„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври - Канал 5

„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври

По повод Денот на македонската револуционерна борба, почна свечената академија насловена „Свои на своето!“ во НУ Македонски народен театар.

„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.

Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско.

Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија. Набргу, учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат. Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети. Откако на овој начин се формирала структурата на организацијата, почнал процесот на создавање вооружени чети и почнале набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција.

По повод Денот на македонската револуционерна борба, почна свечената академија насловена „Свои на своето!“ во НУ Македонски народен театар.

Свое обраќање ќе има претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Собраниска делегација, пак, предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, составена од пратениците Велика Стојкова – Серафимовска и Даниела Николова, положи венец свежо цвеќе на Споменик на основачите на ВМРО – Парк „Жена борец“ во Скопје.

Во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија е доделена државната награда „23 Октомври“ за 2026 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на Ѓорѓи Јолевски, актер, додека за остварување во областа на науката, наградата им се доделува на проф. д-р Стојко Стојков, историчар и проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, археолог.

По повод 23 Октомври, во македонскиот Културно-информативен центар во Софија во средата вечер се одржа културно-историски настан посветен на 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, тематски насловен „Во светлината на слободната“. Настанот беше посветен на историските процеси што го одбележале македонското револуционерно движење, на идеалите за слобода и достоинство, како и на животот и делото на Даме Груев, еден од основачите на Македонската револуционерна организација (МРО), подоцна позната како ВМРО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври!

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, со положување свежо цвеќе и оддавање почит, го одбележавме овој значаен датум од македонската историја.

Јанчев: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври!

Со гордост и благодарност се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и делата на сите оние кои се бореле за слободата, самостојноста и иднината на македонскиот народ.

Нивната борба е наша обврска да продолжиме да градиме подобра, посилна и просперитетна Македонија.

Нека ни е честит и вековит 23 Октомври!

Нека ни е вечна Македонија!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети

Најмалку едно лице е убиено, а неколку други се ранети во пукотница што се случи утрово во департманот Ивлин, во западниот дел од регионот на Париз, кога маж отворил оган од возило на улицата, објавија француските медиуми.

Крвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети

Според извори запознаени со случајот, осомничениот отворил оган од возило на улиците на градовите Трап и Ла Вериер околу 10:30 часот, објави BFM.

Мажот отворил оган на улица во Трап, во Ивлин, користејќи автоматска пушка, убивајќи едно лице и ранувајќи неколку други, објави Le Parisien, потврдувајќи ги информациите од весникот „Aktu17“.

Осомничениот за пукотницата е уапсен од Бригадата за борба против криминалот (BAC), објави парискиот весник, а телевизијата BFM објави дека е уапсен во градот Коањер.

Префектурата Ивлин соопшти дека службите за итни случаи моментално реагираат.

„Утрово, едно лице отвори оган од своето возило врз неколку луѓе со кои се сретна во Трап и Ла Вериер. Со жалење известуваме за смртта на едно лице во оваа фаза“, напиша градоначалникот на градот, Али Рабех, на Фејсбук.

Според претходните информации, најмалку две лица се тешко повредени, а бројот на повредени може да биде поголем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

Акциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово.

Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер