„Једиот ахронот“: САД го одредија 9 април како рок за завршување на војната со Иран - Канал 5

„Једиот ахронот“: САД го одредија 9 април како рок за завршување на војната со Иран

 САД го одредија 9 април како можен рок за завршување на војната со Иран во контекст на очекуваните преговори меѓу двете страни - јавуваат израелските медиуми.

„Једиот ахронот“: САД го одредија 9 април како рок за завршување на војната со Иран

Според весникот „Једиот ахронот“, кој се повикува на неименуван израелски функционер, Вашингтон го дефинирал овој датум како цел за запирање на конфликтот оставајќи простор од 21 ден за продолжување на борбените дејства паралелно со дипломатските напори.

Во извештајот се наведува дека разговорите меѓу Иран и САД се очекува да се одржат кон крајот на неделата во Пакистан, но се додава дека Вашингтон не ја информирал израелската страна за деталите од контактите со претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Калибаф. Според весникот, Израел смета дека САД веќе водат индиректни преговори со Калибаф по изјавите на претседателот Доналд Трамп за постоење контакти со Техеран со цел ставање крај на војната.

Сепак, Калибаф вчера ги демантира ваквите наводи оценувајќи ги како „лажни вести“ насочени кон манипулирање со финансиските и нафтените пазари. Во меѓувреме, Трамп соопшти дека наредил петдневно одложување на сите напади врз иранските електрани и енергетската инфраструктура повикувајќи се на „многу добри и продуктивни“ разговори со Техеран во изминатите два дена.

Ескалацијата во регионот трае од 28 февруари кога САД и Израел почнаа заедничка офанзива врз Иран. Во конфликтот досега загинаа повеќе од 1.340 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи. Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, како и врз Јордан, Ирак и заливските држави, кои се домаќини на американски воени капацитети. Нападите предизвикаа човечки жртви и материјални штети, а воедно доведоа и до сериозни нарушувања на глобалните пазари и на воздушниот сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Мајли Сајрус покажа фотографии од венчавката: Избра едноставна елеганција

Мегапопуларната пејачка Мајли Сајрус и музичарот Макс Морандо стапија во брак за време на викендот, а првите фотографии од церемонијата открија каква венчаница одбрала музичката ѕвезда за овој посебен ден. 

Фото: Мајли Сајрус покажа фотографии од венчавката: Избра едноставна елеганција

Наместо раскошен фустан со многу детали, Сајрус се одлучи за едноставен и елегантен модел со долги ракави и отворен грб, кој го надополни со впечатливи обетки.

Пејачката објави фотографии од церемонијата на кои се гледа венчалниот фустан со долги ракави, отворен грб и едноставен крој. Таа го искомбинира со впечатливи обетки и елегантни чевли со отворена пета, пренесува „Superwoman“.

Двојката ја објави својата свршувачка во декември 2025 година, а деталите околу планирањето на свадбата ги чуваше главно во тајност. Уште во март, извор близок до двојката за списанието „People“ изјави дека Мајли не планира голема, традиционална свадба.

„Тие не планираат некаков огромен, традиционален настан. Макс е исклучително повлечен и таков тип на прослава едноставно не е во негов стил. Кога ќе се венчаат, тоа ќе биде нешто помало и со посебно значење, само за нив. Тоа нема да биде голема холивудска продукција“, откри тогаш изворот.

Мајли претходно изјави дека сака својата врска да ја задржи подалеку од очите на јавноста. Кога на 2 декември ја прашаа за нејзината свршувачка, таа за магазинот „People“ зборуваше за тоа колку приватноста ѝ значи.

„Она што можам да го откријам е дека нашата приватност, како и фактот што успеавме сè да задржиме во тесен круг, се работи што и самата ги ценам. Мило ми е што имам повеќе можности да избирам што ќе споделам со другите. Мислам дека тоа е поврзано и со возраста, бидејќи сега многу повнимателно бирам што сакам да откријам“, изјави пејачката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Владата да гарантира дека нема да има поскапување на струјата и греењето – народот е многу осиромашен!

Бараме безусловна гаранција од Владата дека нема да има зголемување на цените на електричната енергија и на топлинската енергија – парното греење, и дека нема да се дозволи ново ценовно цунами врз семејните буџети.

ЛДП: Владата да гарантира дека нема да има поскапување на струјата и греењето – народот е многу осиромашен!

Либерално-демократската партија (ЛДП) потсетува дека оваа Влада дојде на власт со големи ветувања дека ќе ги намали давачките за енергија, ќе интервенира кај мрежарината и ќе го заштити животниот стандард на граѓаните. Наместо олеснување, сведочиме на враќање на инфлаторниот притисок и најави за уште еден удар врз греењето и струјата – со што парното во Скопје за една година се турка кон кумулативен раст од околу 20 отсто, додека во постапките на Регулаторната комисија за енергетика се разгледуваат нови поскапувања на парното за околу 7,2 до 7,55 отсто и најави за раст на струјата од два до три отсто.

„Ниту една розева, замислена и фатаморганска статистичка кошница пресметана во владини кабинети не може да ја скрие реалноста на терен: цените на основните прехранбени производи, на давачките и комуналните услуги растат, платите не ги следат зголемувањата на трошоците, а сѐ повеќе семејства едвај го туркаат месецот и до дваесеттиот ден. Постапките за промена на цените од страна на снабдувачите течат паралелно со уверувањата дека стандардот ќе биде заштитен, а ни беше гарантирано од тие кои се сега на власт дека не смее и нема да има префрлање на целиот товар врз граѓаните,“ укажува Дејанчо Цветановски, член на ИО на ЛДП.

ЛДП потсетува дека секакво, па макар и минимално поскапување на енергијата и греењето ќе значи лажење на народот, изневерување на дадените ветувања и јасен доказ за неспособност за управување и менаџирање во интерес на граѓаните, туку само за префрлање на сметките на грбот на народот и негово понатамошно осиромашување.

Граѓаните не забораваат што е ветено. Ветувањата за заштита на стандардот и пониски енергетски трошоци мора веднаш да се исполнат, или власта нека си замине од функциите за да дојдат оние што знаат и можат да работат во интерес на граѓаните и државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

50% од возрасните пушат цигари, а секојдневното пушење се зголемило од 43% на 48,1%

50% од возрасните пушат цигари, а секојдневното пушење се зголемило од 43% на 48,1%. Ова се резултати од националното истражување на аналитика од 2026 година, спроведено на 1.065 возрасни лица. 

 50% од возрасните пушат цигари, а секојдневното пушење се зголемило од 43% на 48,1%

Иако цените на цигарите растеле, платите растеле побрзо, па цигарите станале 17,3% подостапни во однос на просечната плат.

62% од испитаниците забележале пушење во ресторани и кафулиња, а кај 47,3% од пушачите кои се обиделе да се откажат, цената била причина за обидот.денеска за ова сериозна тема зборуваа претставници од здравството, царинската управа, Фондот за здравствено осигурување и Економскиот факултет при УКИМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер