„Џејмс Бонд“ искрено: Повеќе сакам да излегувам во геј барови

Актерот Даниел Крег откри дека претпочита да излегува во геј барови, за да го избегне „агресивниот израз на мажественост“ за кој тврди дека се случува многу почесто на места каде што се собираат хетеросексуалци.

„Одам во геј барови уште од младоста“, рече 53-годишниот актер за време на подкастот „Ручек со Брус“ на SiriusXM.

"Една од причините е што не се судирам толку често во геј баровите. Честопати се карав во хетеро барови".

Тој додаде дека геј баровите се безбедно место за престој.

„Сите се опуштени, сите. Всушност не морате да ја искажете својата сексуалност. Во ред е. И тоа е многу безбедно место за престој “.

"Успеав да сретнам девојки таму бидејќи има многу девојки од истата причина поради што бев и јас таму. Тоа беше некој вид скриен мотив", додаде тој.

Тој, исто така, се присетил на инцидентот кога тој и водителот Брус Боци, со кого долго време биле пријатели, биле фатени заедно во геј бар во 2010 година.

"Се случи да му зборувам за мојот живот и да се напиеме. Предложив да одиме во геј бар и заминавме. Не ни беше грижа", рече тој.

Ќе се носи нов закон за градење, предлог решението готово до крајот на годината

Со предлогот на законот за градење ќе се овозможи и стимулира просторниот и економскиот развој ќе се стимулира инвестирањето во градењето,.

Новиот Предлог Закон за градење, предвидува зајакнување на инспекцискиот надзор со тоа што општинските инсппектори ќе бидат дел од Државниот инспекторат за урбанизам, потоа уредување на категоризацијата на градби, олеснување и краетње на постапките за издавање на актите за градење, како и стимулирање на инвестирањето, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во обраќањето на стручната расправа за овој Закон. Тој очекува до крајот на годинава предлогот да биде готов, а преку него да се донесе најдоброто решение за сите страни.

„ Со предлогот на законот за градење ќе се овозможи и стимулира просторниот и економскиот развој ќе се стимулира инвестирањето во градењето, ќе се зајакне улогата на стручната јавност и правата на странките и на крајот ќе се овоможи разрешување на наталожените проблеми.“истакна Благој Бочварски – Министер за транспорт и врски.

Архитектот Мирослав Грчев кој учествуваше на јавната расправа укажа на потребата на измена на другите закони, кои го уредуваат процесот на градежните дејности.

„ Ние сме во ситуација заради таквата поставеност на еден вид внатрешна федерализација на министерстата на Владата што е стварност што секој инженер што постапува во некоја реформа треба да ја земе во предвид не сме во можност да направиме симултана реформа каде што ќе ги смениме сите закони во процесот што е уреден и смее да биде само во овој закон, процесот на градење не смее да го уредува некој друг закон од аспект на водење на постапка.“вели Мирослав Грчев – Архитек.

Постојниот Законот за градење во текот на годините е менуван повеќе од триесетина пати.

Како дејствува и за кого е наменет лекот „Молнупиравир“ против ковид-19?

Единствениот лек за Ковид 19 во форма на таблети ќе биде достапен и во Македонија.

Кога точно „Молнупиравирот“ ќе го има во аптеките и колку ќе чини не се знае, но властите ја започнаа постапката за набавка.

Молнупиравирот може да се зема само во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек се намалува за 50%.

Според микробиологот проф. Д-р Никола Пановски за употреба на овој лек треба да има итно достапни тестирања на државно, оти додека се чека за ПСР тест, ќе мине периодот кога треба да се зема лекот.

Дополнителни дилеми се кој од граѓаните треба да има предност за да го зема овој лек, вели Д-р Пановски.

Овој лек, вели Д-р Пановски, државата треба да го набави, иако една терапија - пет дена по две таблети чини 700 долари.

Сепак, граѓаните мора да знаат оти овие таблети не се замена за вакцината.

Во однос на епидемиолошката состојба, тој очекува зголемување на дневниот број на заразени во наредниот период, но не и силен есенски бран.

Реакција на Комисијата за историски и образовни прашања за оставката на членот Ванчо Ѓорѓиев

Македонскиот дел на Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија излезе со реакција по повод соопштението на членот на Комисијата, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, за негова оставка.

Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:

„Во врска со соопштението за медиумите на нашиот почитуван колега д-р Ванчо Ѓорѓиев за неговата оставка од Комисијата, би сакале да го истакнеме следново. Со колегата д-р Ѓорѓиев изминатите три години заедно и посветено работевме во Комисијата и донесовме добри решенија со кои сметаме дека помагаме во надминување на спорот помеѓу двете држави, зачувувајќи ги националните интереси на македонската држава, Македонците и другите етнички заедници и затоа сме крајно изненадени од тврдењата во неговото соопштение.

Истовремено, сакаме да потенцираме дека научните принципи во работата на Комисијата биле, се, и ќе останат непроменети и дека не постои никаква основа да се тврди дека постои нов принцип на работа, ниту политички притисок од МНР, Владата или политичките партии.

Исто така, вчерашните и денешните разменети предлог-идеи во ништо не отстапуваат или, пак, се разликуваат од досега разменетите предлози и пристапот кој е усогласен од сите членови на македонскиот дел од Комисијата од самиот нејзин почеток и кои во ништо не ги нарушува или, пак, се спротивни на македонскиот идентитет, национални интереси и спомнатите во соопштението на колегата Ѓорѓиев црвени линии усвоени во Собранието". /МИА

притисни ентер