Жените во Египет докажуваат дека се невини, гинеколог ги спасува од убиство

Гинеколог која нуди операции за реконструкција на химен на жените во рурален Египет вели дека на овој начин спасува животи, иако дискретно ги рекламира своите процедури како „услуга за здравје и убавина“.

Во конзервативните општества како што е Египет, „непроменетиот“ химен е важна потврда за невиноста. Невестите што го уништиле хименот може да предизвикаат непријатност во нивните или во семејствата на младоженецот. Во најлошите случаи, може да ги поттикнат таканаречените убиства за чест, кои обично ги вршат роднините на жртвите.

„Ова е наша медицинска должност - да ги заштитиме девојчињата од убиства и социјалната стигма на која се изложени поради хименот“, вели гинекологот Лејла, која користела псевдоним за да може слободно да зборува за својата работа.

Хируршката поправка или реконструкција на хименот - позната како хименопластика - е легална во Египет, но за повеќето е недостапна, чини до 20.000 египетски фунти, приближно двапати од просечната месечна плата.

За жените во руралните области како што е Горен Египет, каде што ставовите се обично ултра-конзервативни, пристапот до процедурата е уште потежок.

Здравствените услуги се ограничени и малку жени имаат средства да платат за операцијата. Лејла редовно патува во далечните египетски провинции за да изврши хименопластика за околу една третина од вообичаената цена.

„На мојата страница на Фејсбук објавувам дека одам во одредена провинција во одреден ден... Луѓето закажуваат термин, а јас правам операции во нивниот дом“, рече таа.

„Има девојки кои не можат да најдат лекари во Горен Египет, и многу е тешко да се зборува за оваа тема или таму да се подигне свеста, бидејќи тоа е многу конзервативно општество“, изјавила таа за Фондацијата Томсон по телефон.

Во последните девет години, вели таа, извршила околу 1.500 операции, од кои околу една третина ги направила бесплатно за особено ранливите жени.

Египетското Министерство за здравство и Националниот совет за жени, кои немаат податоци за хименопластика или убиства за чест, одбиле да коментираат.

Групите за човекови права велат дека илјадници жени и девојчиња се убиваат секоја година на Блискиот Исток и Јужна Азија од страна на членовите на семејството, лути поради вооченото прекршување на нивната „чест“, според Ројтерс.

АСО: Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, стои во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување .

Бранителот на тронот Денвер по трет пат подобар од ЛА Лејкерс

Кошаркарите на шампионот Денвер поведоа со 3:0 во првото коло од плејофот на Западната конференција во НБА лигата, откако утринава на гостински терен го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 112:105.

Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ повторно беше најзаслуниот за триумфот на популарните Грутки над тимот на Леброн.

Јокиќ за 39 минути на паркетот постигна 24 поени, имаше 15 скока и девет асистенции, што значи дека беше на прагот на уште еден „трипл-дабл“ учинок во плеј-офот. На овој начин Нагетси ја остварија единасеттата победа во низа против тимот од Лос Анџелес, а легендарниот Леброн Џејмс за првпат во кариерата загуби десет последователни натпревари против еден тим. Денвер сега е на чекор до конференциско полуфинале, затоа што води со 3-0 во серијата со „езерџиите“. Покрај Јокиќ, во „Крипто центарот“ расположен беше и Арон Гордон кој постигна 29 поени, додека кај Лејкерси, Ентони Дејвис имаше учинок од 33 поени и 15 скока, а Леброн Џејмс даде четири поени помалку.

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата.

Народот не поддржува политика на понижување на Македонија.

Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ.

7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствувале безбеден, криминалот царуваше по улиците.

Народот не сака да живее повеќе во несигурност.

Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот.

Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот.

Македонија повторно твоја.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер