ЖивотЖена-змеј: Американка ги истетовирала очите, го исекла носот и си направила рогови (ВИДЕО)Тиамат Лиџн Медуза од САД долги години работела во банка, но еден ден во доцните четириесетти решила целосно да го промени својот животен пат.Имено, Тиамат за краток период направила црни тетоважи околу очите, има безброј пирсови, а набрзо следеле модификации на телото, со што Тиамат станала првиот женски змеј на планетата. Оваа жена разговарала со Ентони Падила, на неговиот канал на Јутјуб и му открила дека додека работела во една од најголемите банки во САД, имала речиси 80 пирсови, кои или не биле на видно место или ги симнувала секогаш кога влегувала во канцеларија. Меѓутоа, кога открила дека е ХИВ позитивна, целиот живот ѝ се превртел наопаку. Од извонреден банкар, жена која никогаш не пропуштала ниту еден ден на работа, до некоја која понекогаш не се појавувала три дена во неделата. Тиамат ја напуштила работата и тврди дека за малку ќе умрела откако била лекувана од официјално активирана СИДА, но успеала да стигне до фаза кога вирусот станал невидлив и непренослив. Меѓутоа, ова искуство ја натерало да сфати дека повеќе не сака да умре со човечка форма бидејќи човештвото ѝ донело толку многу негативност во еден дел од нејзиниот живот што сакала да умре како рептил. За жал, нејзиниот пат до личната среќа имал цена во семејството, а нејзиниот син сега одбива да разговара со неа. Тиамат додава дека знае како ја гледаат луѓето кои не ја познаваат и дека подеднакво го оценуваат нејзиниот изглед, автоматски претпоставувајќи дека таа е губитничка, дека никогаш ништо не постигнала во животот или дека е целосно глупава, веројатно дури и не завршила средно училиште. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?Дали шемите на градоначалникот Боби Стефковски ќе ги коштаат граѓаните на Гази Баба и Скопје околу 20 милиони евра од буџетот на Општината и Градот?Денеска, во пресрет на седница на Советот на Општина Гази баба сум на оваа локација за да отворам едно исклучително сериозно прашање и да побарам одговори од надлежните институции во Општината и Градот Скопје. Врз основа на Нацрт-верзијата за Деталниот урбанистички план ЦС09 Блок , кој се однесува на потегот кај East Gate, доаѓаме до фрапантни податоци. Податоци кои отвораат сериозен сомнеж за потенцијална финансиска штета врз буџетот на општината и градот во висина од неверојатни 23 и пол милиони евра. За што всушност станува збор и како е возможно ова? Да одиме по ред. Според овој Нацрт-ДУП, на вкупно четири градежни парцели се предвидува изградба на објекти со намена Б5 – или хотелски комплекси. Станува збор за огромна вкупна површина од близу 141.000 метри квадратни. За да ви ја доловам големината – ако една просечна хотелска соба има околу 40 квадрати, ова значи дека таму се цртаат неверојатни 3000 -3.500 хотелски соби. Тука леѓи главната дилема и сомнеж за корупција: Дали преку оваа намена за хотели, всушност, се подготвува терен за класични станбени згради, со цел да се изигра законот и да се избегне плаќањето на реалните комуналии? • Регуларниот надоместок за уредување на градежно земјиште за овој дел од Скопје изнесува околу 180 евра по метар квадратен. • Ако се градат станови, за оваа површина во буџетот би требало да се слеат околу 25 милиони евра. • Но, бидејќи инвеститорот добива маркица за „хотел“ намена Б5, тој законски плаќа само 5% од овој износ. • Тоа значи дека наместо 25 милиони, ќе се платат само нешто над 1.2 милиони евра. Оттука, прашуваме: Дали со овој ДУП директно му се овозможува на инвеститорот да заштеди 23.500.000 евра, пари кои треба да завршат во буџетот на Гази Баба и Град Скопје, а објектите потоа повторно да ги продава како апартмани за живеење? Дали со ваквиот план му се прави дополнителна услуга на инвеститорот да заштеди пари преку изградба на помал број паркинг места, согласно стандардите за хотели кои бараат помалку паркинзи отколку оние за станбени згради? Дали идните купувачи свесно ќе бидат доведени во правна замка? Дали тие луѓе ќе можат воопшто да извадат лична карта во МВР на таа адреса, со оглед на тоа што објектот ќе се води како хотел? Ова не го зборуваме на памет. Дали ќе се повтори истиот случај како со веќе изградениот објект на соседната градежна парцела каде луѓето веќе се вселени и живеат во станови, но не можат да ги пријават како свое место на живеење во МВР? Почитувани, 23.5 милиони евра се пари на граѓаните. Со тие пари се градат градинки, улици, и училишта. Институциите мора да дадат одговор на овие прашања. Дали и кој ќе сноси одговорност доколку се дозволи вакво оштетување на буџетот? Ви благодарам. Александар Вељановски, советник во општина Гази БабаТагови: Александар Вељановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакам-транс со повик до транспортерите: Да бидеме побројни на протестот Асоцијацијата Макам-транс денеска преку соопштение упати повик до сите превозници, возачи, соработници и вип членки да се приклучат во што е можно поголем број на протестот закажан в понеделник пред делегацијата на ЕУ во СкопјеБараат изнаоѓање на преодно решение за проблемот на професионалните возачи со престојот во Шенген зоната. А простестот како што посочија од асоцијацијата Макам транс, се одржува ден пред состанокот на работната група во Брисел на кој треба да се разговара токму по ова прашање.. Од асоцијацијата порачаа дека целта е да се испрати јасна порака до европските институции дека професионалните возачи мора да добијат соодветно решение за специфичностите на нивната работа и непречено да го остваруваат превозот. „Ве повикуваме да бидеме што побројни. Само обединети можеме да бидеме слушнати,“ стои во повикот на Макам-транс, протести в понеделник од 12 до 14 часот ќе се одржат и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Од министерството за транспорт досега во неколку наврати посочија дека како надлежна институција имаат целосно разбирање за македонските трнаспротери, како и дека се превземаат сите активности за изнаоѓање на решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Ресорниот министер Александар Николоски пред два дена најави склучување на нови договори, посочувајќи дека на тој начин земјава самостојно го решава проблемот. Тагови: Макам-транс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес сончево и топло до 37 степениВремето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, како што соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и темература до 37 степен, а во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29