставање на плажата можело да има фатални последици.

Тие наведуваат дека храната што не е дел од природната исхрана на овие животни може да предизвика гушење или грчеви во дигестивниот систем, што може да биде смртоносно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Пожар во близина на Хвар зафати катамаран со патници

Катамаран во близина на Хвар целосно изгоре вчера, 3 јули, а хрватските пожарникари објавија видео од гаснењето на пожарот. 

Видео: Пожар во близина на Хвар зафати катамаран со патници

Катамараните изгоре во заливот Тиха, во близина на Хвар. На пловилото имало пет лица, кои не се повредени.

Во гаснењето учествуваа пожарникари и Лучката капетанија. Истрагата треба да утврди како настанал пожарот. Како што наведоа во соопштението, придружено со видео од пожарот, сè се случило во заливот Тиха, а пожарот го изгаснале 10 пожарникари.

Тие истакнаа дека биле на терен со едно возило, а во помош им пристигнале и членови на Доброволното противпожарно друштво (DVD) од Хвар. Исто така, помош околу пловилото пружи и Лучката капетанија.

Министерството за море, транспорт и инфраструктура на Хрватска објави .

„Пријава за пожар на поголема двокорпусна едрилица во MRCC Риека е примена во 17:30 часот директно од член на екипажот на едрилицата, за што веднаш биле известени Сплитската пристанишна управа и Канцеларијата на пристанишната управа Хвар, чии службеници, по покана, ангажирале членови на Јавната противпожарна станица ЈВП Хвар, со кои набрзо отпловиле до местото на пријавата“, изјавија тие.

На катамаранот имало пет лица. Како што додадоа, едрилицата со должина од 18,43 метри е во сопственост на локална компанија. На бродот имало пет лица, вклучувајќи три члена на екипажот и двајца патници, и сите биле неповредени. „По пристигнувањето на местото на пожарот, во заливот Тиха, во близина на Стари Град на Хвар, службениците на ИЛК Хвар, поради опасноста од ширење на пожарот кон блиската шума, ја оддалечија запалената едрилица од брегот, а пожарникарите почнаа да го гаснат пожарот, кој ја зафати надградбата на двокорпусна едрилица“, истакнаа тие.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот КИЦ во Загреб и Меѓународната смотра на фолклорот со изложбата „Поздрав од Македонија“ го одбележаа големиот јубилеј – 60 години од Смотрата

Во преполниот изложбен простор на македонскиот КИЦ во Загреб синоќа беше отворена ексклузивната изложба „Поздрав од Македонија – фотографии на македонски фолклорни групи на Меѓународната смотра на фолклорот Загреб“.

Македонскиот КИЦ во Загреб и Меѓународната смотра на фолклорот со изложбата „Поздрав од Македонија“ го одбележаа големиот јубилеј – 60 години од Смотрата

Во преполниот изложбен простор на македонскиот КИЦ во Загреб синоќа беше отворена ексклузивната изложба „Поздрав од Македонија – фотографии на македонски фолклорни групи на Меѓународната смотра на фолклорот Загреб“, реализирана во соработка со Меѓународната смотра на фолклорот Загреб, по повод значајниот јубилеј – 60 години од нејзиното одржување.

Авторки на изложбата се Ивона Опетческа Татарчевска, експерт за заштита на нематеријалното културно наследство во УЗКН и национален координатор за нематеријално културно наследство во УНЕСКО, и Бојана Пољаковиќ Поповиќ, виш стручен соработник во Културниот центар Травно од Хрватска, кои истражувајќи низ дигиталниот репозиториј на Смотрата направија потесен избор преку кој го претставија широкиот спектар на македонски фолклорни групи кои настапиле на Меѓународната Смотра на фолклорот во Загреб.

На свеченото отворање присуствуваа претставници на министерства, дипломатскиот кор, локалната самоуправа, културни институции, македонски здруженија во Хрватска, бројни Македонци кои живеат и работат во Хрватска, како и љубители на фолклорната уметност. Во музичкиот дел настапи етно-вокалната група „Езерки“ од Загреб, која повеќе од три децении ги негува и афирмира традиционалните македонски песни.

Пред присутните се обратија директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска, уметничкиот директор на Меѓународната смотра на фолклорот Загреб, Твртко Зебец и авторките на изложбата, Ивона Опетческа Татарчевска и Бојана Полјаковиќ Поповиќ, кои на публиката и ја доближија идејата за оваа значајна и внимателно селектирана изложба, која покрај класично отпечатените фотографии е подготвена и делумно во дигитален формат.

Изложбата ја отвори амбасадорот на Македонија во Хрватска, Н.Е. Драган Ѓурчевски, упатувајќи честитки за значајниот јубилеј – 60 години од Меѓународната смотра на фолклорот Загреб, најпрестижната меѓународна и светски реномирана манифестација на аматерски фолклор во Хрватска, посветена на негување, зачувување и презентација на локалното и светското традициско културно наследство, додавајќи дека во тие 60 години, особено значајно е и континуираното присуство на македонскиот фолклор кои достоинствено и автентично се претставувал на сцената во Загреб. Амбасадорот Драган Ѓурчевски ја истакна важноста на културното поврзување и културната дипломатија како место на средба на различните култури и идентитети, потенцирајќи дека токму такво место е македонскиот КИЦ во Загреб.

„Вклучувањето на оваа изложба во годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб и поддршката од страна на Министерството за култура и туризам претставува јасен израз на нашите програмски определби — не само кон афирмација и промоција на македонското културно наследство, туку и кон континуирано унапредување на културната соработка со релевантни хрватски институции, организации и автори. Особено нè радува кога преку заеднички проекти, како што е овој вечерва, создаваме простор за нови културни дијалози, заемна почит и продлабочување на врските меѓу нашите две држави. Македонскиот фолклор, со својата раскошна музичка, танцова и визуелна естетика, претставува еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет. Во народните песни, ора, носии и обичаи се содржани колективната меморија, духовноста и историското наследство на македонскиот народ“, рече директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска.

Уметничкиот директор на Меѓународната смотра на фолклорот проф. д-р Твртко Зебец го изрази своето огромно задоволство од воспоставената високо професионална соработка со македонскиот КИЦ во Загреб, потенцирајќи ја важноста за културното поврзување и зачувавање на културното наследство, посебно преку вакви заеднички проекти кои го афирмираат културното богатство на двете држави.

„Оваа мултимедијална изложба која македонскиот КИЦ во Загреб ја реализира по повод јубилејот 60 години од одржување на Смотрата содржи избор од 60 печатени и неколку стотини дигитални фотографии од големиот Дигитален архив на Меѓународната Смотра на фолклорот. Изложбата е збогатена и со оригинални носии кои денес ги чува Центарот за традиционално културно наследство, како и фотографски и аудиовизуелни материјали отстапени од неколку големи вљубеници на фолкорната магија кои се одзваа на повикот на Македонскиот културно-информативен центар и испратија свои материјали што ги чуваат во своите архиви, не само во Македонија, туку и пошироко во светот, истакна Ивона Оптeтечска Татарчевска една од авторките на изложбата“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер