3Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“
1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
СветВиткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу малиСАД се залагаат за дипломатско решение на војната меѓу Украина и Русија, но без дијалог со Москва шансите за мирно решение се многу мали, изјави американскиот специјален пратеник Стив Виткоф по средбата со украинскиот претседател Зеленски во Киев.Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со Зеленски и Трамп. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека клучните прашања, вклучително и територијалните, можат да бидат решени само на состанок на највисоко политичко ниво. Виткоф заедно со другиот специјален пратеник кушнер претходно беа на средби со Путин во Москва, но не беше постигнат опиплив напредок.Тагови: Виткоф Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСе урна кат од зграда во центарот на Рим- спасувачите извлекуваат преживеани од урнатините (ВИДЕО)Во центарот на Рим, се урна кат од деловна зграда, но за среќа четири лица беа спасени, соопштија властите.Зградата на Виа Кола ди Риенцо, во која се наоѓаат продавницата „Норт Фејс“ и хотелот „Консоли“, моментално е затворена поради несреќата, според агенцијата „АднКронос“. Хотелот е во процес на реновирање. Директорката на противпожарната служба, Беатрис Танци, изјави дека таванот помеѓу приземјето и првиот кат делумно се урна. Иако четири лица беа спасени, екипи со кучиња трагачи и специјалисти кои го пребаруваат подрачјето сè уште бараат. Таа додаде дека во тек се работи за реновирање во хотелот „деи Концоли“ и истакна дека не е исклучено „натрупаниот материјал“ на градилиштето да ги „преоптоварил подовите“. #Roma, crollo solaio in una palazzina in ristrutturazione in via Cola di Rienzo: dalle 10:30 #vigilidelfuoco al lavoro con 2 squadre, nucleo #USAR e cinofili, esclusa la presenza di persone coinvolte. Operazioni di messa in sicurezza dell’area in corso [#7settembre 12:15] pic.twitter.com/ppviTk1iNt — Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) September 7, 2026 Тагови: зграда Рим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот Лишена од слобода скопјанка, предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.На 06.09.2026 во 13:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ш.И.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар, при што опожарени биле поголема тревна површина со дрва, а биле зафатени и две бандери. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДесет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија. Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..Тагови: Денот на независноста Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter