3ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра се потрошиле за коридорите 8 и 10Д а градбата била заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
БалканЖена од Косово е убиена во стан во близина на Цирих- покрај телото биле затекнати три лица Седумдесет и едногодишна жена од Косово е убиена во градот Букс, во кантонот Цирих, објавија медиумите.Веста ја потврди кантоналната полиција во Цирих, пренесе Телеграф. Според официјалното соопштение, полицискиот оперативен центар добил пријава за лице пронајдено мртво во станбена зграда. Екипите за итни случаи веднаш реагирале на местото на настанот, но можеле само да ја потврдат смртта на жената. Инцидентот предизвика голема загриженост во населбата. Жителите во областа изјавија за медиумите дека забележале зголемено присуство на полицијата во раните утрински часови . „Шокиран сум од она што се случи во нашата мирна населба“, рече еден жител, додавајќи дека семејството на жената од Косово не е добро познато во заедницата и дека починатата жена имала здравствени проблеми. Полицијата соопшти дека тројца осомничени кои биле во станот во времето на инцидентот се уапсени во врска со случајот. Уапсени се жена и двајца мажи, сите швајцарски државјани, на возраст од 27, 48 и 51 година. Мотивот за злосторството, точниот тек на настаните и другите околности остануваат нејасни. Истрагата ја спроведува кантонската полиција во Цирих во соработка со Јавното обвинителство.Тагови: Косово Цирих Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаВрховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапувањеВрховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Врховниот суд соопшти дека ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје во предметот против поранешниот градоначлник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и случајот го врати на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд. Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Кривичен го осуди Јакимовски за две дела – бесправно градење и злоупотреба на службената положба. За бесправната изградба на општинскиот објект судот му изрече казна затвор од една година, а за злоупотреба на службената положба и овластување затворска казна од три години. Тогаш Јакимовски рече дека пресудата е донесена без докази и дека е политички мотивирана. Со најновата одлука, Врховниот суд ги укинува првостепената пресуда од 2025 година и пресудата на Апелацискиот суд од 2026 година и предметот го враќа на повторно постапување пред првостепениот суд.Тагови: Стевчо Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Контролирано судство под Мицкоски ги ослободува виновниците за КочаниГазда Деко и речиси сите обвинети за „Пулс“ се на слобода.Родителите порачаа дека правдата не смее да истече. А што прави власта на Мицкоски? Две и пол години ја контролираат полицијата. Две и пол години ги контролираат обвинителствата. Две и пол години ги контролираат судовите. И каков е резултатот? Виновниците за трагедијата во Кочани, во која загинаа 63 млади животи а 193 беа повредени, излегуваат на слобода. Ова е контролирано судство што ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговор, без правда. Како што Мицкоски рече дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во Пулс има врска со ВМРО, така и сè што ветил и кажал е лага. Човек кој кога ќе прозбори – лаже. Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите во Кочани повторно гледаат како правдата се топи. Го ослободуваат Латас. Го ослободуваат Груевски. Си го враќаат имотот стекнат преку криминал. Ги ослободуваат одговорност телохранителите кои тепаат жени. Ги ослободуваат од одговорност царината и полицијата за 5 тони дрога. Ги ослободуваат градоначалниците… Така изгледа правдата со Мицкоски. СДСМ стои со семејствата на жртвите. Бараме целосна и неселективна одговорност. Бараме правда што нема да истече. Под оваа власт, правдата е заробена. Под оваа власт, виновниците шетаат слободно. Под оваа власт, жртвите остануваат без одговори. До кога? СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра се потрошиле за коридорите 8 и 10Д а градбата била заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИЈО да отвори постапка каде завршиле парите.Државниот завод за ревизија утврдил сериозни отстапувања од планираната динамика во изградбата на Коридорите 8 и 10Д, во должина од 108 километри со проценета вредност од 1,3 милијарди евра. Според ревизорскиот извештај, заклучно со декември 2023 година, само 0,12% од вкупните трошоци се однесувале на градежни работи. Истовремено, ревизорите констатирале сериозни слабости во управувањето со капиталните инвестиции, како и милионски провизии за неповлечени средства кај инфраструктурните проекти. Сдс и Дуи да не моччат и да одговарат. Каде и за што биле трошени средствата? Зошто реализацијата доцнела? Кој бил одговорен за следење на динамиката и контролата на трошењето? Како се управувало со проект вреден над 1,3 милијарди евра, ако до крајот на 2023 година само 0,12% од трошоците биле за градба? И зошто државата плаќала милионски провизии за средства кои не биле повлечени, додека проектите доцнеле? Јавноста заслужува јасни и конкретни одговори. За разлика од катастрофалното владеење на СДС и ДУИ денес разликата е очигледна. Денес јасно може да се направи споредба со реализацијата на инфраструктурните проекти. Денес активно се гради на Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола. На делницата Гостивар–Букојчани, напредокот во 2026 година е речиси 60 проценти, додека градежни активности се одвиваат на околу 14 од вкупно 17,5 километри на делницата Тетово–Гостивар. Сето ова ја покажува посветеноста на Владата на ВМРО ДПМНЕ во реализацијата на капиталните проекти. Денес јасно се гледа разликата во начинот на управување на СДС и ДУИ, и денес се гледа дека кога има институционална посветеност, контрола и следење на реализацијата, инфраструктурните проекти можат да напредуваат. Но денешното засилено темпо на изградба не ја брише одговорноста за начинот на кој проектите биле управувани претходно од СДС и ДУИ. Затоа бараме Јавното обвинителство да постапи по наодите од ревизорскиот извештај на ДЗР. Потребно е да се испитаат договорите, исплатите, провизиите, начинот на управување со средствата и динамиката на реализација, како и да се утврди кој носел одлуки и кој бил одговорен за контролата и управувањето со проектот. Граѓаните имаат право да знаат како се трошеле 1,3 милијарди евра и зошто реализацијата доцнела. За јавните средства мора да има отчетност. За пропустите на СДС и ДУИ мора да има одговорност. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter