Живо: На Скопскиот аеродром пристигнаа останките на загинатите во автобуската несреќа

На Меѓународниот аеродром „Скопје" пристигнаа двата авиона со посмртните останки на жртвите во автобуската несреќа во Бугарија.

Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија.

По повод пристигнувањето на останките на Скопскиот аеродром е организирана церемонија на која присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница.

На плоштадот „Скендербег" во Скопје, пак, се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

На барање на семејствата на загинатите откажана е поворката која требаше да помине низ главниот град.

Сообраќајната несреќа се случи на на 23 ноември, на втопатот „Струма" во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс" – Скопје се враќал од Истанбул. Загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени.

Британскиот тинејџер ја призна вината за убиството на трите девојчиња во Саутпорт

 Британски тинејџер денеска се изјасни за виновен за убиство на три девојчиња во северна Англија во јули, злосторство што ја згрози нацијата и предизвика неколкудневни немири.

Аксел Рудакубана (18) го промени своето признание во невин и се изјасни за виновен на првиот ден од судењето во Ливерпул.

Тој призна дека ги избодел Беби Кинг (6), Елси Дот Стенкомб (7) и Алис Дасилва Агиар (9), кои биле на час по танц на тема Тејлор Свифт во Саутпорт.

Во нападот беа повредени уште десет лица, меѓу кои осум деца.

Рудакубана се изјасни за виновен по десет точки од обвинението за обид за убиство, како и за производство на смртоносниот отров рицин и поседување на прирачник за обука на Ал Каеда.

Пресудата се очекува в четврток.

Тренерот на Порто доби отказ по само шест месеци на позицијата

Порто го отпушти тренерот Витор Бруно, објави португалскиот клуб по двата порази од Национал и Жил Висенте, а двократниот освојувач на Лигата на шампионите е трет во табелата во локалната лига по 18 натпревари.

Бруно беше назначен во јуни 2024 година, потпишувајќи двегодишен договор, кога го замени Серхио Консеиао, кој си замина по седум сезони во кои освои 11 титули, вклучувајќи три титули во португалската лига.

Односот на Бруно со играчите се влоши откако Порто испадна од Лига купот по поразот од Спортинг со 1-0 во полуфиналето, а играчот од средниот ред, Пепе го критикуваше тренерот на социјалните мрежи.

Порто, една од 32-те екипи кои се квалификуваа за проширеното Светско клупско првенство во 2025 година, што ќе се одржи во САД од 15 јуни до 13 јули, ќе се соочи со Олимпијакос во четврток во натпревар од Лигата на Европа.

Украина планира советувалишта за бегалците кои сакаат да се вратат дома

 Украина сака да ги зголеми напорите да ги убеди бегалците во Германија да се вратат, а украинската влада планира советувалишта за бегалците кои сакаат да се вратат во Украина, изјави денеска украинскиот вицепремиер, Олексеј Чернишов.

-Голем број бегалци во Германија сериозно планираат да се вратат во Украина и ние мора да им помогнеме во тоа, изјави Олексеј Чернишов за германските медиуми.

Чернишов, кој го предводи новоформираното Министерство за враќање на бегалците, минатата недела беше во Берлин подготвувајќи се да изгради центри каде што украинските бегалци во Германија би можеле да добијат совети и помош при враќањето во Украина.

Тој објасни дека Украина страда од недостиг од војници, како и од работна сила во важни сектори. „Ситуацијата е особено критична во енергетскиот сектор, воената индустрија и градежништвото“, рече Чернишов.

Тој им рече на регрутите дека ќе бидат ослободени од воена служба доколку се стават на располагање на еден од секторите со дефицит. „Секој што работи во електраната нема да биде регрутиран. Тоа е загарантирано“, изјави украинскиот вицепремиер.

Според него, центрите ќе даваат поддршка и за оние кои не сакаат да се вратат во Украина, а се невработени во Германија.

Од почетокот на руската агресија врз оваа земја во Германија пристигнале 1,1 милион бегалци од Украина.

Неодамна во Германија се засили дебатата за нивниот статус. Водечката Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ постојано бараше да се намали државната помош за украинските бегалци.

притисни ентер