Штербик преживеа срцев удар - Канал 5

Штербик преживеа срцев удар

Поранешниот ракометен голман на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар, објави унгарскиот клуб Веспрем.

Штербик преживеа срцев удар

Во информацијата на клупската страница на Веспрем стои дека Штербик вчера наутро имал срцев удар и веднаш бил хоспитализиран.

- Нашиот тренер на голманите Арпад Штербик не патуваше со тимот за мечот од ЛШ со Алборг. Арпи се чувствуваше лошо утрото, отиде во болница каде што му беше дијагностициран срцев удар. Благодарение на брзата лекарска интервенција, Штербик денеска се чувствува подобро и веќе утре би требало да го напушти одделението за интензивна нега. Му посакуваме на Арпи брзо опоравување и со нетрпение го очекуваме неговото враќање, објави Веспрем.

Штребик беше дел од тимот на Вардар кој го освои првиот трофеј во Лигата на шампионите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосно реконструиран локалниот пат Мршевци – Дељадровци

Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на капитални инфраструктурни проекти.

Целосно реконструиран локалниот пат Мршевци – Дељадровци

Општина Илинден успешно го реализираше капиталниот инфраструктурен проект за целосна реконструкција на локалниот патен правец што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци, со што значително се унапредуваат условите за сообраќај, безбедноста и локалната поврзаност.

Проектот претставува една од позначајните инвестиции во патната инфраструктура на општината, обезбедувајќи современа, поквалитетна и побезбедна сообраќајна поврзаност меѓу двете населени места. Со реализацијата на овој проект се подобрува секојдневната мобилност на жителите, како и пристапноста за сите корисници на овој патен правец.

Во рамки на проектот извршена е целосна реконструкција и асфалтирање на патот во должина од околу 1.900 метри, извршено е проширување на коловозот, а низ населените делови долж кои поминува делницата изграден е нов тротоар со ширина од 1,5 метри, со што дополнително се зголемува безбедноста на пешаците.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека инвестициите во модернизација и развој на патната инфраструктура остануваат стратешки приоритет на локалната самоуправа, со цел обезбедување подобра поврзаност помеѓу населените места, зголемена безбедност во сообраќајот и повисок квалитет на живот за граѓаните.

Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на капитални инфраструктурни проекти кои придонесуваат за рамномерен развој на сите населени места, модернизација на јавната инфраструктура и создавање подобри услови за живот за сите граѓани.

Општина Илинден

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Слугата на официјална Софија, Филипче, се фаќа за сламката Бугари во Устав со што покажува дека нема крај на неговите лични интереси

Филипче и раководството на СДС се однесуваат целосно полтронски кон Бугарија и официјална Софија.

Петрушевски: Слугата на официјална Софија, Филипче, се фаќа за сламката Бугари во Устав со што покажува дека нема крај на неговите лични интереси

Додека раководството на СДС и нивниот претседател Венко Филипче, познат како специјален пратеник на Бугарија во Македонија или народски кажано - слуга на официјална Софија, гледаат само да распродадат се македонско, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мисли на граѓаните и секојдневно работи за подобар животен стандард. Колку за илустрација во таа насока се и активностите деновиве за привлекување на странски инвеститори.

Филипче и раководството на СДС се однесуваат целосно полтронски кон Бугарија и официјална Софија. Веројатно тоа го гледаат како единствен начин за доаѓање на власт.

Но, актуелното државно раководство на прво место ја става сопствената држава Македонија, сопствениот јазик, идентитет и се што е македонско.

Дека политиката која се води е во вистинска насока неделава покажаа и истражувања на јавното мислење. Високи 80 проценти се против вклучување на Бугарите во Уставот под диктат на официјална Софија.

СДС мора да разбере дека со промовирање на идејата за Бугари во Устав не се става крај, туку само се отвораат низа на прашања и проблеми за Македонија.

Се додека СДС не се освести, само ќе тоне се подлабоко и е на добар пат да се уништат самите. Затоа политиките на ВМРО-ДПМНЕ имаат поддршка од поголем број на граѓани. ВМРО-ДПМНЕ се прави достоинствено, така ќе биде и со интеграцијата на Македонија во ЕУ.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Истрага за сексуална злоупотреба на 12- годишно девојче во Битола

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор

Истрага за сексуална злоупотреба на 12- годишно девојче во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12 – годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го злоупотребил, осомничен е и за кривично дело – Прикажување на порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

Поради опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, но и да влијае врз оштетената и нејзиниот исказ и врз други сведоци, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер