„Mazda“ патентираше нова верзија на двотактен мотор - Канал 5

„Mazda“ патентираше нова верзија на двотактен мотор

Двотактните мотори исчезнаа од моторните возила, а причината се високите нивоа на издувни гасови.

„Mazda“ патентираше нова верзија на двотактен мотор

Од друга страна, тие развиваат голема моќ во однос на тежината и зафатнината и се многу поедноставни од четиритактните мотори. Интересна вест е дека „Mazda“ неодамна патентираше двотактен мотор со компресор.

Дизајнот е базиран на технологијата „Skyactiv-X“ на Mazda и ветува подобрена економичност на горивото.

Постојниот четиритактен мотор на компанијата користи напреден режим на палење со компресија за да го стартува моторот со помалку гориво и воздух за подобрена ефикасност, додека се задржува традиционалното палење со искри.

Овој двотактен дизајн ја имплементиера истата идеја за палење.

Двотактниот мотор има компресор со погон на коленестото вратило кој помага при чистење - процес во кој изгорената смеса се исфрла и свежа мешавина од воздух и гориво влегува во моторот.

Бидејќи дизајнот на двотактниот мотор има издувни и доводни вентили отворени барем делумно во исто време, компресорот што турка свеж воздух во моторот многу помага во овој процес.

Променливото време на вентилот се користи и на моторот за да се контролира степенот на компресија.

Сè уште не е познато каде „Mazda“ би можела да го примени овој мотор и какви би биле неговите перформанси.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Паника во Глазгов: Змија напаѓа на улица

Змија се појави пред луѓе и почна да ги напаѓа. Исплашеното животно е пронајдено на прометна улица, а еден минувач успеа да го фати и да го предаде на обезбедувањето.

Видео: Паника во Глазгов: Змија напаѓа на улица

Необична глетка е забележана во Глазгов, каде што змија е пронајдена на прометна улица, а исплашеното животно се обидело да ги касне минувачите.

Видео објавено на социјалните мрежи ја покажува змијата како одеднаш се нафрла на луѓето што минуваат и се обидува да ги касне за глуждовите.

Глетката предизвикала страв кај минувачите, но експертите истакнуваат дека змиите од пченка генерално не се агресивни или отровни. Нејзиното необично однесување најверојатно било резултат на страв и стрес.

Овој вид не е роден во Велика Британија, па затоа се претпоставува дека е изгубено или напуштено домашно милениче. Змиите од пченка природно ги населуваат југоисточните делови на Соединетите Американски Држави.

Еден од случајните минувачи на крајот успеа да го фати животното и да го предаде на обезбедувањето во трговскиот центар „Сент Енок“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прва фестивалска вечер на „Битолски чалгиски денови“

Синоќа, Старата битолска чаршија блесна во фестивалски амбиент и за првпат заживеа во ритамот на чалгијата.

Прва фестивалска вечер на „Битолски чалгиски денови“

Со настапите на „Чапче и Тајфата“, „Филип Шурбевски Езгија квартет“ и „Мерак Чалгии“, со Димитар Андоновски и Бојан Стојков, започна првото издание на „Битолски чалгиски денови“ - фестивал кој ја враќа чалгијата во срцето на Битола.

Вечерва, програмата продолжува.

Во 18:00 часот, Широк Сокак ќе биде исполнет со фестивскиот дух преку пајтонско дефиле, кое низ препознатливиот битолски амбиент ќе го најави вториот фестивалски ден.

Од 20:30 часот, во Старата битолска чаршија повторно настапуваат „Чапче и Тајфата“, а во 22:00 часот следуваат „Љубојна“ и Битолскиот чалгиски оркестар.

Битолски чалгиски денови е првиот фестивал посветен на чалгијата во Битола, кој се одржува во рамките на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, во организација на Културно – информативниот центар, со поддршка од Општина Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Универзитетот во Белград падна на Шангајската листа.

Универзитетот во Белград забележа голем пад на Шангајската листа  на најдобри факултети на светот и сега се наоѓа во групата универзитети рангирани од 501. до 600. место, пренесуваат медиумите.

Универзитетот во Белград падна на Шангајската листа.

Пред само 10 години, Универзитетот во Белград се наоѓаше меѓу 201-то и 300-то место на Шангајската листа, што претставуваше историски успех.

На овогодишната листа на 10-те најдобри светски универзитети се наоѓаат и Принстон, Оксфорд, Колумбија, Универзитетот во Чикаго и Калифорнискиот институт за технологија (Caltech).

Во најновото рангирање, универзитетите од Кина постигнаа особено забележителен резултат.

Шеснаесет кинески институции сега се меѓу првите 100 во светот.

На европскиот континент, најдобро рангиран е Универзитетот Париз-Сакле (Paris-Saclay), кој се наоѓа на 13-тото место, а по него следи ETH Цирих на 19-тото место.

Што се однесува до универзитетите од регионот, Универзитетот во Љубљана оваа година исто така забележа пад и сега се наоѓа во групата од 601-то до 700-то место, додека минатата година беше во групата од 501-то до 600-то место. Универзитетот во Загреб го задржа минатогодишниот пласман во групата од 601-то до 700-то место.

Универзитетот во Белград (УБ), институција со традиција долга 187 години, падна за дури 39 места на листата „Global 2000“ на Центарот за рангирање на светските универзитети (CWUR), која, покрај онаа од Шангај, претставува најважна листа за рангирање на универзитетите во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер