„Емилија Перез“ со 13 номинации за „Оскарите“ - Канал 5

„Емилија Перез“ со 13 номинации за „Оскарите“

Европско-американскиот минатогодишен хит „Емилија Перез“ доби вкупно 13 номинации за претстојните „Оскари“ коишто ќе се доделуваат на 2 март, во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. 

„Емилија Перез“ со 13 номинации за „Оскарите“

Остварувањето е номинирано за најдобар филм, режија, адаптирано сценарио, категориите за глума, музика, како и за најдобар интернационален филм.

За главната награда, криминалистичкиот филм којшто е во француско-белгиско-американско-мексиканска продукција, ќе се натпреварува со: „Бруталист“, „Целосно непознат“ (A Complete Unknown), „Конклава“, „Дина: Втор дел“ (Dune: Part Two), „Анора“, „Сè уште сум тука“ (I'm Still Here), „Момчињата од Никел“, „Супстанција“ и „Злобница“ (Wicked).

Во категоријата Најдобар режисер, номинирани се: Жак Одијар за „Емилија Перез“, Шон Бејкер за „Анора“, Брејди Корбет („Бруталист“), Џејмс Манголд („Целосно непознат“) и Корали Фаржа („Супстанција“).

За статуетката за Најдобра машка главна улога, ќе се натпреваруваат: Тимоти Шаламе како Боб Дилан во „Целосно непознат“, Адријен Броди („Бруталист“), Колман Доминго („Запејте“), Рејф Фајнс (за „Конклава“, како кардиналот Томас Лоренс) и Себастијан Стен за „Приправник“ како Доналд Трамп.

Во женската категорија, се најдоа имињата на Карла Софија Гаскоњ како „Емилија Перез“ во истоимениот филм, Синтија Ериво („Злобница“), Мајки Медисон („Анора“), Фернанда Торес („Сè уште сум тука“) и Деми Мур („Супстанција“).

Во категориите за споредни улоги, номинирани се: Моника Барбаро, Аријана Гранде, Фелисити Џонс, Изабела Роселини, Зои Салдана, Јура Борисов, Кијеран Калкин, Едвард Нортон, Гај Пирс и Џереми Стронг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Романија поради ниско ниво на Дунав, исклучува реактор во нуклеарна централа

Нивото на водата на најдолгата европска река Дунав е најниско во последните 30 години.

Романија поради ниско ниво на Дунав, исклучува реактор во нуклеарна централа

Романија го исклучува реакторот во нуклеарната централа.

Романската државна компанија „Нуклеарелектрика“ (Nuclearelectrica) денес исклучи еден реактор во нуклеарната централа „Чернавода“ како мерка на претпазливост поради рекордно ниското ниво на водата во Дунав; Министерството за енергетика соопшти дека овој потег има за цел да го заштити системот за ладење.

Реакторот е привремено исклучен за да се спречи евентуално оштетување на системот за ладење, кој зависи од водата од Дунав, истакнаа од министерството.

Нивото на водата во романскиот дел на Дунав минатата недела падна на најниско ниво во последните три децении, што ги натера властите да ја ограничат употребата на речната вода за наводнување, според „Романија инсајдер“ (Romania Insider).

„Нуклеарелектрика“ денес изјави дека реакторот во „Чернавода“ е исклучен во согласност со контролираните процедури за постапување при екстремно ниско ниво на реката, додавајќи дека мерката има за цел да обезбеди нуклеарна безбедност и сигурност во работата на централата.

Компанијата наведува дека одлуката се заснова на најновите прогнози на Романскиот национален институт за хидрологија и управување со води, при што нагласува дека состојбата на Дунав внимателно се следи.

Доколку нивото на водата дополнително опадне, компанијата може привремено да го исклучи и вториот реактор.

Недостатокот ќе се надомести преку увоз. Според податоците на Светската нуклеарна асоцијација, нуклеарната централа „Чернавода“ располага со два реактора базирани на канадската технологија CANDU, секој со капацитет од 706 мегавати, и обезбедува приближно една петтина од потрошувачката на електрична енергија во Романија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на затворениот базен

[⤵️] Напредуваат градежните активности на затворениот базен на локацијата на поранешна „Ла Луна“, објави на Фејсбук, првиот човек на Кавадрци, Митко Јанчев.

Јанчев:  Напредуваат градежните активности на затворениот базен

Овој затворен базен е со димензии 25×9 метри и длабочина од 1,20 метри. Истиот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани.

Во моментов започна лепењето на плочките во базенот, паралелно се работи во машинската просторија, а интензивно се изведува и партерното уредување на просторот околу објектот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Музејот на град Скопје одржана обука за евакуација и спасување на музејски предмети при земјотрес

Во Музејот на град Скопје вчера се одржа обука и трибина за евакуација и прва помош на музејски предмети при земјотрес, во организација на музејот и СИН ШТИТ.

Во Музејот на град Скопје одржана обука за евакуација и спасување на музејски предмети при земјотрес

Настанот беше посветен на заштитата и спасувањето на културното наследство во услови на природни непогоди.

На трибината се дискутираше за постапките за евакуација на музејските експонати, функционирањето на Штабот за заштита и спасување, кој треба да постои во секоја институција, како и за предизвиците со кои се соочуваат музеите при природни катастрофи.

Практичниот дел од обуката беше реализиран според целосниот протокол – од пронаоѓање на предметот, негова безбедна евакуација и пакување, до подготовка на потребната документација и тријажа во прифатниот центар.

Обуката има за цел да ги зајакне капацитетите на музејските институции за навремена и ефикасна заштита на културното наследство во случај на земјотреси и други природни непогоди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер