Николоски: На Денот на независноста, охридскиот аеродром доби нов модерен лик- станува симбол на Охридскиот регион - Канал 5

Николоски: На Денот на независноста, охридскиот аеродром доби нов модерен лик- станува симбол на Охридскиот регион

За само две години успеавме аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид да добие нов современ лик, олицетворение на Охридскиот регион. 

Николоски: На Денот на независноста, охридскиот аеродром доби нов модерен лик- станува симбол на Охридскиот регион

После 56 години аеродромот се реконструира со што ги отвораме вратите за уште повеќе туристи и авиокомпании и бројките се над очекуваните, преку 240 илјади патници од почетокот на годината до сега, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на промоција на реконструираниот аеродром во Охрид.

“ Мислам дека нема поубав ден од Денот на независноста, 8-ми септември, за да се отвори еден навистина прекрасен објект. Еден објект којшто низ белата боја го доловува она што е најубаво за Охридското Езеро и за целиот Охридски регион. Навистина сум пресреќен што еве денеска, после напорна работа, успеваме да отвориме практично нов аеродром, односно успеваме да отвориме една терминална зграда заедно со помошни простории коишто значат многу, многу подобро искуство за патниците споредено со претходно. Ако последните големи интервенции овде се правени некаде во 1970-тата година, тогаш не е тешко да се пресмета дека точно 56 години Охридскиот аеродром во делот на терминалната зграда, во делот на полетување и на слетување беше во исти или слични услови. Тоа е од една страна долг временски период, но од друга страна па ја покажува посветеноста на оваа Влада која што работи само две години да ги менува работите. И како што ги менуваме работите насекаде низ државата, секако ги менуваме и тука” - истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алекснадар Николоски,

Паралелно со аеродромот се работи и на инфраструктурата за да може да се заокружи една целина во развојот на овој регион, потенцира Николоски.

“Секако на овој практично нов аеродром многу ќе му помогне и новата инфраструктура. Знаете дека интензивно се гради автопатот Охрид-Кичево, веќе дел од до аеродромот е завршен, веќе може од Охрид до аеродромот да се стигне по автопат. Се стига до една убава клучка која што навистина е убаво хортикултурно уредена и на тој начин практично побрзо да се патува до Охридскиот аеродром. Знаете дека интензивно работиме на завршување на автопатот, најтешката делница ќе се отвори во следните месеци, очекувам во текот на првото полугодие од следната година да се отвори целиот автопат, а секако продолжуваме и на работа на останатите делници кои што треба да значат поврзување и со Скопје и со Скопскиот аеродром ”- истакна заменик претседателот на Владатa, Николоски.

Тој истакна дека бројките во ависообраќајот ги рушат сите рекорди. Преку 240 илјади патници на охридскиот аеродром до сега и очекувањата се дека вкупно оваа година ќе има околу 4 милиони патници. Заменик претседателот Николоски дополни дека реконструкцијата на аеродомрот има своја симболика.

“ Прво, симболиката која што ја има реконструкцијата на аеродромот. Второ, едни прекрасни мозаици коишто ве поканувам сите да ги видите, коишто се реплика на мозаиците кои што се наоѓаат низ стариот град на Охрид, низ Варош, но главно се наоѓаат кај Плаошник и навистина се прекрасно реставрирани. Сакам да се заблагодарам на сите коишто работеа, на сите институции од културата и на сите оние коишто работеа на реставрација. И третата работа, имаме една прекрасна реплика на фреските од катедралната црква Св.Софија, така што овој аеродром покрај аеродром е и еден мал музеј којшто го претставува регионот и се надевам дека сите коишто ќе патуваат оттука ќе уживаат” – додаде Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мурињо го собори рекордот на Ла Лига

Реал Мадрид убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ вчера вечерта во 12-то коло од Ла Лига, а со таа победа тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. 

Мурињо го собори рекордот на Ла Лига

Тоа беше 97-ма победа на Португалецот во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти.

Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето нема поголем процент на победи во таа категорија. Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти.

Флик има уште подобар процент

Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1% (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 водени натпревари. Флик забележа 69 победи во 87 натпревари.

1. Ханси Флик - 79,3 % (69 победи во 87 натпревари)

2. Жозе Мурињо - 77% (97 победи во 126 натпревари)

3. Пеп Гвардиола - 76,3 % (116 победи во 152 натпревари)

4. Карло Анчелоти - 71,1 % (162 победи во 228 натпревари)

Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28-та минута, а Арда Гулер го дуплираше водството во 36-та минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 75-та минута. За мадридскиот тим ова беше осма последователна победа во сите натпреварувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)

Бројот на жртви во големата железничка несреќа во Египет се искачи на седум, а 112 лица се повредени, соопштија египетските власти.

Се зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)

Несреќата се случила кога четири вагони од патнички воз излетале од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза и се судриле со друг воз, недалеку од Каиро, објави „Араб њуз“.

Локалните медиуми претходно објавија дека 120 лица се повредени, без да ја прецизираат сериозноста на нивните повреди. Некои египетски медиуми објавија дека бројот на повредени е повеќе од 150.

Несреќата се случила во областа Ал-Ајат, по што на местото на настанот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави „Галф њуз“.

Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените.

Како што претходно објави „Ал Арабија“, машиновозачот им подлегнал на повредите. Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да ги спроведе потребните проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека ја следи несреќата со „голема загриженост“ и им нареди на властите да спроведат итна истрага за да „ги повикаат на одговорност сите оние за кои е утврдено дека биле небрежни“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари

„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек.

Финансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари

„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек, само неколку дена откако хакерите украдоа криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари од платформата.

„Кајзер Нг одлучи да започне нов потфат по повеќе од пет години во „Бајненс“, со план за транзиција кој беше имплементиран во текот на изминатите шест месеци. Му посакуваме се најдобро во неговото следно поглавје“, рече копретседателката на компанијата, Ји Хе, според „Блумберг“.

Нг се приклучи на компанијата во јануари 2022 година, откако помина околу пет години на друга крипто берза, „Кракен“.

Неговиот наследник, Џастин Јек, претходно беше потпретседател за финансии во компанијата за услуги за плаќања „Ервалекс“.

„Воодушевен сум што ја преземам улогата на финансиски директор во „Бајненс“. Со нетрпение очекувам да го водам финансискиот сектор на компанијата додека продолжуваме одговорно да го шириме нашиот бизнис и да ја постигнеме нашата глобална мисија“, рече Џек во соопштението.

Компанијата претходно објави дека хакерите минатата недела украле 6,3 милијарди долари криптовалути, што беше опишано како најголема кражба во историјата на индустријата.

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) на 31 октомври објави дека Северна Кореја стои зад нападот.

„Бајненс“ по нападот соопшти дека вратила околу 90 проценти од украдените средства и продолжува да работи на целосно обештетување на корисниците.

Нападите врз крипто платформите претставуваат растечки безбедносен предизвик за индустријата која се прошири на глобалниот финансиски пазар во последните години, соопшти американската агенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер