Лејкерси ќе му го исполнат последниот сон на Леброн во НБА - Канал 5

Лејкерси ќе му го исполнат последниот сон на Леброн во НБА

Денвер Нагетс ги дотепаа ЛА Лејкерс во натпреварот 5 од првото коло и се пласираа во полуфиналето на Западната конференција.

Лејкерси ќе му го исполнат последниот сон на Леброн во НБА

Исто како и во вториот натпревар од серијата, Џамал ​​Мареј донесе одлука со победнички кош на четири секунди пред крајот, на кој Лејкерси не можеа да одговорат без тајмаут. Денвер победи со 108:106 и мина со вкупен сооднос 4:1.

Најдобар во редовите на поразениот тим завршувајќи ја својата 21 сезона во НБА беше Леброн Џејмс кој за 44:05 минути (најмногу во тимот) се доближи на трипл-дабл учинок, забележувајќи 30 поени, 11 асистенции и девет скока. Џејмс играше во просек речиси 41 минута во петте натпревари од серијата против Денвер, а толку минути во плеј-оф натпреварите немаше во просек од 2018 година, кога го водеше Кливленд во неговата последна сезона пред да им се приклучи на Лејкерс.

Во серијата против Денвер, Џејмс имаше просек од 27,8 поени додека шутираше 56,6%, што е најдобар процент во плеј-офот во целата негова кариера. Покрај тоа, тој забележа 8,8 асистенции, 6,8 скока и 2,6 украдени топки по натпревар, што е исто така рекорден просек во неговата плеј-оф кариера.

Се очекува Џејмс да игра уште две сезони, а до 29 јуни треба да се изјасни дали ќе ја користи опцијата играч за следната сезона и ќе остане во Лејкерси уште најмалку една година. Опцијата му гарантира 51,4 милиони долари за сезона. По поразот од Денвер, на прес-конференција беше запрашан дали тоа е неговиот последен натпревар за Лејкерси, а тој рече: „Го ценам вашето прашање, но одбивам да одговорам“.

Атлетик пишува дека Лејкерси имаат план да го задржат еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Лејкерси се подготвени на драфтот да го изберат синот на Леброн, Брони и со тоа да го исполнат последниот сон на Леброн - да игра со својот син во истиот тим.

Брони се пријави за овогодинешниот драфт и покрај тоа што го пропушти првиот дел од својата прва сезона во УСЦ поради срцев удар минатото лето. Брони, висок 192 см, играше 19 минути 25 пати во својата прва сезона на универзитет и имаше просек од 4,8 поени, 2,8 скока и 2,1 асистенции, со многу слаб шут од 36,6% од поле, 26,7% за тројка и 67,6% од слободни фрлања, но тој бил пофален како многу добар одбранбен играч.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски: Конечен договор ќе има во вторник, ЗНАМ и натаму ќе раководи со две министерства

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, и денеска инсистираше дека се уште нема договор за владината реконструкција...

Димитриевски: Конечен договор ќе има во вторник, ЗНАМ и натаму ќе раководи со две министерства

На партискиот настан во Куманово денеска не присуствуваше министерот Филков, но Димитриевски вели дека тоа не е поврзано со реконструкцијата, туку со други обврски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали: ВЛЕН ќе раководи со 6 министерства - ги добива правда, култура и односи меѓу заедниците, отстапува од здравство

ВРЕДИ со реконструкцијата на Владата ќе ги добие едно министерество повеќе и ќе раководи со вкупно шест, објави пред малку првиот вицепремиер Беким Сали.. 

Сали: ВЛЕН ќе раководи со 6 министерства - ги добива правда, култура и односи меѓу заедниците, отстапува од здравство

На настанот во Скопје посветен на отчетот за 2 годишнината од работата на ВЛЕН во Владата, Сали кажа дека ВЛЕН ќе го добие ресорите за правда, за култура и за односи меѓу заедниците, а ќе го отстапи здравството.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај на фемицид: Убиена 48 годишна жена, уапсен е 51 годишниот поранешен маж од скопско Таор

Нов случај на фемицид во Македонија... 51 годишен маж од скопско Таор ноќеска е уапсен под сомниние дека ја убил својата поранешна 48 годишна жена... 

Нов случај на фемицид: Убиена 48 годишна жена, уапсен е 51 годишниот поранешен маж од скопско Таор

Во близина на скопското село Летевци е пронајдено тело на 48 годишна. Два дена претходно, во петокот таа била пријавена за исчезната од страна на 51 годишен маж со кој живееле во селото Таор. Неофицијално Канал 5 дознава дека до неодамна тие биле сопружници во фаза на развод поради несогласувања но се уште живееле заедно. Полицијата го пронашла нејзиното тело во фаза на распаѓање на околу 13 километри од домот, во атарот на селото Летевци на тешко пристапна шумска локација, а полициската истрага брзо нашла докази дека изврштеил на убиството е токму нејзниот пораншен маж.

„На 28.06.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. “

Од Јавното обвинителство потврдуваат дека со обдукцијата било утврдено дека се работи за насилна смрт.

„Дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна.“

Освен осомничениот за убиството, уапсени се и тројца негови пријатели на возраст од 62 до 69 години, но нивната улога во случајот ниту МВР ниту обвинителството засега на ја откриваат.

Од обвинителството додаваат дека се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот.еск

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер