Рама: Ескалацијата на насилствата е оркестрирана, слично како и во другите европски земји - Канал 5

Рама: Ескалацијата на насилствата е оркестрирана, слично како и во другите европски земји

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека насилното однесување за време на осумдневните протести во земјата било „оркестрирано“ од внатрешни и надворешни елементи, со цел дестабилизација на Албанија, но и на други европски земји.

Рама: Ескалацијата на насилствата е оркестрирана, слично како и во другите европски земји

Тој го кажа ова на состанок со раководителите на банкарскиот систем во Албанија и оцени дека ескалацијата на насилството, со употреба на камења и оган, е феномен што е поврзан и со настаните во други европски земји, пренесува албанскиот „Евроњуз“.

Тој им порача на студентите и другите кои извршиле насилство врз институциите и банките за време на протестите дека ќе платат за секоја предизвикана штета.

„Сите оние кои кренаа раце против државата ќе ја имаат сенката на државата зад себе сè додека не ја надоместат штетата што ја предизвикале. Ќе ги гониме оние во качулки“, рече Рама.

Тој најави дека владата наскоро ќе издаде пакет мерки, како што направија и другите земји, а чија цел е да се воспостави регистар на насилни лица на кои ќе им биде забранет пристап до хотели и аеродроми.

„Ќе го објавиме пакетот мерки еден час порано и ќе ги деанонимизираме профилите што поттикнуваат насилство, ќе ги следиме оние што носат качулки. Семејството ќе биде одговорно за сè што прави малолетник, Италија и Франција го направија тоа, а и ние ќе го сториме. Ќе ги ставиме насилните луѓе во посебен регистар. Ќе затвориме многу пристапни точки до транспорт, аеродроми, хотели“, рече Рама.

Тој додаде дека албанската влада веќе започнала да работи со земјите од ЕУ за да им се одземе пристапот до патување на насилните луѓе.

„Насилството нема место во Албанија. Дијалог, размена на идеи, соочување на аргументи, нови начини што ни послужија на вонредниот протест во 2018 година, а тоа беа ученици и наставници. Не како оние што, пред да станат наставници, носеа партиски знамиња и кршеа столчиња во кабинетот на премиерот“, рече Рама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во Тирана: Демонстрантите носат знаме на „Голема Албанија“ (ФОТО)

Во Тирана нема мир! На деветтиот ден од протестите со кои се бара оставка од премиерот Еди Рама, првиот инцидент се случи денеска малку пред пладне.

Скандал во Тирана: Демонстрантите носат знаме на „Голема Албанија“ (ФОТО)

Откако група професори се собраа утрово пред канцеларијата на Еди Рама, каде што одржаа претстава.

Набргу потоа, им се придружи и група студенти, а за време на собирот, новинарите на Телеграф го снимија и знамето на „Голема Албанија“, објави Телеграф.

Кога студентите пристигнаа пред канцеларијата на Рама, професорите ги пречекаа со голем аплауз.

Пред да пристигнат пред канцеларијата, студентите се собраа пред зградата на Политехничкиот факултет.

За време на собирот, тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Да живее слободната младина“, „Денес ние одлучуваме“, „Крајот на Катовице“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп, Путин и Си се согласија на заедничка средба- детали за историскиот настан

Лидерите на Русија, Кина и САД ја потврдија својата подготвеност за одржување трилатерален состанок на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен.

Трамп, Путин и Си се согласија на заедничка средба- детали за историскиот настан

Лидерите на Русија, Кина и САД ја потврдија својата подготвеност за одржување трилатерален состанок на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен, изјави денес помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

„Сите лидери ја потврдија својата подготвеност за таков состанок. Тој е разработен на експертско ниво и сè што останува е лидерите да бидат на исто место во исто време“, рече Ушаков.

Тој оцени дека тоа би било „донекаде историско“, бидејќи тоа би бил првпат лидерите на три толку големи земји да се сретнат, но не сакаше да го спореди евентуалниот состанок со „нова Јалта“.

Ушаков, сепак, изрази сомнежи дека состанокот меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг би можел да доведе до крај на конфликтот во Украина, наведувајќи дека не е можно да се решат сите проблеми за време на еден состанок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За четири часа полицијата казни 175 пешаци- најмногу од нив преминувале улица надвор од „зебрата“

Акциска контрола за безбедност на пешаците – констатирани 175 прекршоци.

За четири часа полицијата казни 175 пешаци- најмногу од нив преминувале улица надвор од „зебрата“

На 20.10.2026 година, во периодот од 08:00 до 12:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават пешаците, како и на прекршоците што ги прават возачите во однос на пешаците.

При спроведената контрола констатирани се 175 прекршоци. Најголем дел од прекршоците сторени од пешаци се однесуваат на непрописно преминување на коловозот, односно преминување на улица на небезбедно место, надвор од обележан пешачки премин. Кај возачите, најчесто констатирани прекршоци се непропуштање пешаци на обележан пешачки премин.

Во текот на контролата констатирани се и 139 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски сообраќајни контроли и апелира до пешаците да ги користат обележаните пешачки премини и да ги почитуваат сообраќајните правила, а до возачите да ја намалат брзината при приближување кон пешачки премини, да бидат особено внимателни и задолжително да им дадат предност на пешаците, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер