Герасимовски: Целосно реконструирано детското игралиште зад Универзална сала, поставени тобогани, реквизити и урбана опрема
1Герасимовски: Целосно реконструирано детското игралиште зад Универзална сала, поставени тобогани, реквизити и урбана опрема
Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
2Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
Македонија„Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, промоција на македонски производи во СкопјеОколу 250 излагачи од над 30 општини, земјоделски задруги и здруженија, промовираат домашни производи со цел зајакнување на врската меѓу руралните и урбаните заедници.Околу 250 излагачи од над 30 општини, земјоделски задруги и здруженија, промовираат домашни производи со цел зајакнување на врската меѓу руралните и урбаните заедници како дел од манифестацијата „Храна од општините“ под мотото „Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, што се одржува денеска во Скопје во организација на здружението „Наша традиција, наша иднина“, а со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Посетителите на манифестацијата имаа можност да дегустираат автентични производи од секоја општина, да се запознаат со занаетчиски изработки и да се поврзат директно со производителите. Целта е да се промовира традиционалната македонска храна, карактеристична за секоја општина, како и убавините на нашиот рурален туризам. Премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на манифестацијата ја истакна важноста на земјоделството како темел на националната економија и иднина. -Денес сме тука да ја испратиме силната порака дека македонската земја храни, дека македонската трпеза има иднина, и дека македонскиот народ се потпира – и ќе продолжи да се потпира – на трудот, знаењето и љубовта со кои нашите земјоделци ја обработуваат земјата. Манифестацијата „Од нива до трпеза“ не е само пазар или саем. Таа е симбол на цел еден синџир кој започнува со утринската роса на македонските полиња, продолжува низ потта на земјоделецот, преку вештината на преработувачот, до вкусот кој го чувствуваме во секое домашно јаболко, секое сирење, секој домат од македонска земја, рече Мицкоски. Тој потенцираше дека земјоделството е стратешки приоритет на Владата, нагласувајќи дека во изминатите 11 месеци се исплатени над осум милијарди денари во субвенции и финансиски поддршки кон земјоделците. -Ова не се празни зборови, ова се конкретни дела. Ова се податоци кои говорат за еден нов пристап, нова енергија и јасна визија: да го подигнеме агросекторот, да ги мотивираме младите, да ја дигнеме довербата на земјоделецот, изјави премиерот, повикувајќи ги граѓаните да ја поддржат домашната продукција со купување македонски производи. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ја нагласи улогата на руралните средини како чувари на македонскиот идентитет и ги повика граѓаните да го поддржат домашното производство. -Руралните средини не се само извор на храна, туку и чувари на нашата култура, традиција и идентитет. Затоа министерството посветено работи за да обезбеди достапна, квалитетна и безбедна храна за сите граѓани. Денешниот настан е доказ дека интересот за промоција на македонските производи е огромен, рече тој. Воедно, ги повика граѓаните да „бидат горди амбасадори на македонските земјоделски производи“, затоа што, како што рече „кога ќе одберете домашен производ, кога ќе ја поддржите локалната економија, вие инвестирате во иднината на нашите села и нашите општини. Тоа е чин на патриотизам, но и на економска мудрост“. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски, истакна дека фестивалот е симбол на почит кон трудот на земјоделците, занаетчиите и младите производители. -Оние кои со срце и посветеност создаваат производи со душа. Локалното производство заслужува поддршка и внимание. Традицијата не треба да се заборави, туку да се негува и пренесува од колено на колено, рече тој. Претседателот на здружението „Наша традиција, наша иднина“, Јордан Настов, нагласи дека Македонија е мала држава но со богата историја, култура и традиции кои што се разликуваат од регион во регион зависно од тоа какво е поднебјето. -Само ако споменеме некој регион, се знае по што е претпознатлив. Тиквештијата нѐ асоцира на вековно традиционално производство на грозје, ракија, маџун и вин., Берово, беровско сирење, беровски мед, преспанско јаболко, охридски цреши. Ова е прекрасна можност на едно место да ги собереме сите региони, 25 општини со производство на македонски производи, лековити билки и чаеви, рече Настов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаФормула 1 од 2030 година ги враќа V8 моторитеФормула 1 подготвува голема промена во техничките правила што се однесуваат на погонските единици. Шефовите на тимовите потврдија дека е постигнат начелен договор со Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) за повторно воведување на V8 мотори, почнувајќи од 2030 година, со што би завршила ерата на моменталната генерација мотори. Овој потег би претставувал значителна промена во насоката, со оглед на тоа што новите правила за моторите беа воведени дури на почетокот на 2026 година, по повеќегодишен развој. Додека претходната генерација на погонски единици се користеше 12 сезони – од 2014 до 2025 година – моменталната генерација, според овој нов план, би траела само четири сезони и би завршила на крајот од 2029 година. Според „RaceFans“, договорот сè уште не е официјално потпишан; сепак, постои доволна поддршка меѓу производителите за спроведување на овие регулаторни промени една година порано отколку што првично беше планирано. Според моменталните планови, Формула 1 би се вратила на мотори со осум цилиндри – конфигурација што последен пат беше користена во 2013 година. Сепак, ова не претставува целосно враќање на технологијата од тој период. Новите V8 мотори ќе вклучуваат турбополначи и поедноставен хибриден систем, при што придонесот на електричната енергија ќе биде значително помал во споредба со денешните погонски единици. Целта е да се намалат тежината на болидите и трошоците за развој, а истовремено да се врати звукот на моторот што многу љубители на Формула 1 го посакуваат. Извршниот директор на Мекларен, Зак Браун, потврди дека е постигнат напредок во разговорите за време на прес-конференција пред Големата награда на Лас Вегас. „Постигнавме начелен договор. Мислам дека сите се многу возбудени. Сега преостанува само да се прецизираат деталите“, изјави Браун . Советникот во тимот Алпин, Флавио Бриаторе, се согласи со ова мислење, истакнувајќи дека преминот кон поедноставни и погласни мотори е вистинскиот правец за овој спорт. „Во суштина, имаме договор. Сè уште не е потпишан, но се чини дека сите се согласија за V8 мотори за 2030 година. Многу сум задоволен, бидејќи верувам дека ова е вистинскиот пат напред“, изјави Бриаторе. Промената во прописите особено влијае на Cadillac, кој влезе во Формула 1 користејќи погонски единици од Ferrari, додека истовремено развива сопствен мотор во соработка со General Motors. Американскиот тим првично планираше да ја воведе сопствената погонска единица во 2029 година. Поради најавеното враќање на V8 моторите, тие одлучија да го продолжат партнерството со Ferrari за уште една сезона. Иако е постигнат начелен договор, FIA сè уште треба да ги финализира техничките детали и официјално да ги усвои новите прописи. Доколку овој план се реализира, Формула 1 ќе се откаже од моторите воведени во 2026 година по само четири сезони, отворајќи ново поглавје со враќање на V8 технологијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Целосно реконструирано детското игралиште зад Универзална сала, поставени тобогани, реквизити и урбана опремаДетското игралиште зад Универзалната сала во Центар е целосно реконструирано. Најмалите центарци добија современо, безбедно и уредено место за игра, рекреација и дружење.На игралиштето се поставени две нови кули, четири тобогани, мост, две коњчиња, абакус-табла и клацкалка. Поставени се нова заштитна подлога и ограда, а обновена е и урбаната опрема. Поправени се двете клупи , поставени корпи за отпадоци, додека двојната лулашка е целосно реновирана. „Центар доби уште едно убаво и безбедно место за игра и дружење на најмладите. Со обновувањето на детските игралишта вложуваме во посреќно детство и подобри услови за нашите деца. Продолжуваме со реконструкција на игралиштата низ Центар, за секое дете да има свое уредено и безбедно катче за игра, а родителите да бидат спокојни“, порача градоначалникот Герасимовски. Тој апелираше до граѓаните совесно да ги користат и да ги чуваат поставените реквизити и урбаната опрема. „Само со заедничка грижа можеме да ги зачуваме игралиштата уредни, функционални и безбедни за сите“, рече Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаЈО: Непочитување на прописите придонело да загине работник во Охрид – поднесено обвинениеОсновното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против 2 физички и 2 правни лица за – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2.Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против 2 физички и 2 правни лица за – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2, Предизвикување општа опасност по член 288 став 5, Повреда на правата од работен однос по член 166 и Непреземање мерки за заштита при работа по член 170 од Кривичниот законик. Првиот обвинет, одговорно лице во едно од обвинетите правни лица, не постапил според техничките правила за мерките за заштита – предвидени во Законот за градење и со тоа предизвикал опасност за животот на луѓето. Како инвеститор, тој градел зграда, но иако објектот се уште бил во градба, не презел заштитни мерки – лифтовското окно во објектот не го заштитил со заштитна ограда, градилиштето не го одржувал во уредна состојба без непотребен шут и отпадоци, влезот во зградата не го обезбедил за да не влегуваат неовластени лица, а на скалите не поставил огради за да се спречат несакани падови. На 12 јануари, во утринските часови, во зградата влегле четворица работници ангажирани од второто обвинето правно лице <span;>кои заедно носеле дел од мебел. Кога пристигнале на четвртиот кат во зградата во градба, еден од работниците со ногата се сопнал од кофа оставена во ходникот, изгубил рамнотежа и паднал во окното – отворот во зградата за лифт се до подрумските простории. Од падот се здобил со многу тешки телесни повреди и починал на лице место. Со обвинението е опфатено и правното лице кое ги ангажирало работниците и неговиот управител, бидејќи свесно не се придржувале кон законот за работни односи и кон мерките за заштита при работа. Сега починатиот работник Кристијан Љушев го ангажирале без договор за вработување, во целосно непријавен работен однос. Дозволиле оштетениот да извршува работни задачи како помошник монтер без да помине основна обука за безбедност и здравје при работа, без здравствен преглед и на работникот не му дале упатства за работа во специфични услови за работа и при сериозен и зголемен ризик по безбедноста и здравјето на работниците. Без увид и проценка на работната средина работниците работеле врз основа на усмен работен налог од управителот во работен простор – зграда во изградба, каде постоела зголемена опасности ризик по нивната безбедност. Со ваквото непридржување на прописите за мерките за заштита обвинетиот го изложил и предизвикал опасност по животот на работникот. Со цел да спречи статусни промени и отуѓување на имотот на правните лица во текот на постапката, јавниот обвинител до Основниот суд во Охрид достави и предлог за определување мерка за обезбедување – Забрана за статусни промени во двете обвинети фирми.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook