„Носот“ на Нисан одредува како ќе мирисаат новите автомобили (ВИДЕО) - Канал 5

„Носот“ на Нисан одредува како ќе мирисаат новите автомобили (ВИДЕО)

Автомобилската индустрија стана исклучително сложена во последните децении. Се внимава на сè, дури и како ќе мириса автомобилот.

„Носот“ на Нисан одредува како ќе мирисаат новите автомобили (ВИДЕО)

Бидејќи автомобилскиот производ е составен од голем број различни материјали кои можат да бидат изложени на различни услови на животната средина, особено во однос на температурата, исклучително е важно какви мириси ќе се испуштаат при работа.

Мирисите во кабината се составен дел од возачкото искуство и самата удобност, а мајсторите на сетилото за мирис ќе се погрижат нешто да не тргне наопаку. Т.н мирисачи во Nissan ги проверуваат сите сериски автомобили за мирисот. Работата сама по себе не изгледа премногу тешка на почетокот, но на крајот е многу сложена и одговорна. На крајот на краиштата, сите знаеме колку е тешко да се задоволи широк опсег на корисници, а во случај на мирис на нов автомобил, ова е особено тешка задача.

Рјуносуке Ино е еден од мајсторите за мирис кои работат во техничкиот центар во Ацуги. За Европа се грижи специјален тим предводен од Питер Карл Истленд, додека во Америка главен и одговорен е Тори Карл. Имено, не сите автомобили мирисаат исто, дури и кога зборуваме за една марка и еден модел. Имено, мирисите се „согласуваат“ според афинитетите, па на пример европскиот Nissan и оној во Америка не мирисаат исто.

Во Nissan велат дека човек може да регистрира стотици различни мириси, а повеќето од нив остануваат зачувани во меморијата и се поврзани со одредени чувства. Затоа, мирисите во кабината се од суштинско значење и се проверуваат посебно за возачот и сите патници. Особено е важно како мириса воланот, седиштето или таблата, односно површините најблиску до патниците.

Проценката на мирисот се врши во посебна лабораторија со опрема која прецизно ја контролира влажноста и температурата. Целта е јасна, а тоа е да се обезбеди задоволителна удобност во однос на мирисот.

Притоа, мирисачите или наречени „носови“, мора брзо да реагираат бидејќи мозокот брзо се навикнува на мирис. Имаат само неколку минути и потоа треба да се ресетираат. Ино го прави тоа така што ја шмрка раката во пределот на лактот. Тоа е препознатлив мирис кој го враќа на почетокот и овозможува прифаќање на нови мириси.

И не само тоа, нивната работна облека не треба да се пере со детергент, а не смеат да бидат пушачи. Исто така, храната како лук не им е дозволена , барем еден ден пред да мирисаат автомобили. Сите заинтересирани за оваа работа можат да се пријават и да полагаат тест. Доколку испадне дека имаат развиено сетило за мирис, ќе имаат можност да вршат многу интересна работа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија и покрај осумте нови фудбалери во однос на лошата премиера против Швајцарија, синоќа го доживеа и вториот пораз во новото издание на Лигата на нации. 

Лошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации

На гостувањето во Љубљана по лошото второ полувреме, Словенија славеше со 2-0 .

Избраниците на Гоце Седлоски имаа рамноправно прво полувреме, но повторно останаа без реализација. Словенците го скршија нашиот отпор во вториот дел, постигнаа два гола и стигнаа до победа и три бода.

Седлоски направи дури осум промениво стартниот состав во однос на дуелот со Швајцарија. Македонија добро се постави на теренот и во најголемиот дел од првото полувреме успеваше да му парира на домаќинот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава

Вршителот на должноста шеф во амбасадата на Македонија во Софија вчера  бил повикан во министерството за надворешни работи на Бугарија откако на пратеник во бугараскиот парламент  не му бил дозволен влез во земјава.

Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник  не му бил дозволен влез во земјава

Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на бугарското МНР, пишува дека на пратеникот и претседател на парламентарниот комитет за бугарите во странство, Ангел Георгиев на 27 септември не му било дозволено да влезе во Македонија.

Според наведеното, Георгиев како член на бугарска парламентарна делегација требало да присуствува на рочиште од судскиот процес што во Основниот суд во Кочани се води против Ива Михаилова, закажано за следниот ден .

За време на средбата, бугарското министерство за надворешни работи побарало објаснување за причините за одбивањето на надлежните македонски власти да дозволат пратеникот да ја премине границата, особено имајќи го предвид тоа што Георгиев во претходните месеци непречено влегувал во Македонија за истата цел.

Од бугарското МНР велат дека јасно изјавиле оти преземените дејствија од македонска страна ги сметаат за провокативни.

Инаку, на Ива Михаилова ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“

На 29 септември 2026 година, во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите, се одржа промоција на книгата на акад. Таки Фити, со наслов „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“.

МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“

Книгата претставува опстојна студија за неолибералните економски модели што доминираат во современиот свет, со посебен фокус врз факторите што го детерминираа подемот на неолибералната економска филозофија, причините за нејзината криза и новите економско-филозофски размисли за изградба на прогресивно и поправедно општество.

Во книгата, во посебна глава е даден опсежен осврт на карактеристиките на македонскиот економски модел и на основните сегменти во кои тој отстапува од стандардите на економските модели на развиените земји, како и на можните пристапи за разрешување на проблемите.

На промоцијата, на присутните им се обрати акад. Владо Камбовски, уредник на изданието, а за содржината на книгата и за препораките што произлегуваат од неа говореше проф. д-р Владимир Филиповски од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од Економскиот факултет во Скопје. На крајот на настанот, свое обраќање одржа и авторот на книгата, акад. Таки Фити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер