Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)
1Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
Македонија „Денот на спортот“ во Кавадарци донесе 1.000 насмевки и голема енергијаВистински спортски празник во Кавадарци за „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Околу 1.000 дечиња уживаа во големиот спортски настан, кој за првпат се одржува во Македонија.Беше вистинско задоволство да се видат бројни насмевки на едно место, а сите заедно испратија силна порака – Македонија има златна спортска иднина. Во незаборавна атмосфера и фер-плеј игра, младите „симовци“ се натпреваруваа во: Coca Cola Cup 2011, футсал 2015, баскет 3х3 во машка и женска конкуренција, народна и атлетика. Секој спорт донесе неизвесност и многу возбудувања. Поттикнувањето на спортскиот начин на живот, инклузијата, толеранцијата и другарството меѓу децата и младите е главната мисија на најголемиот спортско-аматерски настан во Европа – Плазма Спортските игри за млади, веќе цели 30 години. СИМ овозможува бесплатен спорт за сите деца, создавајќи еднакви можности и простор за развој на младите таленти. Младите спортисти беа поздравени од претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалничката на Неготино, Марија Нацева и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој свечено ги прогласи Игрите за отворени. Капитенот на ФК Тиквеш, Александар Вареловски, капитенот на ГРК Тиквеш, Марјан Велков, капитенот на КК Тиквеш Голден Игл, Тодор Златев и капитенката на Пробаскет, Лиле Ѓорѓиева, заедно со маскотата „Виктор“ и младите дечиња, го донесоа факелот и симболично го означија почетокот на СИМ. Претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, ги поздрави сите дечиња, потенцирајќи го значењето на Игрите, чија примарна цел е бесплатен спорт за секое дете. „Се радувам што „Денот на спортот“ е токму денеска во Кавадарци. Почитуван градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, почитувана градоначалничка на Неготино, Марија Нацева, почитувани колеги и колешки, драги деца и новинари. Навистина се радувам бидејќи спортот обединува, спортот нè прави подобри луѓе. Тука од Кавадарци испраќаме силна порака дека Македонија има добра иднина. Голема благодарност до Општина Кавадарци и до моите драги колеги и колешки од Општинскиот сојуз, кои во изминатиот период безрезервно работеа за уште еден успешно организиран настан. Кавадарци покажа дека е одличен домаќин, покажа дека вложува во спортот. Кавадарци е град од кој потекнуваат врвни спортисти. За мене овој град буди посебни емоции, бидејќи моите почетоци во кошарката ги започнав токму тука и изградив многу пријателства. Вие, драги деца, преку Плазма Спортските игри за млади имате еднаква шанса да учествувате, да се натпреварувате и да другарувате. Најважно е преку спортот да градиме вистински вредности, фер-плеј игра и толеранција. Ви посакувам убав ден, полн со насмевки и да си заминете дома со убави спомени. Нека победат најдобрите. И да не заборавиме дека најдобрите ќе бидат дел од големото завршно финале во Сплит“, истакна Мицковска. На големиот настан беше присутна и градоначалничката на Неготино, Марија Нацева, која на сите натпреварувачи им посака успех. „Ми претставува огромна чест и задоволство што како градоначалничка на Општина Неготино сум присутна меѓу вас и сум дел од „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади, на кој учество ќе земат и ученици од основните училишта од нашиот град. Ова е проект кој има социјален карактер, бидејќи преку спортување и другарување младите се поврзуваат, се запознаваат и се забавуваат. Благодарение на одличната соработка што ја имаме со Министерството за спорт и Федерацијата на училишен спорт на Македонија, особено со претседателката Елена Мицковска, денес и учениците од нашиот град се дел од едно ново поглавје. Тие се дел од младинскиот спорт и заедно со своите врсници ќе можат да се натпреваруваат, учејќи за важноста на физичката активност и соработката, како и да го доживеат спортот како безбедна и охрабрувачка средина. На сите натпреварувачи им посакувам успех – нека победат најдобрите“, истакна Нацева. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, ги поздрави дечињата, истакнувајќи ја важноста на спортот и вредностите што се градат преку него. „Денеска како градоначалник имам голема чест и задоволство што заедно со Општина Кавадарци, Федерацијата на училишен спорт на Македонија и нашите партнери, по три децении, имаме можност и во Кавадарци да играме во духот на спортскиот натпревар, заедницата и дружењето. Се радувам што ве гледам во голем број и насмеани. Очекувам да создадете нови пријателства и заеднички успеси. Спортот не е само победа – тој остава трајни животни вредности. Ги прогласувам Игрите за отворени“, порача грдоначалникот на Кавадаарци, Митко Јанчев. „Денот на спортот“ имаше спектакуларно отворање во Скопје, а потоа се одржа во Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес и денеска во Кавадарци. Караванот продолжува утре во Прилеп. Заедно со нашите „симовци“ создадовме нови незаборавни моменти и дружби со Кока-Кола, Шпаркасе Банка, Шпаркасе Лизинг и Плазма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПолицаец од Флорида пронашол мртов човек, па му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа (ВИДЕО)Полицаец од Флорида е обвинет за кражба на идентитет на маж што го пронашол мртов, а потоа се преселил во неговиот дом и го презел неговиот идентитет.Брајан Луис Сгурос, 35, полицаец од Лодерхил, Флорида, беше уапсен претходно оваа недела. Истражителите велат дека Сгурос се претставувал како починатиот Денис Вест, се преселил во двокатната куќа каде што го пронашол неговото тело, а потоа ја реновирал. Според полицијата, тој живеел во куќата на југот на Флорида со години без никој да ја открие измамата. Сгурос сè уште не се изјаснил за обвиненијата. Не е познато дали има адвокат. Полициската управа на Лодерхил го отстранила од должностите и го суспендирала, објавува Би-Би-Си. 🔥🚨DEVELOPING: A Florida man who was found dead in his home during a welfare check in July 2022 and a officer who discovered the body named Brian Louis Sguros with the Lauderhill Police Department moved into the home and spent years impersonating him. https://t.co/k5AO01IkfJ — Dom Lucre | Breaker of Narratives (@dom_lucre) October 22, 2026 Организирал кремација на телото на сопственикот на куќата Во 2022 година, полицијата добила повик да провери за 71-годишниот жител на Лодерхил, Денис Вест. Полицаецот Брајан Луис Сгурос бил испратен да помогне во истрагата. Кога го пронашол Вест, кој починал од природна смрт, наводно „смислил сложена измама за да ја преземе контролата врз домот на лицето“, се вели во соопштението на шерифската канцеларија на округот Бровард. Според соопштението, истражителите тврдат дека Сгурос му кажал на канцеларијата на мртовечникот дека е пријател на Вест, иако властите не пронашле докази дека двајцата се познавале. Судските документи наведуваат дека полицаецот е виден на камерата на телото за време на запирањето и дека нема индикации дека имал претходен контакт со Вест. Сгурос наводно му кажал и на канцеларијата на мртовечникот дека Вест нема живи членови на семејството, што исто така било неточно. Потоа Сгурос организирал кремирање на телото на Вест. Florida officer accused of stealing dead man's identity and moving into his home, police say https://t.co/SoitCwbpYg — BBC News (World) (@BBCWorld) October 22, 2026 Вели дека сакал да спречи други нелегално да се вселат во домот Заедничката истрага на канцеларијата на шерифот и Канцеларијата за проценувачи на недвижности во округот Бровард откри дека Сгурос ја презел куќата и се вселил во неа во август 2022 година. Властите велат дека тој поднел документација до канцеларијата за проценка на имотот во 2025 година во која наведува дека ја презел куќата во август 2022 година. Судските документи наведуваат дека Сгурос тврди дека ја презел куќата бидејќи била опасна и сакал да спречи други нелегално да се вселат. Тој ги плаќал сметките за комунални услуги на име на починатиот. Тој, исто така, аплицирал за дозвола за замена на надворешните врати и прозорци, што би чинело 8.000 долари. Сгурос тврдел дека ја зголемил вредноста на имотот и инвестирал повеќе од 214.000 долари во куќата. Тој плати кауција од 25.000 долари Мажот е обвинет за злоупотреба на службена должност, незаконска употреба на идентитет на починато лице, незаконска употреба на лични идентификациски информации, кривично дело против корисник на компјутер и незаконска употреба на двонасочен комуникациски уред. Тој беше ослободен од притвор со кауција од 25.000 долари. Локалните агенции за спроведување на законот дознаа за случајот кога наследниците на Вест се обидоа да го продадат имотот.Тагови: полицаец флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСнимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)Два авиона на Филипинските воздухопловни сили се судрија за време на тренинг лет и се урнаа во воздухопловна база јужно од Манила. Сите четири пилоти загинаа во несреќата, соопштија филипинските власти. Два авиони SF-260 се судрија вчера попладне за време на лет на ниска надморска височина пред да се срушат во воздухопловната база Фернандо во Липа Сити, во крајбрежната покраина Батангас јужно од главниот град. Нема повредени на земја во несреќата, соопштија официјални лица. Филипинските воздухопловни сили не дадоа детали за несреќата, која ја опишаа како случајна. Двајца филипински службеници запознаени со инцидентот рекоа дека авионите се судриле во воздух. Тие зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени јавно да коментираат за случајот. Еден од двата двоседни авиони се урна во близина на воената касарна во воздухопловната база, изјави сведок за Асошиејтед Прес. Воздухопловните сили објавија дека привремено ги приземјиле сите преостанати авиони SF-260, набавени од Италија, во исчекување на истрага. Не е објавено колку од овие авиони сè уште се во употреба. 🇵🇭 Four Philippine Air Force pilots were killed in a collision of two SF-260 training aircraft The planes collided in mid-air and crashed within the perimeter of Fernando Air Base in Lipa, south of Manila. All four pilots on board both aircraft died. https://t.co/1WX1rNtcY1 — Visegrád 24 (@visegrad24) October 24, 2026 Филипинската војска се соочува со недостаток на средства Во мај, филипински SF-260 се урна и за време на навигациски тренинг лет во планинската покраина Бенгет на север од земјата, додека леташе со неколку други авиони од ист тип. Двајцата пилоти беа убиени. Според податоците на воздухопловните сили, во 2023 година, друг SF-260 се урна за време на тренинг лет во оризово поле во покраината Батаан, северозападно од Манила. Двајцата членови на екипажот беа убиени. Вчерашната несреќа е уште еден удар за филипинската војска, која долго време се соочуваше со недостаток на средства. Поради буџетски ограничувања, Филипините со години се борат да ги модернизираат своите воздухопловни сили, морнарица и армија. Во исто време, земјата се соочува со децениски комунистички и муслимански бунтови и сè понепријателски територијални спорови со Пекинг во Јужното Кинеско Море.Тагови: пилоти Филипините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СветНајмалку 150 лица се убиени во напад со дрон на пазар во Судан- реагира ОНСоветот за безбедност на Обединетите нации повика на истрага за нападите со беспилотни летала во Абјеи, спорна територија меѓу Судан и Јужен Судан, во кои загинаа десетици луѓе.Советот остро ги осуди нападите во близина на пазар во градот Тодах, соопшти најмоќното тело на ОН. Локалните власти велат дека најмалку 150 лица се убиени Локалните власти соопштија дека најмалку 150 лица се убиени во нападите . Обединетите нации потврдија најмалку 80 смртни случаи, а по други сè уште се трага. Нападите, исто така, предизвикаа големи пожари, од кои повеќето беа изгаснати од мировната мисија на ОН во Абјеи (UNISFA), соопшти ОН. Советот за безбедност нагласи дека Абјеи мора да остане демилитаризиран и предупреди дека намерните напади врз цивили би можеле да претставуваат воени злосторства. 🚨 Death toll from drone attack on market in disputed Abyei region between Sudan and South Sudan rises to 153, official says 📌 South Sudanese official accuses Sudanese army of carrying out attack, while 30 injured remain hospitalized https://t.co/33khVc392z https://t.co/WpKQ6QE6XU — Anadolu English (@anadoluagency) October 21, 2026 Локалните медиуми објавија дека портпаролот на владата во регионот богат со ресурси рекол дека целите биле цистерни во дел од пазарот каде што суданските трговци работеле. Владата на Јужен Судан ја обвини суданската армија за нападите, но армијата негираше одговорност. Во нападите со беспилотни летала загинаа стотици цивили оваа година Јужен Судан доби независност од Судан во 2011 година по една деценија граѓанска војна. Статусот на Абјеи останува нерешен, а мировна мисија на ОН е стационирана таму од 2011 година. Суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) се борат за контрола врз земјата од април 2023 година. Граѓанската војна дополнително ја дестабилизираше ситуацијата во спорниот граничен регион, според ОН. Инцидентот е дел од серија напади со дронови што драматично го променија текот на војната во Судан оваа година. Според Канцеларијата за човекови права на ОН (OHCHR), најмалку 1.120 цивили беа убиени во напади со беспилотни летала во Судан само во првата половина од годината. Тагови: дрон Судан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook