Драма на лет од Белград кон Цирих: Авионот итно слетал во Германија - Канал 5

Драма на лет од Белград кон Цирих: Авионот итно слетал во Германија

Авионот A220 на „Свис интернешнл ерлајнс“, кој денес, понеделник, 7 јули 2025 година, леташе на летот LX1413 од Белград до Цирих, изврши итно слетување на аеродромот Фридрихсхафен во Германија поради технички проблеми.

Драма на лет од Белград кон Цирих: Авионот итно слетал во Германија

Во времето на инцидентот, во авионот имало 115 патници и четири члена на екипажот, објави Телеграф.

Авионот, кој полетал од Белград во 09:49 часот, требало да слета на аеродромот во Цирих во 11:20 часот, но екипажот пријавил итна ситуација и побарал итно слетување до контролата на летање околу 11:00 часот. Според податоците од веб-страницата Flightradar24, авионот бил безбедно пренасочен кон најблискиот соодветен аеродром – Фридрихсхафен (FDH), кој се наоѓа во германската покраина Баден-Виртемберг, на брегот на езерото Констанца.

Во официјалното соопштение од „Свис интернешнл ерлајнс“ се наведува:

„Причината за пренасочувањето беа пораките за грешка што се појавија во пилотската кабина на авионот „Ербас А220-300“, како и мала појава на чад во задниот дел од кабината. Екипажот, во согласност со безбедносните протоколи, одлучи да го пренасочи авионот кон најблискиот достапен аеродром.“

По безбедното слетување, авионот беше евакуиран, а патниците излегоа преку редовните скали. На лице место беа присутни противпожарни и служби за итни случаи, како и полицијата, која извести дека нема повредени.

За дополнителна безбедност и организација на приемот, сообраќајот во близина на аеродромот беше делумно прекинат, а полицијата ги замоли граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот поради големата активност на службите за итни случаи.

„Свис интернешнл ерлајнс“ го испрати својот тим во Фридрихсхафен за понатамошна грижа за патниците и давање поддршка. Исто така, беше објавено дека се организира автобуски превоз за сите патници до нивната крајна дестинација - Цирих.

Причината за дефектите на пилотската кабина и чадот во кабината засега е непозната, а истрагата за инцидентот е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра се потрошиле за коридорите 8 и 10Д а градбата била заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ

ЈО да отвори постапка каде завршиле парите.

ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра се потрошиле за коридорите 8 и 10Д  а градбата била заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни отстапувања од планираната динамика во изградбата на Коридорите 8 и 10Д, во должина од 108 километри со проценета вредност од 1,3 милијарди евра.

Според ревизорскиот извештај, заклучно со декември 2023 година, само 0,12% од вкупните трошоци се однесувале на градежни работи.

Истовремено, ревизорите констатирале сериозни слабости во управувањето со капиталните инвестиции, како и милионски провизии за неповлечени средства кај инфраструктурните проекти.

Сдс и Дуи да не моччат и да одговарат.

Каде и за што биле трошени средствата?

Зошто реализацијата доцнела? Кој бил одговорен за следење на динамиката и контролата на трошењето?

Како се управувало со проект вреден над 1,3 милијарди евра, ако до крајот на 2023 година само 0,12% од трошоците биле за градба?

И зошто државата плаќала милионски провизии за средства кои не биле повлечени, додека проектите доцнеле?

Јавноста заслужува јасни и конкретни одговори.

За разлика од катастрофалното владеење на СДС и ДУИ денес разликата е очигледна.

Денес јасно може да се направи споредба со реализацијата на инфраструктурните проекти.

Денес активно се гради на Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола. На делницата Гостивар–Букојчани, напредокот во 2026 година е речиси 60 проценти, додека градежни активности се одвиваат на околу 14 од вкупно 17,5 километри на делницата Тетово–Гостивар.

Сето ова ја покажува посветеноста на Владата на ВМРО ДПМНЕ во реализацијата на капиталните проекти.

Денес јасно се гледа разликата во начинот на управување на СДС и ДУИ, и денес се гледа дека кога има институционална посветеност, контрола и следење на реализацијата, инфраструктурните проекти можат да напредуваат.

Но денешното засилено темпо на изградба не ја брише одговорноста за начинот на кој проектите биле управувани претходно од СДС и ДУИ.

Затоа бараме Јавното обвинителство да постапи по наодите од ревизорскиот извештај на ДЗР.

Потребно е да се испитаат договорите, исплатите, провизиите, начинот на управување со средствата и динамиката на реализација, како и да се утврди кој носел одлуки и кој бил одговорен за контролата и управувањето со проектот.

Граѓаните имаат право да знаат како се трошеле 1,3 милијарди евра и зошто реализацијата доцнела.

За јавните средства мора да има отчетност. За пропустите на СДС и ДУИ мора да има одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врховен ја укина пресудата на Апелациониот суд за повисоки казни на дел од осудените во случајот „Ласкарци“

Предметот е вратен на повторно постапување и одлучување.

Врховен ја укина пресудата на Апелациониот суд за повисоки казни на дел од осудените во случајот „Ласкарци“

Врховниот суд ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје за автобуската несреќа кај селото Ласкарци кога загинаа 16 патници, а 38 беа повредени, со која на дел од осудените им беа зголемени казните што кривичниот суд им ги одреди со првостепената пресуда.

Предметот е вратен на повторно постапување и одлучување. Во февруари 2019 година. Автобус на компанијата „Дурмо Турс“ излета од автопатот во близина на селото Ласкарци возејќи на редовна линија од Скопје кон Гостивар. Во соопштението од Врховниот суд, советот за казниви дела на вчерашната седница одлучувал по овој предмет и донел пресуда со која се уважуваат барањата поднесени од страна на осудените преку нивните бранители. „Пресудата на Апелациониот суд Скопје од 17 април 2025 година се укинува и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување“,се вели во соопштението од Врховниот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт?

​Дали ја гледате логиката или живееме во некој надреален, паралелен свет? 

ЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт?

Во истите овие денови, поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, се соочува со судови и притвор за потрошени 8,3 милиони евра дивиденда, додека новата Влада гордо организира прес-конференција за да се пофали како потрошила 5,5 милиони евра од истата таа дивиденда! Како е можно ова да се случува симултано? Дали за оваа Влада ова е воопшто нормално и до кога мислат да ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните?

Дали можеби Перпарим се врати во државата за лично да им даде рецепт како да ги дособерат и преостанатите 3 милиони евра? Па потоа по веќе воиграното сценарио: да се повлечат една-две години во странство, договорено да си се вратат дома, да си организираат избори и да се надеваат дека народот ќе го заборави целото ова лудило како уште една безуспешна приказна?

За нивна несреќа, не живееме во камено доба. Живееме во дигитално време каде што сѐ се зачувува, сѐ се следи и сѐ останува трајно забележано. Европската Унија многу внимателно ги гледа овие институционални гимнастики и сѐ ќе биде прецизно нотирано во претстојните извештаи за владеење на правото и корупција. А на оваа Влада, за да ги сними, зачува и обработи сите небулозни оправдувања, пропаганди и лудории што ги прави на дневна основа, нема да ѝ биде доволен само еден, туку ќе ѝ требаат барем уште пет нови државни дата-центри за да ги соберат сите гафови и манипулации што ѝ ги сервира на јавноста!

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер