Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
МакедонијаЖерновски: Три силни потврди од ЕУ, Кошта и Вајц, разобличена е секоја лага на Мицкоски-реформи нема!Македонската јавност имаше можност од највисоко европско ниво да добие три важни и целосни потврди за она што го зборувавме како партија со месеци наназад, а кое беше демантирано од страна на владејачката ВМРО.Прво, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со Европската Унија. Сакам ова да биде сосема јасно. Тука веќе треба да престане секоја дилема, дебата и манипулација околу ова прашање. Второ, вчера Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот на Томас Вајц за Македонија. За жал, повторно добивме потврда за она што го зборувавме со месеци наназад. Во извештајот се констатира, цитирам, дека нема напредок од последниот извештај. Тоа значи дека една година, односно 365 дена, се изгубени без да бидат спроведени суштински реформи во нашата држава. Се констатира недоволен напредок во реформите, особено во областа на владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата. Трето, Комитетот во извештајот ги посочува манипулациите и дезинформациите преку, цитирам, „странско непријателско мешање и кампањи за дезинформации“. Тоа е токму она што СДСМ го зборуваше со месеци наназад – дека постои поврзаност меѓу ВМРО и СНС на Вучиќ и нивните заеднички кампањи. Сега, она што го зборувавме како опозиција добива потврда од Брисел. Почитувани, Со Христијан Мицкоски и со ВМРО нема иднина за Македонија, нема перспектива за Македонија и нема подобар животен стандард за нашите граѓани. Тоа веќе е сосема јасно. Мицкоски и неговата влада воопшто немаат намера да спроведат реформи во правосудството. Напротив, сведоци сме како тој преку медиумски настапи и преку собраниската говорница најавува истраги, најавува политички прогон и лично се меша во работата на обвинителството и судството. Сами можевме да го слушнеме како потврдува дека разговара со јавниот обвинител и му дава насоки како да постапува. Ете, тоа е состојбата во која денес живееме сите ние. Сосема е јасно дека никогаш нема да ја видиме Европа со оваа криминална власт и со овие криминалци на власт. Многу е важно да се споменат и дезинформациите и странското влијание како дел од овој антиевропски наратив што го води ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, а кој е преземен по рецепт на Вучиќ и СНС, сестринската партија на ВМРО. Сето она што го зборувавме со месеци наназад за странското мешање и за дезинформациите што ја поткопуваат демократијата во нашата држава, веќе и официјално е потврдено од Брисел и од институциите на Европската Унија. Крајната цел е сосема јасна – да се води антиевропска кампања за да се спречи внесувањето на малцинствата во Уставот и со тоа да се спречи влезот на Македонија во Европската Унија. Вицепремиерот Стоилковиќ, човек кој има директни врски со БИА и со „Ноќните волци“, јавно ја турка агендата и на Србија и на Русија. Во Куманово се организира поддршка за Вучиќ, без да слушнеме каков било коментар од власта или од Мицкоски. Тоа значи дека ова се прави со нивно премолчено одобрување и дека со молчењето всушност се поддржува ваквиот собир. Сето тоа е дел од истата слика, а тоа е одржување на изолацијата и спречување на европскиот пат на нашата земја. Дел од ова сценарио е и лажниот патриотизам на премиерот Мицкоски. Тој со својата пропаганда со месеци наназад шири лаги и нè убедува дека, ако треба, ќе јадеме корења, доколку се внесат малцинствата во Уставот, бидејќи наводно ќе биле загрозени македонскиот јазик, македонската култура и нашиот национален идентитет. Чиста лага. Чиста манипулација. Она што сакам денес јасно да го кажам е дека сите овие манипулации излегуваат на виделина. Веќе не може да се крие таа антидржавна и антимакедонска стратегија. Тие, заедно со своите семејства, со бугарски пасоши и со деца со бугарски пасоши, патуваат со авиони кон летните дестинации, додека обичниот граѓанин чека по десет часа на граница, а потоа владата го убедува дека треба да јаде корења. Почитувани, Овде не станува збор за никаква заштита на македонскиот национален идентитет од страна на Мицкоски. Овде станува збор за заштита на неговата криминална моќ, односно на криминалната моќ на неговата група. Впрочем, тоа е и целта на целата оваа кампања – да се спречи Македонија да влезе во Европската Унија, за да може без контрола и без одговорност да продолжат кражбите. Затоа е и овој лажен патриотизам. Затоа служи оваа наводна борба против Бугарите. Се преправаат дека се борат против Бугарите, а имаат бугарски пасоши. Всушност, тие се борат против Европа и против европската иднина на нашата држава. Антиевропската кампања на нивните медиумски поддржувачи и евроскептицизмот што го шират се спротивни на волјата на дури 77 проценти од граѓаните кои ја поддржуваат Европската Унија и кои јасно се изјаснуваат дека сакаат да живеат во европска Македонија. Затоа, доста е со оваа пропаганда. Пред Македонија се наоѓа историска шанса која или ќе ја искористиме или повторно ќе чекаме децении за да се вратиме на европскиот колосек. Цената, за жал, ќе ја плати државата. Ќе ја платат граѓаните. Ќе ја платиме сите ние. А токму тоа е она што го сака Мицкоски и неговата криминална група. Затоа уште еднаш повикуваме: распишете референдум веднаш. Граѓаните нека одлучат дали сакаат изолација или сакаат да живеат во европска Македонија. Реформи сега. Европа сега. Благодарам, рече Андреј Жерновски – Секретар за меѓународна соработка на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter