„Јунајтед" и „Делта" откажаа повеќе до 200 летови поради ширењето на Омикрон - Канал 5

„Јунајтед" и „Делта" откажаа повеќе до 200 летови поради ширењето на Омикрон

 Јунајтед Ерлајнс и Делта Ерлајнс соопштија дека откажале десетици летови на Бадник бидејќи ширењето на сојот Омикрон ги погоди нивните екипажи и други вработени.

„Јунајтед" и „Делта" откажаа повеќе до 200 летови поради ширењето на Омикрон

Јунајтед со седиште во Чикаго за денеска откажа 120 летови, а Делта со седиште во Атланта околу 90. Двете компании соопштија дека контактираат со погодените патници за да избегнат метеж на аеродромите.

„Наглиот пораст на случаите со Омикрон директно влијаеше на нашите екипажи и на нашите оперативни менаџери. Како резултат на тоа, за жал моравме да откажеме некои летови и да ги информираме засегнатите патници пред да пристигнат на аеродром", соопшти Јунајтед.

„Делта" наведува дека „ги исцрпила сите опции и ресурси, вклучително и пренасочување и замена на авионите и членовите на екипажот за извршување на редовните летови, пред околу 90 летови да бидат откажани за петок". Делта како причини ги наведе можните лоши временски услови и влијанието на сојот Омикрон.

Извршниот директор на Делта, Ед Бастијан, во вторникот ги повика американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да ги олеснат упатствата за карантин за целосно вакцинирани лица кои биле заразени со коронавирус поради влијанието врз работната сила на авиокомпанијата. Бастијан повика да се намали периодот на изолација од 10 на пет дена.

Барањето беше повторено во четвртокот од страна на Ерлајнс фор Америка, група која ги претставува главните превозници на товари и патници. ЦДЦ објави ажурирани упатства за карантин за здравствените работници вчера. Тој го намали периодот на изолација на седум дена за работниците кои биле позитивни на коронавирус, но асимптоматски, но им треба негативен тест за да излезат од карантин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентската листа на прва прес-конференција: Бараат оставки во полицијата, разузнавањето, правосудството

Четири дена по изборната победа, студентите одржаа прва прес-конференција во белградскиот Пионeрски парк, од каде што побараа итни оставки во безбедносните служби, полицијата, обвинителството и јавните претпријатија. 

Студентската листа на прва прес-конференција: Бараат оставки во полицијата, разузнавањето, правосудството

Претставниците на движењето пред присутните истакнаа дека нема да се чека формирање нова влада за да се побара одговорност од челниците на државните институции.

Студентите побараа оставки од директорот на БИА, директорот на полицијата, белградскиот јавен обвинител и претседателот на Уставниот суд. Ги повикаа државните службеници да пријавуваат незаконски наредби и евентуално уништување документација во периодот на транзиција на власта.

-Студентска листа, „Студентите победуваат“ не дојде да се свети, туку да ги врати институциите на граѓаните. Не бараме политичка послушност, туку законитост, професионалност и одговорност. Секој кој го прекршил законот мора да одговара во законска постапка. Без оглед на функцијата која ја обавува,- изјави – претставник на Студентска листа Филип Вуковиќ .

Паралелно, по налог на врховната јавна обвинителка Загорка Доловац, започна контрола на работата на обвинителствата а сите 87 обвинителства добиле задолжително упатство за увид во предмети вклучително и за случаите „Настрешница“, „Звучен топ“ и „Сењак“.

Од спротивната страна, Александар Вучиќ обвини дека по изборниот пораз неговите поддржувачи се изложени на насилство и, како што рече, револуционерен терор низ Србија.

„Во изминатите 72 часа, наместо тоа, сведочиме на нескриен терор на улиците, во објектите, низ цела Србија, на вистински револуционерен терор каков што и најавуваа, а многу луѓе мислеа дека тоа е лага и дека станува збор за некаков наш трик.Никогаш во Србија, од 1945 година наваму, не се случило некој да упадне на нечија семејна слава и да спречи свештеник да прочита молитва.Ќе биде тешко. Немојте да мислите дека ова ќе трае кратко и дека ќе биде едноставно – рече Александар Вучиќ – Лидер на опозиција.

Промени веќе има и во српскиот јавен сервис РТС. Генералната директорка Мања Грчиќ поднесе оставка, а разрешена е и уредничката на информативната програма а денеска се разрешени уште осум уредници. Претставникот на студентската листа Немања Каровиќ, гостувајќи во РТС, изнесе тешки обвинувања за финансирањето на медиумите за време на власта на Вучиќ.

„Особено ми е важно да го споменам „Телеком“ како главен виновник за состојбата во медиумите во нашата земја. Тој ја монополизираше медиумската сцена. Ги користеше парите на граѓаните за да ги финансира политичките потреби на режимот, наместо навремено и објективно да ги информира граѓаните. Само да споменам дека „Информер“ добивал меѓу 500 и 700 илјади евра месечно. Тоа се нереални бројки, знаеме и зошто – изјави – Немања Каровиќ, Студентска листа.

Изборниот процес сè уште не е целосно завршен во Србија. Според Републичката изборна комисија, се очекува повторување на гласањето на околу 50 избирачки места, по што треба да бидат утврдени конечните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Маја Сивањанам, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Сиљановска-Давкова потсети дека македонско-британското пријателство има длабоки историски корени, посочувајќи на заложбите на истакнати британски политичари за слободата и за правата на македонскиот народ уште кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Според неа, денес, тоа е потврдено со стратешкото партнерство како амбициозна рамка што овозможува нови инвестиции во транспортот, енергетиката и здравството.

Осврнувајќи се на безбедноста, претседателката укажа дека како сојузници во НАТО, споделуваме заедничка одговорност за зачувување на мирот и стабилноста во Европа. Таа се заблагодари за долгогодишната британска помош во реформите на одбраната и военото образование, како особено важни во амбиент на растечки геополитички неизвесности.

Амбасадорката изрази подготвеност за продлабочување на соработката со македонските институции, нагласувајќи ја важноста на владеењето на правото и демократијата.

За неа, вложувањето во младите, нивното образование и создавањето можности за нивен развој, како и унапредувањето на еднаквоста, инклузијата и зајакнувањето на улогата на жените и девојките, се клучни за градење побезбедни, попросперитетни и поотпорни општества.

Обете препознаваат широк простор за соработка во областа на културата, науката и образованието, особено преку програмите на Британскиот совет и стипендиите „Чивнинг“.

Сиљановска-Давкова ѝ посака на амбасадорката добро здравје, среќа и успех во извршувањето на дипломатската функција, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Се залагаме за сигурно работно место и стабилна иднина за своите семејства

Илјадници наши сограѓани треба да добијат можност да решат едно од најважните животни прашања: сигурно работно место и стабилна иднина за своите семејства. 

ВЛЕН: Се залагаме за сигурно работно место и стабилна иднина за своите семејства

За тоа се залагаме со предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, во чие поднесување учествуваат и пратениците на ВЛЕН.

Премногу долго, луѓето работеа со привремени договори и постојана неизвесност. Секојдневно ги извршуваа своите задачи, придонесуваа за работата на институциите, а нивниот статус остануваше нерешен. Зад секој таков договор стои семејство кое сака да знае дали може сигурно да го планира следниот месец, следната година и иднината на своите деца.

Тоа е историски наследен проблем. Наша обврска е да работиме на неговото решавање, наместо да го оставаме на следната генерација политичари.

Затоа го поднесовме предложеното решение за премин во работен однос на неопределено време на лицата што ги исполнуваат законските услови во опфатените јавни институции. Предлогот опфаќа различни форми на ангажман: договори на определено време, договори на дело, авторски договори, ангажмани преку агенции и други договори за извршување работа.

По влегувањето на законот во сила, институциите ќе имаат рок од 90 дена да ги склучат договорите или да ги донесат решенијата за вработување.

Предвидена е и заштита од раскинување на договорите во текот на постапката, освен при повреда на договорните обврски. Целта е луѓето да не останат без сигурност додека се спроведува трансформацијата.

Работното место не е партиска услуга. Платата не е награда за послушност. Никој не смее преку егзистенцијата на едно семејство да ја контролира слободата на човекот. Во минатото партиите си поигруваа со оваа категорија на луѓе, ние од ВЛЕН нема да ја продолжиме таа нечовечка пракса.

Никој не смее да зависи од волјата на партиите. Треба да важат законот, условите за работа и еднаквиот третман.

Како што работевме на решавањето на статусот на вработените во здравствените институции, продолжуваме да работиме и на другите наследени проблеми. Нашата заложба не завршува со поднесување документ. Ќе работиме за усвојување на предлогот и за негово доследно спроведување.

Ги повикуваме пратениците да го разгледаат одговорно и конструктивно. За прашање што ја засега сигурноста на илјадници семејства, потребни се јасни решенија и одговорност кон луѓето.

Политиката на ВЛЕН решава проблеми. Нејзиниот успех треба да се почувствува во сигурноста на семејствата, достоинството на работниците и слободата на секој граѓанин, рече Зекирја Таири од ВЛЕН.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер