Нови тензии на Блискиот исток - САД нападнаа 90 цели во Иран, Техеран стрелаше кон американски бази во заливските земји
2Нови тензии на Блискиот исток - САД нападнаа 90 цели во Иран, Техеран стрелаше кон американски бази во заливските земји
3Македонија останува земја со најниска цена на енергенсите во регионот, Владата ја следи ситуацијата, изјави Мицкоски
Веб ТВ„Гответе со Дракче“ - 12.06.2026Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
ЗдравјеОд 1 август лекот „Фостер“ ќе биде достапен со партиципација од 280 денариОд 1 август инхалаторниот лек за астма и ХОББ Фостер ќе биде достапен без доплата, само ќе се плати партиципација од 280 денари. Претставникот на постојаниот бренд достави известување дека ја прифаќа новата рефернтна цена, која ќе почне да се применува по исцрпувањето на веќе доставените количини, изјави првиот човек на фондот за здравство Сашо Клековски. Од фондот најавија дека сериозно ќе се контролираат аптеките во делот на неиздавање на лекови на рецепет кои се на пријави на граѓани. Фондот во иднина ќе воведе мерки со цел да се намали цента на лековите. Тоа е воведување на повеќе лекови на позитивната листа и конкуренција преку генерички лекови. Тагови: Клековски ФЗОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
МакедонијаДЗР: Нерамномерна распределба на над 23 милиони евра за вработување во АВРМ во 2024 година Нерамномерна распределба на средствата за вработување и субвенционирање, краткотрајни договори на дело, хонорари кај само еден адвокат за повеќето услуги- ова се само дел од забелешките на ревизорите за Агенцијата за вработување за 2024та годи. Според извештајот, од направената анализа е утврдено дека се фаворизирале неколку градови во кои се исплатени поголемиот дел од парите и се надминувала утврдената квота дури четири пати. -За активните мерки за вработување во 2024 година се исплатени 1.442.207 илјади денари (23,4 милиони евра), но при распределбата не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој. Повеќе од половина од средствата кај одделни мерки се концентрирани во мал број центри за вработување, односно 62,05% од мерката самовработување и над 50% од мерките субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти се реализирани во само неколку градови Скопје, Тетово, Струга, Куманово и Пробиштип, додека останатите добиле значително помал удел. Слабости се утврдени и во користењето на паричните средства за други услуги- повеќе од 90 илјади евра биле исплатени за адвокатски услуги, медијација, вештачења и судски такси, од кои најголемиот дел завршиле кај само еден адвокат. -77,46% од расходите за адвокатски услуги се реализирани преку еден адвокат. Извршени се исплати без целосна поткрепувачка документација и без соодветна контрола на фактурираните услуги. Дополнително, за вештачења во износ од 881 илјада денари не е спроведена постапка за јавна набавка, а за 740 илјади денари не е обезбедена документација за извршените услуги. Во извештајот е наведено и дека членовите на Управниот одбор земале надоместоци во износ од околу 6 илјади евра, за периоди кога воопшто не одржувале седници. Констатирани се слабости во системот на мониторинг, ретки теренски контроли, ниска ефикасност на обуките за ИТ вештини... Од ДЗР потенцираат дека наспроти овие бројни неправилности со финансиските средства во Агенцијата, посебниот фонд за вработување на инвалидни лица не ги добивал сите средства кои му следуваат согласно законот. Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
СветНови тензии на Блискиот исток - САД нападнаа 90 цели во Иран, Техеран стрелаше кон американски бази во заливските земјиРакети втор ноќ го осветлуваа небото над Блискиот Исток, по новиот бран напади меѓу САД и Иран. Вашинтон изведе околу 90 напади врз воени цели, претежно на југот на Исламската република. Техеран по подолго време пријави 14 жртви и возврати со проектили врз американски воени бази во Кувајт, Бахреин и Катар. Трамп, кој вчера на самитот на НАТО во Анкара објави крај на примирјето, денеска тврди дека Иран настојувал двете страни да се вратат на преговарачка маса. -Тие толку очајно сакаат да склучат договор. Се јавија пред малку и очајно сакаат да постигнат договор. Само не знам дали се достојни за договор и дали ќе го почитуваат. Бидејќи тие се некако луди, да бидам искрен, тие се некако луди. Некако се надвор од контрола. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. И пораките од Иран не даваат надеж дека прелимиарниот договор потпишан пред речиси еден месец, наскоро ќе прерасне во траен документ. Главниот преговарач Мохамед Галибаф изјави дека заканите на САД нема да останат без последици, порачувајќи дека Ормутскиот теснец ќе биде отворен само според ирански услови. Поморскиот сообраќај во Ормутскиот теснец, чие делумно отворање неодамна го смири енергетскиот пазар, сега повторно е целосно блокиран. По обновувањето на судирите, низ главната нафтена рута поминале само 23 бродови. -Мислам дека (Иран) е подготвен да се врати во конфликт од големи размери, ако тоа значи дека ќе продолжат да го контролираат Ормутскиот теснец. Станува збор за две работи. Прво, тоа е голем воен плен за нив. САД се под значителен притисок на заливските земји за да се осигураат дека Ормутскиот теснец нема да стане де факто иранска поморска територија. , изјави Алекс Ширс, за Ал Џезира, воен аналитичар од Лондон. Цената на нафтата на светскиот пазар, и покрај новата ескалација, денеска остана стабилна по вчерашниот драстичен скок од речиси шест проценти. Нафтата од типот Брент се продава за 77 долари за барел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10