Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
БалканКосово забрани хиџаб во училиштата Врховниот суд на Косово ја потврди одлуката за забрана на носење хиџаб во училиштата, сметајќи дека е во согласност со кодексот на облекување утврден од Министерството за образование, наука, технологија и иновации.Судот ја отфрли тужбата поднесена од Мрежата за професионален развој на жените „Арита“ против одлуката, објавува Klix.ba. Судот ја потврди надлежноста на Министерството Организацијата „Арита“ тврдеше дека забраната за носење хиџаб во јавните образовни институции е неоснована и претставува форма на дискриминација. Во нивната тужба се наведува дека бројни девојчиња биле исклучени од училиштата или им било забрането да посетуваат настава во текот на изминатите четири години само затоа што носат шамија. По жалбите од средношколците, „Арита“ поднесе жалба до Врховниот суд барајќи поништување на спорната одлука. Сепак, судот ја отфрли жалбата, тврдејќи дека Министерството за образование има законско овластување да ги утврди правилата на однесување и кодексот на облекување за учениците, во согласност со Законот за предуниверзитетско образование и Законот за стручно образование и обука. Долгогодишна дебата Забраната за носење шамија во училиштата е жешка тема на дебата во Косово, каде што околу 92 проценти од населението се муслимани. Прашањето за прв пат стана предмет на поширока јавна дебата во 2010 година, кога административните упатства на Министерството воведоа забрана за таканаречените „религиозни униформи“, што вклучуваше и носење шамија. Исламската заедница на Косово остро се спротивстави на одлуката во тоа време, велејќи дека шамијата не е „религиозна униформа“, туку дел од религиозната обврска на секоја муслиманка.Тагови: Косово хиџаб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаОпозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министритеДенеска на дневен ред во собранието се пратенички прашања .Парламентот ќе ја одржи 122. пленарна седница. Најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот а на дневен ред се и неколку закони: По скратена постапка се предлага да се носат измени на законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, измени на законот за комуналните дејности, на законот за градење, на законот за превоз во патниот сообраќај, на законот за санитарната и здравствената инспекција и другиТагови: пратеници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаВрховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапувањеВрховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Врховниот суд соопшти дека ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје во предметот против поранешниот градоначлник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и случајот го врати на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд. Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Кривичен го осуди Јакимовски за две дела – бесправно градење и злоупотреба на службената положба. За бесправната изградба на општинскиот објект судот му изрече казна затвор од една година, а за злоупотреба на службената положба и овластување затворска казна од три години. Тогаш Јакимовски рече дека пресудата е донесена без докази и дека е политички мотивирана. Со најновата одлука, Врховниот суд ги укинува првостепената пресуда од 2025 година и пресудата на Апелацискиот суд од 2026 година и предметот го враќа на повторно постапување пред првостепениот суд.Тагови: Стевчо Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Контролирано судство под Мицкоски ги ослободува виновниците за КочаниГазда Деко и речиси сите обвинети за „Пулс“ се на слобода.Родителите порачаа дека правдата не смее да истече. А што прави власта на Мицкоски? Две и пол години ја контролираат полицијата. Две и пол години ги контролираат обвинителствата. Две и пол години ги контролираат судовите. И каков е резултатот? Виновниците за трагедијата во Кочани, во која загинаа 63 млади животи а 193 беа повредени, излегуваат на слобода. Ова е контролирано судство што ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговор, без правда. Како што Мицкоски рече дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во Пулс има врска со ВМРО, така и сè што ветил и кажал е лага. Човек кој кога ќе прозбори – лаже. Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите во Кочани повторно гледаат како правдата се топи. Го ослободуваат Латас. Го ослободуваат Груевски. Си го враќаат имотот стекнат преку криминал. Ги ослободуваат одговорност телохранителите кои тепаат жени. Ги ослободуваат од одговорност царината и полицијата за 5 тони дрога. Ги ослободуваат градоначалниците… Така изгледа правдата со Мицкоски. СДСМ стои со семејствата на жртвите. Бараме целосна и неселективна одговорност. Бараме правда што нема да истече. Под оваа власт, правдата е заробена. Под оваа власт, виновниците шетаат слободно. Под оваа власт, жртвите остануваат без одговори. До кога? СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter