СДСМ: Намерна изолација на Мицкоски и српско-руска агенда - Македонија е изоставена од патоказите кон ЕУ
Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари средба со вршителот на должноста генерален конзул во Њујорк
1СДСМ: Намерна изолација на Мицкоски и српско-руска агенда - Македонија е изоставена од патоказите кон ЕУ
2Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари средба со вршителот на должноста генерален конзул во Њујорк
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
Мојсов одржа предавање на МАНУ на тема „GLP-1: од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина
2Мојсов одржа предавање на МАНУ на тема „GLP-1: од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина
СветКорупциски скандал го тресе Киев: 4,5 милијарди долари изнесени од земјатаУкраинската даночна служба објави дека открила траги од голема шема на одлив на капитал и перење пари преку лажно претставена меѓународна трговија вредна околу 4,5 милијарди долари, во која биле вклучени илјадници фиктивни компании.Повеќе од 2.300 украински компании извршиле сомнителни трансакции со странство, по што многу практично исчезнале од деловните евиденции, објавува „Киев Индепендент“. Даночната служба наведува дека сомнежот го предизвикале компании чии сопственици или директори истовремено управувале со стотици други компании. Директорката на Украинската државна даночна служба, Лесја Карнаух, изјавила дека се идентификувани седум лица кои истовремено биле основачи или директори на повеќе од 500 компании, додека вкупно повеќе од 7.000 деловни субјекти биле под нивна контрола. Истрагата, исто така, покажала дека многу сомнителни компании користеле исти IP адреси, поднесувале извештаи од споделени компјутерски мрежи и биле регистрирани на идентични адреси. Во Киев, 20 компании биле регистрирани на една адреса, додека во Лавов, две адреси биле седиште на 10 и 13 компании. Случајот беше откриен откако Украинската централна банка пријави голем број прекршувања на пропишаните рокови за завршување на меѓународните платни трансакции во периодот од 2024 до првиот квартал од 2026 година. Даночната служба подготви аналитички извештаи за 557 компании и ќе ги проследи до украинското обвинителство, кое ќе одлучи за понатамошните чекори. Извор: Б92Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59
Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
МакедонијаСДСМ: Намерна изолација на Мицкоски и српско-руска агенда - Македонија е изоставена од патоказите кон ЕУБрисел спрема акциони планови за земјите најблиску до членство: Црна Гора, Украина, Молдавија, Албанија. Јасен пат. Рокови. Обврски и за членките.Македонија е изоставена. Заедно со Србија, Косово и Босна. Како земји што не мрднале. Ние први почнавме. Ние се уште чекаме. Чекаме затоа што арамијата не ги исполни реформите. Доби рок. Го продолжи за една година. Вети 1 јуни. Од тогаш ни глас. Судство на телефон. Обвинител на далечинско. Полицијата партиска. Извештајот на ЕК катастрофален. Патоказот не се дава на банда. Се дава на институција. Кому ова му одговара? Само на Вучиќ и на Русија. Македонија им треба надвор од Унијата. Отстапница за Вучиќ. Сигурно пристаниште за организираната криминална група ВМРО на чело со Мицкоски. Место за пари од криминал и корупција. Тампон-зона кон ЕУ - тоа ѝ треба на Москва. Иако сме членка на НАТО. Иако над 80 отсто од луѓето се за НАТО. Голема поддршка би била и ЕУ: заедничка политика, заеднички став кон Русија. Токму тоа го кочат. Мицкоски е руски прокси играч. Сателитите ја имаат истата задача. Левица - руска партија: анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-Америка. Трите сили се споија. Цел: земјата да стои во место. Од друга страна Америка како „стратешки партнер“ - слики по ходници, не дела. Кинески пари. Орбанови кредити. Промоција на Кина и проекти преку Стоилковиќ и други играчи на БИА. СДСМ го кажува просто. Изолацијата не падна од небо. Ја работи кабинетот. Кој ги запира реформите, ја запира Европа. Кој ја запира Европа, ја предава земјата за туѓа агенда. Македонија не е депонија. Не е тампон. Македонија е татковина. Патоказот ќе дојде кога бандата ќе си оди. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари средба со вршителот на должноста генерален конзул во ЊујоркДенеска (28.09.2026) во Њујорк, заменик министерот за внатрешни работи д-р Астрит Исени оствари работна средба со г. Драган Петковски, вршител на должноста генерален конзул на Македонија во Њујорк.На средбата беа разгледани прашања поврзани со соработката и координацијата меѓу институциите, како и со активностите на Генералниот конзулат насочени кон граѓаните на Македонија кои живеат и престојуваат во Соединетите Американски Држави. Заменик министерот Исени ја нагласи потребата од континуирана и ефикасна комуникација меѓу институциите, особено во делот на обезбедувањето навремени информации и поддршка за граѓаните. Во рамки на разговорот беше истакнато значењето на дијаспората и нејзината поврзаност со матичната држава, како и важноста од унапредување на институционалната соработка и комуникација со нашите граѓани надвор од земјата. Заменик министерот Исени упати благодарност до г. Петковски за приемот и конструктивниот разговор, како и до вработените во Генералниот конзулат за нивниот ангажман и посветеност во работата со граѓаните.Тагови: Астрит Исени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиДимевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спортПо двата освоени медали во Таранто и Софија, во фокусот на средбата беа следните предизвици за Рустемовски и плановите за унапредување на боксот во Македонија преку соодветни програми.Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, оствари средба со македонскиот боксер Ален Рустемовски и претставници на Боксерската федерација на Македонија, по повод освоениот бронзен медал на Европското првенство во бокс во Софија. Рустемовски на Европското првенство стигна до полуфиналето и со освоената бронза продолжи со одличните настапи на големите меѓународни натпреварувања. За македонскиот боксер, ова е второ големо одличје во неполни 30 дена, откако претходно освои бронза и на Медитеранските игри во Таранто. На средбата, Димевски му го честиташе успехот и истакна дека ваквите резултати се значаен поттик за македонскиот спорт. „Бронзениот медал од Европското првенство е потврда за квалитетот, работата и посветеноста на Ален. Особено радува што во краток период успеа да освои две одличја од големи меѓународни натпревари. Македонскиот олимписки комитет ќе продолжи да го поддржува Ален во неговите подготовки и настапи, но и заедно со Боксерската федерација да работи на создавање услови за понатамошен развој на боксот во Македонија. Преку нашите програми и активности сакаме да дадеме дополнителен придонес во развојот и поддршката на боксот како национален спорт, како и на спортистите кои ја претставуваат нашата земја“, истакна Димевски. Рустемовски се заблагодари за поддршката и посочи дека медалите од Таранто и Софија му даваат дополнителен мотив за продолжување на подготовките и новите предизвици што следуваат. „Многу ми значи поддршката од МОК. Двата медали во краток период ми даваат голема мотивација да продолжам да работам и да се подготвувам за следните натпревари. Се надевам дека ќе продолжам да ја претставувам Македонија на најдобар можен начин“, рече Рустемовски. На средбата се разговараше и за следните настапи и плановите на Рустемовски, како и за можностите за заедничка соработка меѓу МОК и Боксерската федерација во насока на понатамошно унапредување на боксот во Македонија.Тагови: Даниел Димевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook