Жерновски: Мицкоски и на Илинден избра да дели - го лаже и го третира својот народ како „талог“ - Канал 5

Жерновски: Мицкоски и на Илинден избра да дели - го лаже и го третира својот народ како „талог“

Денеска мораме да изреагираме на тоа што го видовме за време на илинденските празници, а тоа е еден говор полн со омраза и навреди од страна на премиерот.

Жерновски: Мицкоски и на Илинден избра да дели - го лаже и го третира својот народ како „талог“

Значи, на најголемиот државен празник, на Илинден, Мицкоски ја употреби, односно ја злоупотреби говорницата за повторно да ја продолжи својата политика на поделби, омраза и навреди.

Мицкоски од говорницата повторно зборуваше за „талог“. Повторно своите сограѓани ги нарече „талог“.

Кој е тој „талог“ за кој, всушност, зборува Мицкоски?

Тоа се сите оние што не се согласуваат со него.

Тоа се сите оние што знаат колку е Мицкоски неспособен.

Тоа се сите оние што знаат колку Мицкоски лаже.

Тоа се сите оние што се борат за правда, за еднаквост, за одговорност, сите оние што се борат за европска перспектива на својата држава.

Истиот човек кој со години нас, граѓаните, нè нарекува, цитирам, „талог на општеството“, „мекотели“, „мочуриште“, „медиокритети“, „лешинари“, повторно, и тоа од говорницата во Пелинце, каде што требаше да се испрати порака за обединување, го користи истиот јазик на омаловажување. Повторно истиот јазик на етикетирање.

На денот кога треба да се зборува за слобода, на денот кога треба да се зборува за достоинство, за иднина, Мицкоски повторно избра да ги навредува своите сограѓани.

Мицкоски повторно избра да го дели народот.

Ова веќе не е патриотизам.

Ова е патолошка политичка омраза и тоа веќе треба јасно да се каже.

И додека самиот Мицкоски за својот народ зборува како за „талог“, Македонија тоне во економска криза.

Животниот стандард секојдневно опаѓа.

Водата е отруена во сè повеќе населени места во државата.

Државата е заглавена без напредок во евроинтеграциите.

Реформите стојат во место.

Или, како што и самиот Мицкоски кажува, тој ја клати државата, ги клати граѓаните во еден

привиден воз, а возот всушност не постои, а богами не постои ни шина.

Граѓаните секојдневно ја плаќаат цената на неговата неспособност и секојдневно се уверуваат во начинот на кој Мицкоски ги навредува.

Прво, во еден квазипатриотски вознес , ги повикуваше граѓаните летните одмори да ги поминат покрај прекрасните македонски езера, реки и планини, за неколку дена потоа самиот тој да изјави дека нема да оди на одмор во Македонија, туку ќе оди на друго место.

Откако му стана јасно дека ги лаже граѓаните, на сите ни кажа дека тој, всушност, нема да оди на одмор, туку ќе оди на екскурзија.

Така што, ако го видите Мицкоски на плажа, да знаете дека тој е на екскурзија.

Почитувани, Христијан Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани сè додека нас нè нарекува „талог“.

Сè додека македонските граѓани ги нарекува „талог“, ние, за жал, немаме премиер, немаме лидер.

Ние имаме шеф на една организирана криминална група.

Ете, тоа е Христијан Мицкоски.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?

Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската Унија? 

Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?

Кој е клучниот предуслов за продолжување на евроинтегративниот процес? Ваквото прашање се наметнаува откако преиеирот Мицкоски од Берлинскиот процес порача дека за деблокада на европскиот процес потребно е прво да се договори Акцискиот план за малцинства со Бугарија, па потоа да се разговара за уставните измени. За отворање на првиот кластер од преговорите неопходни се и двата чекори, смета Димитар Николовски од Центарот за европски стратегии. Според него дури и да се донесат уставните измени, Бугарија како единствената од сите 27 земји членки која не го поддржува ваквиот план повторно ќе може да ја блокира Макдонија на патот кон ЕУ.

„Двата процеси мора да одат паралелно или барем едниот процес т.е. Акцискиот план кој сметам дека би било полесно да се донесе затоа што не подлежи на политички консензус внатре во државата и тој би било полесно да се донесе прв, па потоа уставните измени. Меѓутоа доколку уствните измени се донесат без акцискиот план ние повторно ќе се соочиме вето за отворање на првиот кластер“

Најголемите забабелешки од бугарска страна за Акцискиот план за правата на малцинствата беа во однос на јазикот на кој им бил доставен на заедниците во Македонија, но и дека не предвидувал доволно заштита на бугарското малцинство во земјава, вели Николовски. Според него донесувањето на Акцискиот план, кој е подготвен во соработка со европски експерти, а за чие усвојување се чека зелено светло од Брисел, осносно согласност од соседна Бугарија, може да донесе и поголема предвидливост на пристапниот процес.

„Акцискиот план опфаќа неколку области како правото на здружување, недискриминација, заштита од говор на омрза, обраование каде што би се зајакнале правата на заедниците во нашата држава и би биле поконкретизирани, многу од нив веќе се спроведуваат како мерки, меѓутоа ова би било еден европски документ за заедниците. Од страна на бугарските здруженија во нашата држава беа приложени неколку критики кои беа генерално во насока дека недоволно имаат заштита, дека недоволно имало консултации додека се носел нацрт-планот и исто така имаат очекувања да има посебни мерки за посебни заедници, односно бугарската заедница да се третира на некаков посебен, специјален начин, а не сите заедници на општ начин како што се во овој момент во нацрт акцискиот план за малцинства“

Додека Мицкоски повикува на усогласување на Акцискиот план со Бугарија пред да се разговара за следните чекори во пристапниот процес, Брисел ја повторува пораката дека за придвижување на процесот останува само еден чекор – а тоа е промената на Уставот. Еврокемсарката Кос по средбата со мистерот Беким Сали во Брисел уверува дека откако ќе бидат усвоени уставните измени ќе следува продолжување на пристапниот процес без дополнителни политички одлуки. Ваквите пораки доаѓаат во пресрет на разгледувањето на Извештајот за напредокот на Македонија кој во среда ќе биде презентиран во Европската комисија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет-резултатите се вистинската политичка легитимација!

Политиката не е натпревар во ветувања, туку одговорност за секоја одлука и за секој резултат. 

Димитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет-резултатите се вистинската политичка легитимација!

Со оваа порака, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска во Кичево ја продолжи серијата панел-дискусии посветени на отчетот за изминатите две години, под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“.

„На средината од мандатот, ЗНАМ излегува пред граѓаните со сеопфатен отчет за работата на своите избрани и именувани функционери, преточен во посебна отчетна публикација. Граѓаните имаат право да знаат што е сработено, кои обврски се исполнети и какви резултати се постигнати. Отчетноста не е обврска само пред избори, туку секојдневна одговорност кон оние што ни ја дале довербата“ истакна претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Тој нагласи дека зад отчетот стојат конкретни активности и политики што треба да донесат промени во секојдневието на граѓаните, од повеќе од 1.200 капитални проекти во општините, преку изградбата и унапредувањето на патната инфраструктура и Коридорите 8 и 10, до линеарното зголемување на пензиите и растот на платите во повеќе сектори. Зад бројките, како што посочи, мора да стојат реални резултати, подобри услови за живот и поголема сигурност за граѓаните.

„Не бараме доверба врз основа на убаво изговорени зборови. Довербата се оправдува со работа, со одлуки и со резултати што луѓето можат да ги препознаат. Затоа сме меѓу граѓаните и денес, затоа ќе продолжиме да разговараме отворено и да одговараме за нашата работа. Македонија се сака со дела, а политичката одговорност се докажува токму така“ порача Димитриевски.

На панел-дискусијата се обратија и Весна Бендевска, потпретседател на Собранието и потпретседател на Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини и претседател на Градската организација на ЗНАМ,како и др.

Злате Мехмедовиќ, директор на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на ЗНАМ. Дискусијата ги опфати резултатите и предизвиците во здравството, енергетиката, законодавниот процес и функционирањето на институциите, со посебен акцент на одговорноста за преземените обврски.

Движењето ЗНАМ ќе продолжи со отчетните средби низ државата, отворено разговарајќи со граѓаните за сработеното, за предизвиците и за она што допрва треба да се реализира.

Затоа што отчетот не е крај на една работа, туку обврска да се продолжи уште посилно, со јасни цели, конкретни решенија и одговорност за секоја преземена обврска. Најважно е резултатите да се чувствуваат таму каде што се најпотребни, во секојдневниот живот на граѓаните.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува хаосот во Тирана: Запалени контејнери, водени топови и камена маса за дијалог на Рама (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија (ДП) денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана.

Продолжува хаосот во Тирана: Запалени контејнери, водени топови и камена маса за дијалог на Рама (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија (ДП) денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана, а за време на собирот пред министерството, каде што беше најавен и студентски протест, демонстрантите запалија контејнери, објави Коха.

Полицијата одговори со употреба на водени топови за да ја растера толпата.

Контејнер за ѓубре се запали додека демонстрантите фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Албанија, во време кога протестите што ги повикаа студентите почнаа да стануваат тензични.

Според Коха, полицијата употребила и гумени куршуми.

Поддржувачите на ДП претходно запалија столчиња пред зградата на албанската влада што ја постави албанскиот премиер Еди Рама како повик за дијалог со студентите.

Според албанскиот „Еуроњуз“, протестот на ДП се одржува како знак на солидарност и поддршка на протестите предводени од студентите, кои траат веќе 12 дена. Фото: Танјуг/АП

Порано денес, албанскиот премиер Еди Рама повторно повика на дијалог пред најавените студентски и граѓански протести во Тирана и други албански градови.

Рама објави видео на Фејсбук на кое се гледа камена маса пред неговата канцеларија со хартии на кои пишува „дијалог“.

Рама во последните денови поставува столчиња и клупи пред својата канцеларија, поканувајќи ги студентите на дијалог, но тие ги отфрлија повиците.

Во Албанија веќе 12 дена се одржуваат протести предводени од студенти, кои започнаа поради незадоволство од состојбата на образованието, високите трошоци за студирање и лошите можности за вработување на младите, но прераснаа во пошироки демонстрации против владата на албанскиот премиер Еди Рама, со барања за негова оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер