3ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори случај за молкот на Филипче за загадената вода во Гостивар додека беше министер
Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
1Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
Шоу бизЖељко Самарџиќ замина во пензија Српскиот пејач Жељко Самарџиќ по долго време се враќа на публиката во Белград која со нетрпение го очекува.Бидејќи корона вирусот не запира, општо е познато дека музичката индустрија може да биде најпогодена од оваа пандемија. На прашањето како се бори, Самарџиќ вели: - Размислував за периодот кога годините ќе ми дозволуваат да пеам се помалку и помалку, тоа време се совпадна со пандемијата. Јас сум пензионер од октомври, имам пензија која ми е доволна. Јас и мојата сопруга Маја немаме некои посебни желби. Живееме скромен живот, но достоен за сите кои живеат пристојно, што би сакал да им го посакам на сите. - истакна пејачот. Корона вирусот не го заобиколи ниту неговото семејство. - Се разболеа внуците, па ќерките и зетовите. Тие беа 14 дена во карантин и фала богу поминаа без посериозни проблеми. Маја и јас внимаваме малку повеќе и ни е добро. Правиме како што мораме. Голема тага е за оние кои засекогаш не напуштија - вели пејачот кој со години се бори со болест на тироидната жлезда. - Сега сум добро, долго време го имам овој проблем со тироидната жлезда. Редовно пијам терапија и затоа се` е под контрола. Се трудам да живеам здрав живот, да бидам што повеќе на чист воздух, за да не ми го отежнува секојдневието. Генерално се прилагодувам и на возраста и на времето во кое живееме. За жал, короната не ми оди во прилог - вели Жељко, кој деновиве има причина за славење бидејќи се ближи моментот кога ќе добие четврто внуче. -Секогаш се надевав дека ќе дочекам најмладата, трета ќерка Миња, да ми даде внук. Пресреќен сум што ова, дај Боже, ќе се случи на почетокот на февруари. Таа носи девојче, па јас ќе имам две внуки и двајца внуци, поубаво нема. На концертот ќе гостува и Миња, која ќе пее придружни вокали. Кога ја прашав дали и пречи стомакот кој веќе многу порасна, ми рече дека не ѝ пречи и дека е задоволство да се биде дел од тоа.-искрен е Жељко. Пејачот откри и зошто ги нема неговите автентични мустаќи. - Супер беа, но ми направија неколку инфекции на лицето, па морав да направам мала пауза од нив. Дури кога ги избричив, сфатив колку години ги имам – низ смеа рече и продолжи: - Никогаш не се знае, можеби ќе ги вратам, а можеби ќе направиме нов имиџ за некој од следните албуми - истакнува пејачот за српски Курир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштедиГрад Скопје воведува систем на целосна контрола и мониторинг на службените возила со цел намалување на непотребните трошоци, спречување злоупотреби и поефикасно управување со јавните средства.Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар. Системот овозможува во реално време да се следи локацијата на возилата, нивната маршрута и брзина, времето поминато во движење, како и потрошувачката на гориво. Дополнително, со специјални сонди се следи и нивото на горивото, со што се овозможува навремено откривање на нелогични трошоци и подобра контрола врз користењето на службените возила. „Секое возило, секој километар и секој литар гориво мора да има оправдување. Градскиот буџет е сопственост на граѓаните и со него мора да се управува домаќински, одговорно и транспарентно“, порачаа од Град Скопје. Домаќинското управување веќе дава конкретни резултати. ЈСП Скопје во првите шест месеци бележи заштеда од околу половина милион евра за гориво, со дополнително вклучени 50 возила, во споредба со првите шест месеци од истиот период минатата година. Град Скопје посочува дека ова е само еден дел од мерките насочени кон рационално користење на јавните средства. Вооедно, градоначалникот користи сопствено возило и горивото го плаќа од сопствени средства, додека службеното возило кое во минатото го користеле градоначалниците е ставено на располагање за потребите на Град Скопје. Секој денар што ќе се заштеди од непотребно трошење да биде насочен кон подобрување на услугите и условите за живот на скопјани: улици, паркови, јавен превоз, училишта, култура и други приоритети. Град Скопје продолжува со воведување ред, контрола и домаќинско работење, со јасен принцип дека јавните средства мора да се користат исклучиво во интерес на граѓаните. Град Скопје Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Девојка на светска фудбалска ѕвезда во проѕирно од главата до петицитеАтрактивната Ешлин Кастро објави провокативни фотографии во фустан од тантела и доби многубројни комплименти за својот изглед.Девојката на ѕвездата на Реал Мадрид и Англија, Џуд Белингем, манекенката и инфлуенсерка Ешлин Кастро – со која тој е во врска две години – позираше во провокативно издание на последната фотографија објавена на Инстаграм и предизвика бројни реакции, главно позитивни. „Во последно време – само тантела“, напиша атрактивната Американка, која на фотографијата носи црн фустан од тантела, целосно проѕирен, што ги истакнува нејзините атрибути – особено во неколкуте пози во кои таа се покажа вешто и заводливо. Фустанот имаше тенки прерамки, а таа го надополни изгледот со впечатлив накит и фризура со крената коса во пунџа; набрзо потоа, објавата беше преплавена со коментари за нејзиниот изглед. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
ФудбалОдлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреваротНа сите други стадиони во шпанската фудбалска Ла Лига, на судиите ќе им биде дозволено да водат кратки разговори со новинарите.„Сантијаго Бернабеу“ ќе биде единствениот стадион во Ла Лига каде што судиите нема да можат да даваат изјави пред и по натпреварите оваа сезона, пренесува „Спорт“ (SPORT). Причина за ова се ограничувањата што Реал Мадрид ги наметна во врска со телевизиските преноси, а кои не се во согласност со новиот протокол за транспарентност на Судиската комисија. На сите други стадиони во Ла Лига, на судиите ќе им биде дозволено да даваат кратки телевизиски интервјуа пред и по натпреварите. Техничкиот комитет на судиите во Шпанија потврди историски промени за сезоната 2026/2027. Новото правило предвидува судиите јавно да ги образложуваат своите одлуки донесени на теренот пред телевизиските камери, а се планира и јавно објавување на аудиоснимките од разговорите во ВАР-собата. Целта на оваа иницијатива е да се зголемат довербата и транспарентноста по низата контроверзии во изминатите години. Сепак, Реал Мадрид – чиј клупски телевизиски канал постојано упатува остри критики кон судиите – практично ја блокираше примената на овој модел на својот стадион. Оваа одлука несомнено дополнително ќе ја вжешти и онака напнатата атмосфера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook