БизарноМистерија на ремек делото на Ван Гог- астрономите веруваат дека „Ѕвездена ноќ“ настанала на сосема друг датум Познатата слика „Ѕвездена ноќ“ од холандскиот сликар Винсент ван Гог можеби е заснована на вистински поглед на небото во зори на 22 јули 1889 година, а не само производ на имагинацијата на уметникот.Познатата слика „Ѕвездена ноќ“ од холандскиот сликар Винсент ван Гог можеби е заснована на вистински поглед на небото во зори на 22 јули 1889 година, а не само производ на имагинацијата на уметникот, покажа ново истражување на астрономи во Јужна Кореја. Студијата, објавена во списанието „Scientific Reports“, го доведува во прашање конвенционалното датирање на сликата и ја покренува можноста дека Ван Гог, познат по своите експресивни прикази на природата, започнал од вистинско небо, кое потоа уметнички го трансформирал. „Стоев на истото место“ Авторите на новата студија веруваат дека поместувањето на датумот на сликата во јули би можело да го објасни распоредот на небесните тела прикажани на платното. За да ја тестираат својата хипотеза, јужнокорејските истражувачи прво идентификувале гребен југозападно од санаториумот. Првиот автор на студијата, астрономот Ким Елија Џонг-хјун од Универзитетот Кјунг Хи во Јужна Кореја, рече дека истражувачкиот тим пронашол локација од која уметникот можел да го гледа пејзажот и ја споредил со една од неговите претходни скици. „Стоев на истото место каде што стоеше Винсент пред 130 години“, рече Ким. Помош од астрономски софтвер Истражувачите ги анализираа позициите на Месечината, Венера и ѕвезденото јато Хијади прикажани на сликата и ги споредија со изгледот на небото над францускиот град Сен-Реми-де-Прованс, каде што Ван Гог престојувал во санаториумот Сен-Реми во јужна Франција во 1889 година. Потоа научниците користеа астрономски софтвер за да го реконструираат изгледот на небото во зори за секој ден во текот на јуни и јули 1889 година. Тие бараа датуми кога Месечината била над Венера, заедно со позицијата на ѕвезденото јато Хијади што се совпаѓала со сликата. Од трите датуми на кои небесните тела биле во точните позиции, 22 јули се покажа како најблиску до распоредот прикажан на сликата. Според нивната реконструкција, тенката полумесечина, Венера и Хијади потоа биле распоредени на начин сличен на оној на платното на Ван Гог. „За да го донесеме ова прашање во сферата на науката, моравме да го измериме степенот на сличност помеѓу распоредот на ѕвездите на сликата и вистинското небо, користејќи геометрија на облици и статистика“, објасни Ким. Резултатите не се конечни Сепак, авторите на студијата предупредија дека резултатите не се конечни и дека е можно Ван Гог да комбинирал сцени од небото од различни денови. Музејот Ван Гог во Амстердам, кој не бил вклучен во студијата, тврди дека „Ѕвездена ноќ“ е создадена во јуни 1889 година. Според музејските експерти, уметникот ја насликал сликата на платно што го добил на почетокот на јуни, а веќе на 2 јули му испратил на својот брат Тео цртеж базиран на делото. Музејот, исто така, соопшти дека околу 22 јули, Ван Гог доживеал сериозна ментална криза што го спречила да слика повеќе од еден месец. „Ван Гог не бил заинтересиран за целосно верно претставување на реалноста“, рече портпаролот на музејот, додавајќи дека позициите на небесните тела на сликата не можат да се сметаат за сигурна основа за одредување на датумот на нејзиното создавање. Доналд Олсон, професор по физика и астрономија на Државниот универзитет во Тексас, исто така изрази сомнежи во врска со заклучоците од новата студија, посочувајќи на несовпаѓања помеѓу позициите на Венера и ѕвезденото јато Хијади на сликата и нивните пресметани позиции на небото. Ван Гог ја насликал „Ѕвездената ноќ“ за време на престојот во Сен Реми де Прованс, а делото сега се смета за едно од најпознатите дела на светската уметност.Тагови: Ван Гог Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање. Поднесени се над 100 амандмани. Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то. Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 7 Попова Шапка, 9 Крушево, Лазарополе, 10 Гевгелија, 11 Скопје – Петровец, Струмица, 12 Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Тетово, Битола, 14 Прилеп, Куманово, Берово, 15 Велес, 16 Штип, Крива Паланка, Виница, Демир Капија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 9 Лазарополе, 5 Пожаране, 3 Битола, 2 Претор, 1 Попова Шапка, Крушево, Куманово. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20