„Најгрдиот автомобил“ доби реинкарнација, коментарите охрабруваат (ФОТО) - Канал 5

„Најгрдиот автомобил“ доби реинкарнација, коментарите охрабруваат (ФОТО)

Fiat Multipla е познат како еден од најконтроверзните автомобили кога станува збор за дизајнот.

„Најгрдиот автомобил“ доби реинкарнација, коментарите охрабруваат (ФОТО)

Овој необичен модел на автомобил дебитираше во 1998 година како MPV (повеќенаменско возило), а се произведуваше до 2010 година.

Историјата на Fiat Multiplа датира од 1990-тите, кога зголемената побарувачка за повеќенаменски возила во автомобилската индустрија и потребата за иновации го поттикнаа Fiat да развие нешто поразлично од конвенционалните MPV на пазарот. Резултатот беше Fiat Multipla, кој се истакна по својот уникатен и ексцентричен дизајн.

Што се однесува до реакциите на Мултипла, тие беа крајно поделени. Додека некои ја ценеа храброста на Fiat да истражува нови дизајнерски насоки и да донесе нешто различно на пазарот, други не можеа да се помират со неговиот изглед. Изгледот на Мултипла со три пара светла на предниот дел на возилото и неконвенционалниот облик на каросеријата беа предмет на шеги и критики.

Сепак, и покрај контроверзноста околу дизајнот, Fiat Multipla беше функционално возило со пространа внатрешност, можност за превоз до шест лица и многу практични решенија за семејствата.

Своето место во автомобилската култура го заслужи како уникатен и препознатлив модел. Иако повеќе не се произведува, останува запаметен како еден од најекспресивните примери на дизајнерско експериментирање во светот на автомобилите. Можеби тоа е причината зошто сè уште е основа за нови експерименти, бидејќи денешните клиенти се многу повеќе склони кон необични решенија отколку што беа на крајот на минатиот век.

Еден од дизајнерите кои се обиделе да направат модерна интерпретација е Maltese Design, а коментарите се повеќе од охрабрувачки.

Во оваа визија, Multipla го задржува оригиналниот дизајн на профилот, но со поостри, извајани линии. Подобрен со поголеми тркала и пониска силуета, зрачи со спортски дух. Значајните промени во дизајнот вклучуваат потенки LED светла во форма на Y кои ги заменуваат препознатливите ниско поставени светла и испакнатите тркалезни фарови.

Имплементацијата на тенки рачки на вратите и нагласените задни браници додаваат на уникатната естетика. Предните врати се отвораат конвенционално, додека задните врати се чини дека се отвораат наназад, слично како кај моделите на Rolls-Royce со четири врати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар

Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата, објави на својот профил на Фејсбук, вицепремиерот Александар Николовски. 

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар

Со овие проекти решаваме животни прашања на голем број семејства низ цела Македонија

Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина.

Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за најранливите категории граѓани – деца без родители, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и нивните семејства, како и самохрани родители со малолетни деца.

Драго ми е што оваа политика продолжува и што денеска во Дебар можеме да видиме семејства кои ќе започнат ново животно поглавје во сопствен дом

Во Општина Дебар се реализираат 22 инфраструктурни проекти, кои значително ќе придонесат за подобар квалитет на живот и локален развој. Еден од нив е и булеварот кој ќе ја поврзе оваа станбена зграда. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и да инвестираме во проекти што носат подобри услови за живот за сите граѓани, стои во објавата на Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Погоден танкер во Ормускиот теснец

Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија соопшти дека во Ормускиот теснец, во близина на брегот на Оман е погоден танкер од „непознат проектил“.

Погоден танкер во Ормускиот теснец

Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета.

Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима.

Иран бара бродовите да ја користат рутата низ ормуска теснина долж неговиот брег, повторувајќи дека само рутата одредена од Техеран е безбедна за пловидба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евроњуз: ЕК ја изгуби институционалната меморија и капацитет од последниот бран на проширување

Проширувањето на ЕУ се забрзува, но во надлежниот оддел на комисијата снемува капацитет за управување со преговорите со неколку земји-кандидатки одеднаш – тврди бриселскиот медиум Евроњуз повикувајќи се на свои извори.

Евроњуз: ЕК ја изгуби институционалната меморија и капацитет од последниот бран на проширување

Притисокот врз Европскиот генерален директорат за проширување и источно соседство се должи на забрзаното затворање на преговарачките поглавја од страна на четири земји кандидатки, што изискува значително прераспределување на ресурсите а според Евроњуз, проблеми со внатрешниот капацитет има и Советот на ЕУ.

„Генералниот директорат, како и многу други оддели на комисијата, во голема мера се потпира на привремени договори и малку постојани службеници. Ова значи дека има висока стапка на флуктуација на кадри и малку искуство во затворањето на преговорите, со оглед на тоа дека последната примена земја во блокот беше хрватска во 2013 година.„ – пишува Евроњуз

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер