Судење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случај
2Судење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случај
3Акција во 66 локали и казина: Алкохол се точел на малолетници, игри на среќа се приредувале нелегално
Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
3Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
ХороскопДневен хороскоп за 8. септември 2026 годинаДневен хороскоп за вторник, 8. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Влегувате во подобар љубовен период. Тоа ќе го забележите според подобрениот однос со партнерот или општо со лицата од спротивниот пол. Кариера Во работата во која соработувате со други ќе се појави ненадејна вест или шанса поврзана со смислата за убаво. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе заклучите дека е подобро да бидете отворени кон другата страна и да ги поднесувате кризните состојби кои понекогаш ги покажува. Кариера Се развиваат декловни можности со луѓе , со партнери. Можеби не ви е според желбите , но треба да покажете кооперативност. Здравје и совет Толерирајте ги недостатоците на другите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Одеднаш ќе се појават низа шанси за контакти или комуникации . Ќе бидете малку изненадени , но одговарајте на повиците. Кариера Дел од луѓето од вашата околина се подготвени да ви дадат поддршка , но другите се уште очекуваат вие да се изборите за тоа. Здравје и совет Надевајте се на подобро. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидувате да го наговорите вашиот партнер дека е најдобро вашата врска да ја озаконите или во друга ситуација , да се поврзете со заеднички живот во нов дом. Кариера На дневен ред доаѓаат нови планови кои допрва треба да се осмислат. Еден од критериумите секако се парите. Здравје и совет Движете се повеќе , јадете помалку. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и другата страна, денеска ќе се однесувате доста нестабилно. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние редовни напори на кои сте навикнати ќе предизвикаат понекоја воздишка. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мало недоразбирање во комуникациите нема значајно да ги анрушат вашите лични односи. Она што можеби е нејасно , набргу ќе се разјасни. Кариера Многу ќе ви значи диоколку ве забележуваат и тоа отворено ви го кажуваат. Денеска ќе биде токму така. Здравје и совет Можна е главоболка. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Со мали чекори може да се помине исто долг пат како со мали. Затоа својот однос градете го полека и трпеливо. Кариера Нема да бидете сигурни како да извршите една работа , но немате кого да прашате. Покрај тоа, ќе има и многу задачи. Ќе морате самни да се снајдете. Здравје и совет Внимавате на вашата исхрана и затоа веќе сте подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе насоберат доволно тага во душата и ќе посакаат да избегаат од се , но од својата кожа нема бегање. Кариера Вработените во услужните дејности денеска една фаза од својата работа ќе ја доведат до крај. кај другите сето друго ќе биде вообичаено. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно вашата навика да бидете привлечнио и шанси за излегувања ќе се намалат , а саканата личност денеска ќе биде чувствителна. Кариера Никој нема да везаштити од критиките на другите .Единствено може да извлечете со чесна работа. Здравје и совет Размислете за својата дисциплина. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата најдрага личност денеска би можела да ве изненади со еден предлог , кој е на граница на добриот вкус. Кариера Ќе мора малку да се позанимавате со вашите тајни непријатели , кои се активираат на незгоден начин. Здравје и совет Победувате со издржливост. Рак 22.6-22.7. Љубов Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволства и со низа убави шанси. Кариера Љубезност и внимателност денеска ќе покажете како никој друг на работното место. Колегите ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Мали дигестивни проблеми. Лав 23.7-22.8. Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал пок. Кариера Ќе дојде до деловна кореспонденција што ќе ве измори. Се бара многу специфичен начин на изразување. Здравје и совет Прво размислете , па потоа зборувајте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ ги продолжува контролите на зелените пазари, досега запленети 5 тони небезбедна храна Пет тони небезебедна храна, овошје и зеленчук биле запленети на пазарите во Ѓорче Петров и Зелен пазар, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Првиот човек на АХВ Оливер Миланов, објаснува дека станува збор за спречување на нелегална продажба на храна надвор од организираните пазарни простори. За продавачите внатре во пазарите е во ред и треба да има контрола, објаснуваат дека тие плаќаат годишно за една теза шест илјади денари, а мораат да земаат и до три четри тезги, а плаќаат и други давачки. И купувачите велат дека надвор од пазарите цените се по 20 денари поевтини. Од АХВ најавуваат продолжување на контролите на локациите околу пазарите. И покрај забраните денеска повторно на тротоарите се продаваа производи. Продавачите објаснуваат дека тие продаваат неколку дена и немаат исплатливост за земање на тезга. Инспекторите потенцираат дека самото продавање надвор од пазарите не значи дека секој производ е небезбеден, но непознатото потекло и несоодветните услови за чување се причини за претпазливост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСудење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случајОбвинителството го оспорува ангажманот на вештакот Петре Русески кој по барање на одбраната го работеше градежното вештачење за случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. На денешното рочиште за пожарот во судницата во Идризово, обвинителката Наташа Сарамандова рече дека вештакот Русевски бил обвинет за лажен исказ во друг случај, па го повика Русевски самиот во судницата да одговори дали треба да биде изземен во ова вештачење. -Јавното обвинителство пред да ангажира вешто лице во постапката прави проверки – Дали против него се води постапка или било осудувано тоа лице. Па очекуваме тоа да го прават и другите странки во постапката. Бидејќи е обвинет за лажно вештачење, Русески самиот да каже дали треба да биде изземен од случајот. – Обвинителство. Русевски во судницата потврди дека против него и уште неколку вештаци се води друг случај за лажно вештачење, но рече оти смета дека тој не треба да биде изземен од овој случај. -Да, така е. Сите работиме по закон. Инаку 11 вештаци се обвинети за лажен исказ, врз основа на изјава на еден вештак. И тоа е обвинение што две години нема рочиште. Не сметам дека треба да бидам изземен.- Градежен вештак Петре Русевски. На овие обвинувања на обвинителството реагираше и одбраната – велат дека обвинителите го малтертираат и навредуваат вештакот, бидејќи всушност немаат релевантни прашања за него. Русевски денеска одговарајќи на прашања, меѓу другото, рече и дека материјалите во дискотеката не придонеле за побрзо ширење на пламените јазици, како и дека не може да се согласи дека била направена градежна реконструкција во дискотеката, во периодот кога таа се реновирала. Судењето за пожарот во дискотеката Пулс во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени со изведување на докази на одбраната, ќе продолжи на 21 октомври. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкција во 66 локали и казина: Алкохол се точел на малолетници, игри на среќа се приредувале нелегалноЈа научивме ли лекцијата од „Пулс“? Работење без потребни одобренија, нерегистрирана дејност, недостатоци во противпожарна заштита и неиздавање на фискални сметки, синоќешната акција на МВР, ДЗС и неколку инспекторати извади на површина бројни прекршувања на законот ширум земјава. Во акцијата се „чешлале“ угостителски објекти, казина и обложувалници. По полноќ биле затекнати малолетници на кои им се точел алкохол, се пушело во затворен простор, биле фатени обезбедувачи без лиценца и легитимација, како и странски државјани без регулиран престој и незаконско организирање на игри на среќа. Изречени се три глоби и приведени се четири лица. -При контролите, во еден објект е затекнато лице кое вршело дејност обезбедување без лицента и легитимација, а во друг е нарушен јавниот ред и мир. Во еден објект се затекнати четири малолетни лица по 24:00 часот, а во два објекти е констатирано точење алкохол на малолетници. МВР продолжува со засилени и координирани контроли во со угостителските објекти и казината, во соработка со надлежните институции, со цел откривање и санкционирање на незаконските дејствија, доследно почитување на законите и поголема безбедност на граѓаните,- -Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Ден претходно, на удар на полицијата се најдоа лица поврзани со нарко-криминалот. Извршени се претреси на 47 локации во земјава, во кои приведени биле 16 лица. При претресите била пронајдена поголема количинина на марихуана, кокаин, од кој дел бил подготвен во грамажа за препродажба. Биле пронајдени и пиштоли, пушки и разновидна муниција, како и парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека биле дел од претходни кривични дел. За ова поднесени се 11 кривични пријави за делата „ неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“. Од обвинителството велат дека акциит се во координација нив и дека по истите се постапува. Покрај тоа, полицијата имала работа и на патиштата - уапсила едно лице кое возело со 2,04 промили алкохол во крвта во прилепско. Двајца српски државјани пак биле лишени од слобода на ГП Табановце, откако Сејф Сити ги детектирал дека возеле речиси 100 кмч повеќе од дозволеното на патот Демир Капија – Гевгелија. Едниот возел 170, а другиот 175кмч, на делница каде ограничувањето е 80 кмч. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16