„Џокер 2“ со седум номинации за „Златна малина“ - Канал 5

„Џокер 2“ со седум номинации за „Златна малина“

Филмот „Џокер: Лудило за двајца“ доби најмногу - дури седум номинации за наградите „Златна малина“ за најлоши филмски остварувања на годината. 

„Џокер 2“ со седум номинации за „Златна малина“

Овие награди, коишто секоја година се објавуваат ден пред „Оскарите“, се доделуваат за најлош филм, глума, сценарио, режија итн. За првиот филм „Џокер“, Хоакин Феникс освои „Оскар“ за неговата главна и насловна улога. 3a „Џокер 2“, oвојпат, тој е номиниран за најлош глумец.

Неговата партнерка во вториот дел, Лејди Гага е номинирана за најлоша глумица.

YouTube video

Сепак, и покрај критиките досега, филмот заработи 200 милиони долари.

На листата на номинации за „Златна малина“ е и „Мегалополис“ на Френсис Форд Копола, како и филмот „Реган“ за поранешниот американски претседател Роналд Реган.

YouTube video

Наградите „Златна малина“ се доделуваат од 1980 година. Номинациите ги одредуваат 1.000 членови на Фондацијата „Златна малина“, којашто е своевидна пародија на американската Академија за филмски уметности и науки. На добитниците на „негативниот оскар“ (кои инаку, честопати и не присуствуваат на доделувањето на анти-наградите) им се дава златно-жолта скулптура од малина која чини 4,79 долари.

„Победниците“ на „Златна малина“ вообичаено се објавуваат ден пред доделувањето на „Оскарите“. Годинава, тоа е датумот 1 март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во последен момент е откажан концертот на Дино Мерлин во Србија, позната е причината

Концертот на Дино Мерлин, кој требаше да се одржи на 5 септември во Краљево, е откажан неколку дена пред закажаниот датум. 

Во последен момент е откажан концертот на Дино Мерлин во Србија, позната е причината

Организаторите објавија дека концертот нема да се одржи поради проблеми со компанијата ангажирана за техничка реализација на настанот.

Според нивните изјави, белградската компанија „Диги Медиа Продакшн“ била задолжена за целосната продукција на концертот, вклучувајќи ја сцената и техничките услови потребни за негово одржување.

Организаторите тврдат дека компанијата од самиот почеток била запознаена со роковите и техничките барања, но дека договорените обврски сè уште не биле исполнети. Поради ова, наведуваат тие, не биле обезбедени потребните услови за безбедно одржување на концертот.

„Другата страна не го исполнила она што била обврзана да го обезбеди според договорот“

Во соопштението за медиумите, тие ја отфрлија можноста одговорноста за откажувањето да се префрли на нив и рекоа дека го направиле својот дел.

„Не можеме да го преземеме ризикот со одржување на концертот бидејќи другата договорна страна не го исполни она што беше обврзана да го обезбеди според договорот. Безбедноста на изведувачите, публиката и сите учесници беше и останува апсолутен приоритет за нас“, велат организаторите.

Тие додадоа дека поради сето погоре наведено, биле принудени да донесат одлука да го откажат концертот на Дино Мерлин во Краљево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Китановиќ ја избриша објавата за Младиќ и му се извини на Мицкоски: Подготвен сум да понесам одговорност за секој збор

По три дена молк, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, се огласи во јавноста по реакциите на неговата објава на социјалните мрежи поврзана со Ратко Младиќ.. 

Китановиќ ја избриша објавата за Младиќ и му се извини на Мицкоски: Подготвен сум да понесам одговорност за секој збор

Во опширен пост на Фејсбук, тој соопшти дека ја избришал спорната објава и дека никогаш немал намера да навреди или понижи припадник на кој било народ, вера или етничка заедница..

„Јас сум подготвен да ја понесам одговорноста за секој свој збор.. Но нема да ја понесам одговорноста за туѓите манипулации со моите зборови. Нема да прифатам моето повлекување на објавата да биде претворено во признание за нешто што не сум го направил. Искрено му се извинувам на претседателот на Владата, господинот Христијан Мицкоски и на членовите на Владата, кои поради мојата објава беа непотребно вовлечени во политичка пресметка и изложени на напади за нешто за кое не сносат никаква одговорност., пишува Китановиќ меѓудругото на Фејсбук..

Од Владата претходно порачаа дека неговиот став за Младиќ е неприфатлив и дека ако тој не се согласува со политиките на Владата, треба да се повлече од позицијата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати се резултатите од обдукцијата на бебето најдено во куфер во Грција, во станот имало и бремено девојче (ВИДЕО)

Полицијата сè уште ги истражува околностите околу смртта на бебето чие тело беше пронајдено вчера во куфер во стан, што се издавал преку Airbnb во атинската населба Кипсели.

Познати се резултатите од обдукцијата на бебето најдено во куфер во Грција, во станот имало и бремено девојче (ВИДЕО)

Обдукцијата покажала дека бебето имало десет убодни рани со различна големина, а случајот се третира како инфантицид.

Според сегашните проценки, бебето е родено живо, а потоа убиено.

Сепак, не било можно со сигурност да се утврди ниту возраста на новороденчето, ниту времето на неговата смрт.

Во исто време, полицијата ги истражува околностите околу двете малолетни момчиња, на возраст од 12 и 9 години, кои беа хоспитализирани откако беа пронајдени во станот. Според информациите од полициски извори, кај момчињата е утврдено дека боледуваат од сексуално преносливи болести.

YouTube video

Според истите информации, полицијата пронашла и куфери што содржеле сексуални предмети во станот во Атина, што дополнително покрена бројни прашања во истрагата.

Во меѓувреме, кратко пред 11 часот, од зградата беше изнесен Грк (43) кој беше пронајден во стан изнајмен преку Airbnb, во придружба на полицајци и обвинител. Полициската истрага траела до утринските часови, а од станот биле земени бројни докази кои би можеле да бидат клучни за решавање на случајот.

Полицијата претресла и куќа

Покрај станот во Кипсели, полицијата претресла и куќа на улицата Филис, каде што, според претходните информации, две години живееле Грк и жена (38), која има германско државјанство и била со него кога била откриена морничавата сцена.

Според истите информации, двајцата се преселиле во станот во Кипсели пред околу десет дена.

Полицијата сега истражува можност телото на бебето да било преместено од куќата во Филис во станот во Кипсели, каде што подоцна било пронајдено скриено во куфер.

Како што претходно објави грчкиот портал protothema.gr, врз основа на досега собраните информации, се очекува Гркот и Германката која била со него, како и нивната ќерка (15), да бидат обвинети во првата фаза за непријавување на починато лице.

Според порталот, ниту еден од нив не бил во роднинска врска со сопственикот на станот кој го поднел пријавата, по што е покрената истрага.

Во исто време, Гркот и Авганистанецот (26), за кој се вели дека е партнер на тинејџерката (15), би можеле да бидат обвинети и за поседување дрога.

Според полициски извори, Авганистанецот е познат на безбедносните служби во Атина, бидејќи наводно во минатото бил вклучен во трговијата со наргиле.

Она што сè уште не е познато е кој го родил бебето чие тело е пронајдено во куферот.

Имено, полицијата го истражува тврдењето на Германката, која изјавила дека мртвото бебе е нејзино.

Дополнителна мистерија е фактот дека и Германката и нејзината малолетна ќерка се бремени.

За потсетување, истрагата е покрената по пријава поднесена од менаџерот на имот на Airbnb на улицата Тасоу.

Тој пријавил во полицијата дека луѓето што го изнајмиле станот не го напуштаат имотот и дека наводно не ја платиле договорената цена за сместувањето. Тој исто така изјавил дека се сомнева дека користат дрога.

Според информациите од protothema.gr, полициските екипи минувале покрај имотот на мотоцикл кога сопственикот ги запрел и ги однел во станот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер